Го има некој ова сретнато низ Скопје? Пудра е, но се користи како хајлајтер. Читам одлични рецензии плус добра цена, само не знам кај нас дали ја има...
да ја имам гледано во еликсир така да ако ја нема моментално ке ја добијат ...провери во тој во веро што е пошо таму ми се некако поснабдени од овој сто е во гтц,или евентуално ако го нема таму гарант го има во тој што е спроти вардар осигурување пошо таму нема толку промет како во предходните две и голема е веројатноста да најдеш што ти треба
Зедов тестерче од таа новата на Боржуа 123,ама некако не е толку покривна нзм ми рекоа дека е за сува кожа а ми излегоа лупешки и не ми покри се , а барав баш да е покривна ... Ств незнам сеа каква да земам ај предлози
станува збор за пудра со голема покривност. Тешка пудра што би ја препорачала за зимно време, иде лето нешо посвежо барај си. Јас ја користам пудрата на деби и сум задоволна, но сепак зависи од кожата поз
јас би ти ја предложила ова од буржоата, има покривоност и не се лупи тоа гарантирам, а цените горе долу се исти ако не се лажам.
ОФ not this again, уште се произведува чудово. Со ова експериментирав в прва-втора година, имаше некој во темева напишано паштета на леб, е ва е баш така како паштета да мачкаш. Густо, тешко, мене ми го перруташе лицето и ми по полнеше со бубуљици. Таа пак камената, некоја нијанса порткалова, како вонземјанец бев. Полошо нешто не сум користела. И лоша е за нанесување, освен со четка. Покрш АМИН!
Јас денеска бев во Јуник во потрага по совршената пудра, до сега користев некоја на рандом избрана од Америка - Cover girl, и денеска се двоумев помеѓу Maybelline Affinitone - ама неможам да си ја погодам нијансата, Honey beige и Vanilla Rose, и Ревлон. Која е подобра ? Инаку имам така измеѓу нормална-сува кожа, и не ставам пудра многу често. Се двоумам, ама утре одам и земам една, мислам дека цената ќе биде пресудна
Денес си ја купив Импала бр 5 , не е многу темна, таман ми е на лицето, не експериментирам со други, оваа многу ми е покривна Од Мисс спорти не сум ич задоволна, не е воопшто покривна, за џабе лупнав 140 денари
Неможам да се одлучам помеѓу Ревлонот и Мејбалајн 24 афф. Имам сува кожа, со нормална накај мрсна т-зона, и најважно ми е да е солидна покривноста и да не ми предизвикува лишаи. Ве ги читам континуирано искуствата и неможам да се решам, велите Ревлонот е потешка за престојниот период, а други пак пишале дека Мејбалајнот е како маска, се познава, и незнам... Ми се бендиса искуството на Мишела со Боржуа во однос на покривност, лесна пудра и одлична за подочњаци(бидејки имам ) ама не ја препорачува за сува кожа и пак останав во круг. Инаку ја користев и уште не ми е дотрошена Менхетенот црната, ама ја утнав, тапа џонсон е, и сега барам нова попокривна, не толку тешка, да не се оцртува како маска и да не ја суши кожата. Ако има некој за предлог, фала му.
и јас го имам истиот проблем, имам сува кожа и ја барам соодветната пудра, се мислев и јас мегу ревлонот ама читам дека е многу тешка, сега се двоумам мегу лореал и мејбилајн..идеја некоја плус ако имате би ми било од многу корист..фала виии девојки
Јас ја користам Боржуа хеалити мих мојата кожа е сува ако ти треба екстра покривање не ти ја препорачувам (јас ја користам колку за изедначување на тенот) сега ја купив и камената хеалити баланс и во комбинација заедно се супер на лицето не се познава како некои пудри воопшто нее тешка али пак би ти препорачала на лице место да си ја пробаш во парфимерија или ако можеш да земеш тестерче уште поубаво ке си ја тестираш,а за Мејбалајн јас ја имав и уште имам од неа е таа дреам сатин ( во стаклено шишенце) исто и таа нее тешка пудра нее како паштета на лицето солидно прекрива се надевам дека ти помогнав малку
Јас би ти кажала Мејбилајн ама да не фрлаш безвезе пари во случај да не ти се допаѓа најубаво земи си тестер од двете пудри и види која повеќе ќе ти одговара