Пудрата на Estee Lauder - Double Wear. Моето најново откритие. Совршено покрива ( иако имам проблематична кожа), не избивам акни од неа, не изгледа неприродно и стои на кожата колку време сакаш
Денес си ја земав оваа од Шатци, на попуст беше 640 денари. Истава нијанса, лесна и покривна, баш тоа што ми треба за овој период. И стик пудрава од Макс Фактор: Совршена за криење подочници и црвенила околу носот и брадата.
Сакам да ја земам Rimmel Lasting Finish 25 hour но читам различни коментари, некој пишал дека е за сува кожа, некој за мрсна, некој за сите типови. За каква е? Инаку имам сува кожа , ептен, ако не ставам крема лицево го осеќам стегнато, не можам да го мрднам Ако имате некоја друга за препорачување кажувајте
^ Mислам дека ќе ти биде тешка, а и малку е паштетеста според мене. За сува кожа искрено, не сум баш нај нај со пудрите, ама мислам дека солидна е Velvet или како беше таа на Seventeen, со пумпичка - јас имам мрсна кожа, па мене не ми одговараше. Ваљда би била подобра за некоја со посува кожа. Ете Роси и остала компанија кои имаат сува кожа ги пофалија пудрите на Maybelline, па можеш да си пробаш нивна пудра. Е сега, јас ја користам истата како и Saya - прелесна, а доста покривна пудра е. Буквално се топи на лице и не мрда цел ден. Ете во саботата ми издржа и повеќе од 14 часа, значи ја ставив во 4 сабајле, патував и си терав цел ден без проблем, а веќе вечерта да речеме 7-8h беше минимално избришана на критичните зони. И ќе напоменам дека немав ставено камена, што е еден огромен плус за моево шупаво лице. Е тука пак е малце проблематично, не знам колку е истава погодна за сува кожа, бидејќи и самата пудра на допир мене лично ми е некако чудна, ко сувкаста, а е доста хидратантна. Не знам стварно, тестер му е мајката.
девојки ајде ве молам препорачајте добра покривна и лесна пудра за овој период?? имам сува кожа и осетлива фалааааа
Девојки ајде и мене помош. Си имам така црвени обравчиња, без разлика која пудра да ја користам не бре брате, ништо не покрива. Доволно е да сменам просторија ( на пр. од внатре да излезам надвор ), или да стане малце жешко, па јас цела да се направам вака . Глупаво е што не можам да ставам руменило, бидејќи ќе сум како кловн во гореспоменатите ситуации, а кога не сум црвена сум бледа.... И така, дајте некоја добра пудра во пакет со некој коректор, ама да не се премногу тешки за периодов. Инаку заборавив да кажам, имам нормална кожа.
Да во космо, ја има ја имаше и на промоција пред некое време со кармин заедно за 700. Инаку толку е смао пудрата 600-700 денари. Една од најлесните пудри е ако ја погодиш правата нијанса ептен ќе изгледаш природно, без да светиш или да бидеш како кукла со тон пудра. Ама пази нијансите се малку чудни. Прелесна е, ако делува мрсна и специфична на допир, супер е за мрсна кожа не ми вади мрсотии го други пудри. Само не покрива ич, ама јас немам скоро ич проблеми со кожата. За преку ден е супер.
За пудра не сум сигурна, но зелен коректор за неутрализирање на црвенилото ќе ти помогне. Братучедка ми има румени обравчиња, па само тоа и помага
Не ми ни беше во план да купувам пудра со оглед на тоа како стојам со финансиите, но случајно разгледувајќи низ Космо, ја забележав пудрата намалена на 322 денари, и грев беше да не ја земам нели? А инаку, појма немам за каква кожа е, мислам дека не ни пишува на амбалажата, ама дај шта даш, се надевам дека ќе ми биде добра, ај некој ако ја користел нека пише за каква кожа е, пробав тестер таму, добра ми се виде..
Девојки ајде помош малку..... за која пудра да се одлучам. Bourjois Flower Perfection или пудрата на Rimmel ( Lasting finish 25 hours) ??? Ми треба пудра која стварно добро покрива, не сакам да се шлакам со плус камена сега на овие жештини па затоа сакам некоја која добро ќе покрие без камена а ќе даде и мат ефект.
Јас ти ја препорачувам Bourjois Flower Perfection. Ја имам користено и многу сум задоволна. Инаку моментално користам течна пудра на GOSH со мат ефект
Најлошата пудра што сум ја пробала во мојот живот. Не би ја нарекла пудра, затоа што нема никаква покривност, многу е масна, како крема е, нема ни П од ПУДРА! Од мене едно големо НЕ!!
Основа за пудра? Не ја сакам таа од Oriflame, ја гледав денес таа од Gosh, ја има некој користено, добра е? Само овие две ги имам сретнато, постојат некои други? Благодарам
Ја купив пудрава пре едно месец дена, со скептицизам и сомничава за ефектот и трајноста, пошто безброј пати сум давала пари за пудра која после саат време на мене стои како павловичева( )АМА не да се прерадував туку ми иде да се самозаљубам во мекоста и здравиот изглед без мрсен сјај кој го дава Од мене чиста десетка И што е најбитно, после цели 20 часа поминати на свадба, ко си дојдов дома, не ми беше напикана низ порите на носот и по брчките, туку исто како крем да имам ставено, таман Е за триста денари богами вреди
Основата/подлогата за шминка на Gosh е супер за парите, богами. Јас ја купив пред одредено време, не знам може има година дена и ми остана уште многу малце бидејќи шлапав секојдневно, ма се заљубив во неа, а уствари не знам може има и некоја подобра, ама само неа ја имам користено до сега. Инаку, го мазни лицето во пакет со бубулички, покрупни акни ако имаш и кога ставаш пудра мазно е, не се познаваат неправилностите на самото лице.