Девојки дали ги користи некој пудрите на ГОШ? Ме интересира да ми предложите некоја од нив,што дава солидна покривност, ми треба за преку ден?
јас баш ја земав од Авон Ideal Flawless нијансата е Ivory. Задоволна сум ептен бидејќи лесно се размачкува и стои долго време, кога ќе ја тргнам кожата е неверојатно мазна. Ја користев порано пудрата од Seventeen. И од неа бев задоволна, ама сакав да сменам.
После долги години користење на Мејбилајн Афинитоне решив да направам промена. Афинитон ми одговараше најмногу ради нијансата што со време си ја одбрав, и неможев никако да најдам таква нијанса кај други пудри. Иначе имам комбинирана кожа, мрсна на Т-зоната, и иако оваа пудра е за сува кожа мене баш добро ми пријаше. Лесна е и лесно се размачкува, а и не обожавам лицето да не може да ми дише од пудра, ниту да изгледам ко крем сир да сум мачкала на себе, па така да одлична ми беше. Сега решив да ја пробам на Менхетен црната пудра, што е за мрсна кожа, мислев дека може да го намали сјајот на лицето, пошто е мат. Добро се размачкува на претходно намачкано лице со крема, јас прибидејќи не ставам големи количини, за покривноста неможам да коментирам, малку пудра малку покрива (да ставев повеќе можеби повеќе би покривала). За сјајот, сега за сега е во ред, којзнае како ќе биде до крајот на денот , ама нијансава бре а најсветла беше.... Сега за сега ќе ја тераме. Ако некој се мисли да ја купи, ќе му пишам вечер дали држи цел ден
Jaс ја имам користено оваа https://s3.amazonaws.com/luuux-original ... /goshf.jpg ама така поодамна, убава беше , за сува кожа, покриваше многу а лицето не делуваше како да има пудра на него Само јас си ја утнав нијансата, земав многу светла Тогаш ја земав накај 600 денари сега колку е не знам .
Еднаш имам купено и се зезнав.Како што ја разбрав девојката од Космо-бидејќи барав покривна,ми рече дека порано Гош што ги прозиведувале биле попокривни а сега се скроз изменети.Зедов една ,со пумпица чинам беше,ај што ја утнав скроз нијансата-скроз различна ми искочи дома на лице и на тестерот што го пробав таму на рака ,бев црвена како ракче,така некој црвенишкав сјај даваше ,меѓутоа нешто и не беше во ред пудрата-иако беше со рок,ми се јави црвенило по лицето,почна да ме чеша и веднаш отидов до Космото,каде им кажав и ми сменија за друга-избрав Дебора се сеќавам. Ете од мое искуство не ти ја препорачувам Јас на времето почнав со Јанг Дерм,најмногу се задржав на Севентин,па едно време со Авон, Менхетен,дебора и Ревлон.Од сите пудри сум задоволна. Единствена утка ми беше таа на Гош како и Лореал и Макс Фактор-не дека се лоши,едноставно не ми даваат покривност како што сакам
Pимел-гош-севнтин Kоја според вас е најдобра, од која марка да земам зашто јас си имам проблем, не можам да користам тестер таму, не можам да ја приметам разликата на дневна светлина . само дома во вц кога ќе ставам пудра, тогаш можам да видам дали е добра или не. и уште едно прашање дали се уште постои на севнтин пудрата во стаклено шише со лажичка?
Само што се регистрирав на форумов само заради оваа тема Би ве замолила да ми препорачате некоја пудра што е со целосна покривност, не ми е толку важно дали е тешка или лесна само убаво да покрива иначе имам комбинирана кожа,но повеќе накај сува , мрсна ми е само околу носот и на брадата и да не е премногу скапа ви благодараам чекам одговор
хаха и јас се регистрирав за истото . Значи сакав да ве прашам за пудрата seventeen time plus каква е пошто планирам да ја купам . Инаку лицето ми е чисто и немам бубалиции , може 2 3 најмногу Па сега чекам одговор од вас . Фала
Јас ја користам , пудрата е супер, имам комбинирана према сува кожа , а мислам дека за сите типови кожа е , само немој нијанса 1 да купиш МНОГУУУ Е СВЕТЛА ја утвав јас еднашка,,,,,сеа N 2 користам и супер е
Епа супер , а каква е на лицето покрива , дава природен изглед или што ? И дали е доволно само течна пудра без камена ?
Исто и јас ја користам Seventeen пудрата и сум прееезадоволна,можеш да ја користиш и без камена,и дава природен изглед
Дај бидете фер и дајте ми совет, која е подобра според вас? 1. или 2.max factor loose powder- оваа ако воопшто ја има кај нас по продавнициве 3.На Aura пударата во прав 4. Или да се истрошам ептен со ардеко, Која според вас е најдобра пудра во прав, ми треба за апсолвенска, сама ќе се шминкам не планирам да давам 1500 за неколку саати само, и само пудра во прав ми фали менехетенот ми е ептен при крај.
Jас ја користам на макс фактор натурал минералс и презадоволна сум. Nеможам да кажам во споредба со другите дали е подобра но ако се одлучиш за неа во секој случај нема да згрешиш. Сепак зависи и од кожата
Аурата ја немам користено и не знам каква е, а имам артдеко и максфактор токму тие што си ги постирала. Артдекото е минерална и можеш да ја мешаш со крем за да добиеш крем пудра или за добро покривање подочници, е максфакторот не е но сепак е добра. Ако ти се даваат пари земи си ја артдекото пошто има повеке намени и повеке ке ти користи, ако ти е само за пудра во прав можеш и максфакторот и таа е добра се надевам помогнав pease out
фала ви на препораките, најмногу ми треба да ми ја фиксира пудрата и да не светам како лапион, за апсолвенстка, значи да излазим добро на камеру Ќе земам една од тие двете, ама излега ардекото, секако пудра во прав купувам еднаш во 2 години
Ја користел некој пудрата на Римел ? сега е намалена во космо, ме интересира дали е покривна и трајна ?