пошто никад нема да престанам да испробувам иако бев задоволна со старата пудра ја земав оваа на деборах и катастрофа е нема благе везе....како подлога е нисто не покрива
Bourjois 123 Perfect со 24 часовна хидратација. Одлична е, моментално ја користам Јас имам користено Gosh, и задоволна сум, супер се за преку ден, лесна подлога како да немаш ставено пудра, а башка и покрива
Не користам речиси никогаш пудра но имам неколку дома. Течна имам од Лореал една, а една од Авон, и уште една камена пудра од Авон. Пред некое време купив и една обична од парфимерија и на ништо не личи. Кога ќе ставиш на лицето како глина е
Моментално ја имам оваа и задоволна сум. Покривна е и лицето ми е со изедначен тен. Ја зедов од Космо за околу 700 денари. Инаку омилена ми е
Jас пред еден месец ја земав Pевлонот колорстеј,и презадоволна сум,многу е покривна и стои на лице,едвај да ја извадиш е,ни со влажни марамици ни ништо Kе продолжам да ја користам иако нема пумпица и ме нервира
излегов со надеж дека ке ја купам ревлон,ама поради мојот светол тен дури и најсветлата ми беше темна. па затоа се вратив на max factor lasting preformance. ја користев претходните 5 месеци,задоволна сум,имам мрсна кожа склона кон мозолчиња и само малку камена пудра на т-зоната и цел ден стои на лицето.убава покривност и прилично природен изглед. ја имам нанесувано и со четка и со прсти и со сунгерче и со која било техника убав изглед се добива.
Девојки препорачајте ми некоја лесна и убава пудра за летово. Моментално ја користам на лореал ама некако ми е тешка. Бидејќи не сум при пари нека биде до 400-500 ден.
Можеш да ги пробаш мајбелин тие се доста лесни пудри мислам дека цената им е до 520 јас ја имам дреам сатин и мислам дека е за сите типови,афинитон минерал исто лесна пудра,и обичната афинитон таа е за комбинирана кожа
Многу сум задоволна од пудрата на Bourjois 123 perfect лесна пудра доволно хидратантна овозможува прилично голема покривност,за нормална и комбинирана кожа е одлична.
Девојки дајте некој предлог за пудра. Значи имам некое си суво лице(некое си ради тоа што не ми е толку многу суво). Сакам лесна пудра која што ќе покрива и ќе трае . Комплицирано а . Ве молам просветлете ме.
Ја нема кај нас 100%. Или да ти ја пратат или да ја порачаш, иначе цената на пудрата само е околу 40 долари мислам
Ми треба мал совет, затоа што не сум нешто многу искусна со пудриве. Со години ја користам Севентин, ама нешто во последно време е доста расипана и не ми се бендисува. Е сега, се мислам да си земам Гош, една другарка ја има многу е задоволна, или Мејбелајн (исто многу ми ја испофалија). Имам сувичка до нормална кожа. Прашањето ми е- што да одберам ?
Мејбелајн ти се доста лесни пудри немаат многу големо покритие за сува кожа се добри минералната и дреам сатин на лицето не се осека дека имаш нанесено пудра е сега гош јас немам пробано но јас би те советувала на лице место да си ги пробаш и двете на лицето така ке знаеш што подобро ке ти одговара или ако имаш некој близок што користи некој од овие да ги тестираш пред да купиш било која така ке знаеш подобро која ке ти одговара ( и нема да фрлиш пари за ѓабе) позз
Не, кај нас ја нема, и којзнае дали ќе ја има,огин и пламен се цените... За сува кожа знам дека најубава и нејлесна пудра е Мејбелин. Гош е потешка и доста се понава на лице, не е секојдневна пудра
Моментално ја користам RIMEL пудрата и да ви кажам дека е одлична... Од Manhatten ми се направија лишаи ... Значи одвратно... после една недела користење на оваа пудра немам ништо и повторно е се во ред... Би ја препорачала на сите со многу сува кожа, како мојата...