Најдобро е мејбилајн или аффинитоне или дрим сатен ама вторава мене повеќе ми се свиѓа,имам и јас сувичка кожа морам да ставам по кило крема секој ден иначе ми се лупи дури од шо ми е сува,од други пудри ми се суши уште толку ама од овие не,мн се убави.Менхетен исто има за сува кожа ама таа е слабо покривна,другата во црна опаковка е мн покривна ама не е никако за сува кожа
леле не! јас ни едната ни другата не би ти ја препорачала....абе земи си на буржоа било која пробај си.....и верувај дека никогаш нема да ја смениш
Бидејќи моментално ја користан пудрата севентин велвет, ме интересира дали севентин тајм плус е со слична структура или е полесна и помалку покривна?
По колку пари се пудрите на буржоа ?? Јас користам на лореал ама сакам да пробам и на буржоа пудра зошто гледам многу ја фалат.
Хипстерке, ај изјасни се по колку пари се пудриве? И јас барам сега некоја во прав, ама не ми се даваат многу пари. Имав ја досега на Аура и океј е, ама сакам да сменам.
јас имам од орифлеим Oxygen Boost, добра е... но неможам никако да најдам добра камена пудра... дали можете да ми предложите некоја добра камена пудра или во прав за нормална/комбинирана кожа?
Може ли да ми препорачате пудра добро покривна и за во лето како мат да не свети многу досега користев севентин тајм ама многу почна мрсно да ми го прави лицето и да биде до 300 - 400 ден?
Здраво, немам време да ги разлистувам страниците наназат па сакам да ве прасам дали некој ја користел ИМПАЛА пудрата, колку чини и дали сте задоболни од тоа како покрива. Инаку имам мрсна кожа.
Моментално ја користам Класикс Перфект Финиш и сум многу задоволна. Ја купив од продавницата на Голден Роуз на Рекорд, за 190 или 210 денари (не се сеќавам баш). Јас имам нормална кожа и супер ми ја упива. Не е сјајна пудра, туку дава мат ефект. Вака изгледа
Течната мислам дека е 810 или 860...а за камената не знам... 100че јас не сум задоволна....што знам дај си 300 ден плусс и купи си на севнтин тајм...
ФБИ што нијанси има од оваа пудра? Мене ми треба некоја полесна, за преку ден. Имам нормална кожа, па ако има погодна нијанса да ја пробам.
Има некои си 5-6 нијанси. Јас ја имам 108 (најтемната) а некако убаво ми се прилагодува на лицето кое ми е едно две нијанси посветло од неа. Во секој случај, отиди си во Голден Роуз, продавачките се фини и услужливи- ќе ти ги дадат сите можни тестери и сигурно ќе избереш нешто Мене ми е стварно погодена пудрава, а и цената и е топ
^^ Мене ми е покривна пудрава и таман ми слегнува на лицето. Ама, сепак тоа си е до типот на кожата. Јас имам релативно чисто лице и во суштина, немам голема потреба од пудра. Пудра ставам, поради изедначување на тенот. Сепак, доколку имаш нафрлано лице, сигурно ќе ти треба потешка пудра