А да си ја пробаш новата на Bourjois? Штом ја имаш користено Дитоксот, би требало и оваа да ти одговара. Има многу убава текстура, сосема малку е потечна од Дитоксот, ама доста попокривна и потрајна. Дури и полесно се размачкува од неа, дава мат финиш и некако е прашкаста, ќе приметиш кога ќе ја нанесуваш. И јас имам проблематично мрсно до кај комбинирано лице, еве ја користам месец дена и одлична ми е. *Јас ја користам истава нијанса.
Чим ја фалите пудрава се мислам да ја купам но да ве прашам има ли посветли нијански од оваа пудра на буржоа? Мислам посветли од оваа нијанса 52 ванила. Имам камена од буржоа со оваа нијанса ама ми е еден до два тена потемна што е супер дека ми го покрива бледилото, а и кога ќе се измеша со течната ми е таман. Ама сепак течната пудра мора да е иста нијанса со кожата ни посветла ни потемна.
Има и light vanilla, 51 мислам дека беше, а за нијанса 50ка не сум баш најсигурна, ма да мислам дека би требало да има.
^^ Не е многу покривна пудрата, првенствено е наменета за тинејџерки (за млада кожа) ,затоа е и полесна. Не ти ја препорачувам ако имаш проблематично лице нафрлано со акнички и црвенила, не ги покрива доволно без коректор и камена пудра како надополнување. Ако ти е како за секојдневна пудра и не ти е баш гајле за покривноста, земи си ја, не е воопшто тешка.
Моментално имам една пудра од Орифлејм и многу ми се допаѓа.А и доста покривна е. Студио Артист. Сега за сега добра е,па ќе видиме понатака ~ Не користам многу пудра за лице,ама нареден пат сакам да пробам некоја на Bourjois.
Јас пред некој ден си земав од голден роуз некоја нова пудра со пумпица. Малку посветла нијанса сум зела, ама ми се допаѓа како ми се слева со тенот. И камена земав овој пат од нив и задоволна сум. Еве ги.
Спојлер Би требало да ја има и кај нас и таа нијанса 51 http://www.bourjois.co.uk//catalog/...undation/1_2_3_perfect_foundation/node_240470
Денес после долготрајно размислување, за да не згрешам пак како што си имам јас навика со пудриве ј земам оваа: И не згрешив дефинитивно, одлично покрива, не е тешка (не чувствувам дека имам пудра на лицето!) о ефтина е, во Космо 332 денари. Тоа е првиот впечаток за пудрава.
Девојки имам едно прашање за вас. Која пудра худи поголема покривност?? SEVENTEEN TIME PLUS или RIMEL LASTING FINISH?? P.S. нуди мислев пардон
Мислам дека Севентин не е за во летно време барем не за оние со мрсна кожа јас ја користев долго време и затоа решив да сменам па зедов од Римелот, добри се и двете и за покривност мислам се слични само разликата е што едната е за сува а другата за помасна кожа
еве веќе две години ја користам deline и супер ми е. ми покрива тие некои флекички што ги имам на лицето а и цената е прифатлива. ја имам користено и time plus од seventeen, и таа ми вршеше добра работа.
дали некој ја користел пудрава и каква е, добро ли е ? http://www.makeup4all.com/wp-content/up ... Powder.jpg
Дали можеби сте ја пробале новата пудра на макс фактор, баш ја здогледав во месечникот Grazija, и малку испитував на нет и имаше задоволни корисници... па затоа го сакам и вашето мислење и секако дали знаете која цена е кај нас? поздав
560 мислам е во космо. Убедливо налесна пудра од сите од максфактор. Не е нештo WOW за тие пари да ти кажам, потечна е од останатите. Покрива океј, само течна дека е, доста брзо и се брише, за 3-4 саати макимум како да немаш пудра. Ако немаш непроблематично лице по океј ќе ти биде, не ја препорачувам за проблематично лице. Со добра подлога можеби и подoлго стои. Ама затоа нијансата е етепен погодена, барем макс фактор секогаш имале добар избор на нијанси за посветла кожа, ептен убаво се проспосби за мојов тен, ептен малку потемна, не сум бледа ни сум етен портокалова. За тоа најголем :up:
Јас до пред неколку дена ја користев оваа и искрено повеќе очекував од макс фактор.Пудрава не покрива којзнае колку и прееемногу ми ја сушеше кожата па како некои корупки ми се правеа околу носот.Ама се тоа зависи од кожата,мене воопшто не ми одговараше.А цената и беше околу 500 и нешто денари,незнам точно