Претходно имам пишано дека долго време користам на Deborah Color Copy, пре пре презадоволна сум! Пред месец дена се подновив и со камена, да не светнувам на горештиниве, ја земав оваа на Bourjois и исто сум задоволна. Одлична комбинација сум направила.
Последна пудра која ја земав е Rimmel London Lasting Finish 25 Hour Foundation Позитивни страни: 1. Пристапна цена, 310 денари за 30 мл. Лесно се нанесува. 2. Без несакан мрсен сјај. Додека се нанесува имате чувство дека лицето ви светка како лампион, но откако убаво ќе ја нанесете и ќе отстои 3-4 минути (без да чепкате, значи само почекајте), сјајот се губи и лицето останува мат. Немате потреба од камена на горештиниве. 3. Ми се погоди нијансата (иако поголемиот дел ми се видоа чудни и темни), јас земав 103 True Ivory, и одлично прилега и се изедначува на тенот. 4. Добра трајност на лицето. Нема никаков мирис, што за мене е ок, не сакам пудрите да ми мирисаат на ништо посебно и специфично. Негативни страни: 1. Не трае 25 часа на лицето, мислам нормално. Би рекла дека пудрата го дава максимумот од 7-9 часа, што е за мене доволно. Останува само да ја истестирам на најжешкото, зашто пишува - отпорна на пот, топлина и влага. 2. Нема некоја висока покривност. Ако лицето ви е стакло, ќе ви биде супер. Ако имате некои поголеми и позабележливи бубуљички, дефинитивно не е пудра за вас. Мислам дека е наменета за нормална кожа. Во секој случај вреди за парите.
девојки ве молам решете ја мојата дилема, за летните денови која пудра да ја купам? редовно користам макс фактор, ама читајќи ги вашите кометари за буржоа се ставив на големи маки.... затоа помагајте...која ја препорачувате.....
Ја користам моментално боржуа и не ми е баш нај нај... Сепак мислам дека макс фактор си е макс фактор Поздрав
не е препорачливо да се менува пудра, ако ти одговара макс факторот продолжи си, не експериментирај, јас сум мераклика да шлапнам по нешто ново на лице ама се добива само негативен ефект. Така да ставај си го тоа кое добро го прима твоето лице позз
Девојки што мислите која е подобра за летниов период? ili За комбинирана кожа, покривност, трајност и сл.?
^ за сува кожа е, многу е хидратантна, околу 450 денари мислам беше. НО дава сјај т.е да не речам свети, па не ја препорачувам за летни денови. Ја користев долго време и од искуство кажувам, ќе изгледаш ко лампион Oваа е поефтина и подобра за мене, зборам за сува кожа, а и за нормална е пред се, бидејки дава хидратација доста, а покривноста е средна. Онака за секој ден ми е топ. околу 350-400 е.
Keryy И јас сум голем фан на макс фактор ластинг преформансот, ама не е ич за летнив горештини. Буржоа е каде каде полесна и а доста долго држи. Јас сум ептен задоволна од неа. И имаат убави нијанси мене 52 ептен ми се погоди. И на лице нема да ја осетиш и брзо се вади, не е претешка ама не е затоа ни препокривна. Дава природен изглед.
Која, дека за 2 пудри јас зборев Афинитоне? Bo Јуник беше на акција 350, а во ДМ мислам дека беше околу 400 денари.
Оваа вторава , афинитоне сега во петокот беше 470 Јуник , а во Космо 480 и ми дојде скапо и не ја земав земав на Севентин ,а дека ја имало во ДМ не знаев
Значи јас не сум јас ако не утнам работа со пудра ја земав Севентин ( тајм плус) и не сум задоволна не покрива ништо, јас немам проблематично лице со акни , ама имам пеги и по некои капиларчиња кои од сонцето уште повеќе се изразени и пудрава не ми ги покрива Предлог за некоја пудра до 500(повеќе не ми се дава), за ептен сува кожа, со поголема покривност, и да не мириса сакам без мирис
Значи нема пудра што ја немам користено.Искрено трошев не знам колку пари за секаква пудра.Севентин не покрива ама баш ич,Гош порано беше супер сега и таа не е тоа што беше,Менхетен ми е како гипс,многу тешко се размачкува ,а кога ќе се нанеси на лицето делува многу вештачки.Макс фактор овде во МК не ми личи на оригиналот и затоа не ја купувам,Мејбилајн нема голема покривност воопшто,Дебора е ок,но не е нешто ептен специал.Во принцип не сакам тешки загушливи пудри со јак мирис,ми се лоши.Сега моментално кренав раце од изборот на пудри во МК и ја користам најобичната импала што ми покрива повеќе од сите горе наведени.
Не можам да си најдам пудра што ке ми е по мерка,моментално ја користам bourjais flower perfaction но не покрива и ми дава сјај,предлог за мрсна кожа и да покрива?
Јас ја користам оваа пудра од Лореал и сум презадоволна, ем што покрива се, ем трае. И плус немора да ставаш камена врз неа, бидејќи делува како мат. : ) Ја купив 800 или 900 ден. во локална парфимерија.