Подобра летна пудра немам користено.. релативно добро покрива, го изедначува тенот, совршено се прелива на лицето, дури и на ова топло време не се познава дека воопшто имате ставено пудра.
Дали може да замолам за совет? Имам многу светол тен и при избор на соодветна пудра имам многу потешкотии ..Ако купам темна пудра како пресечена ќе бидам во вратот а пак ако купам светла како дух ќе изгледам .Имам чисто лице за 19 години па во многу наврати знам само каде што ќе ми искочи мозолче да ставам пудра ама сепак ....Моментало користам Max Factor но никако да си го погодам бројчето ...
Ако имаш толку чиста кожа незнам зашто ти е потребна пудра, зашто да го оптеретуваш лицето, за едно две мозолчиња купи си коректор иста боја како твојата. Јас каде имам поткожни па избегнувам пудра да ставам кога не е потребна, само во посебни случаи ја користам. Пудрата е хемикалија колку може да помогне толку може да одмогне, на чисто лице не се става.
Точно дека не се става на чисто лице, ама барем малку колку да го изедначи тенот. Мене пак ми е многу глупаво, да ставам коректор на бубуличките само, а лицето да ми биде онака само со обичен крем поминато. Се познава, па макар коректорот ептен да се совпаѓа со бојата на кожата. Друго е кога цело лице е изедначено, барем јас така мислам, а која како си сака, така и ќе си практикува - најнормално. Инаку Хкикица, јас би ти предложила да си користиш светла пудра, ама ставај повеќе руменило на целото лице. На јаболчниците малку појако, па помини ги носот, челото, брадата и ќе добиеш тен - нема да личиш на дух, проверено е - цел живот барам чаре за духовскиот изглед, мислам дека ова успева. И моето ново откритие - подлогата за шминка на Јанг Дерм. Не ми направи иритации, дури ми ги засуши мозолките - е среќна сум, мајке ми! И нека си ја користат како тонирано кремче оние кои немаат проблеми со лицето - не е покривна, дава само природен изглед, така да кажам - намалува црвенило, изедначува тен, ама не покрива! А со пудра одозгора е совршено.
Hkikica брознер му е мајката! Земи некој посветол и стави во облик на 3, има видеа на јутуб. И јас сум мнооогу бела и многу тешко наоѓам нијанса, али со бронзер изгледам многу поприродно
Јас користам на Aura пудра, и течна и камена. Задоволна сум, ми го задоволува потребите, иако не користам премногу.. прилично чисто лице имам, од време на време користам само
Леееле како сум се зезнала со таа Аура еејј...имам акни и други чуда па коа ке стаам исто ко да ја немам и плус не дај Боже да дојдам во допир со вода на лицево...се мие одма ...линии ми се прават ...не е нормално...воопшто не ми се допаѓA ...
Ај да прашам и тука темава е попосетена од онаа на ДМ, каде може никој да не ми одговори Видов пудра минeрална во ДМ на една од нивните колекции, 30 грама 190 денари. Преееубаво мирисаше пудрата, многу освежително како преубаво кремче, не беше покривна многу, ама и онака барам за летово. А и доста хидратантна ми изгледаше. Некој искуство со козметиката на Alverde? Еве ја козметиката, фино ептен ми изгледа, што читнав од производите минерални, природни, германски, а ниски цени.
Роси јас ја имам пудрава во прав. Еве по жештиниве ја користам и убав природен изглед дава, и не ми свети лицето.
арно што ја видов темава една другарка ми кажуваше за некој производ 5 во 1 е ко крема а и пудра има внатре проверив во Јуник вчера, точно има такво нешто -чини 463 денари, е на НИВЕА ВИСАЖ нешто како песок боја-ми кажа продавачката, за сите типови на кожа(пишува на амбалажата) една подра на Буржуа пример е 500 и нешто денари, а ова и од тоа е поевтино-да присоберам пари па ке пробам да видиме како ке ми одговара на мојата кожа
Душице, колку е пудрава? Ми фали пудра во прав, па да видам што и колку да планирам од финансииве. А нијанси има или универзалка е?
225 или 255 денари едно од тие Има броеви, јас се зафркнав мислев дека нема и ја земав првата што ми беше при рака. Среќа се погоди единица,ако е малку посветла јас секако имам бел тен. Ама искрено следен пат би си земала 2ка. Мириса препрекрасно, незнам како да опишам. И нешто многу битно не е многу тешка и ако ставиш по малце, природно изгледа, не како пластична кукла. Види си на тенот која подобро ти стои, има тестерчиња
девојки можеби ја има пробано пудрава... Една вработена во една парфимерија ми кажа дека била преубава,била како еден вид на фотошоп исто така била мн лесна на кожа,едниствена мана е што е поселена цената.... ако знаете нешто повеке споделете ... фала однапред..
Јас би ти препорачала една пудра која стварно предобро покрива, и ја препорачав и на цимерката и беше зачудена од тоа колку и го направи лицето стакло. И цел ден трае. Е сега, чини 690 денари ама само во Зегин е толку, инаку по парфимѐриите по 800 денари е. Ама вреди да дадеш 690, пудрава е нешто феноменално, поубава не сум користела. Оваа е за комбинирана и мрсна кожа, има и за нормала и сува.