Јас 2ка имам и супер ми е. Хипстер, мислам дека нема некоја голема разлика во бројчињата, иако не сум сега толку бела. И само 1 и 2 има, не знам за повеќе нијанси, не видов.
Не ти е тешка пудрава? Така имам слушнато Јас ја користам на Лореал ама веќе ми е прикрај и велам да ја сменам да ја пробам оваа
^^^ искрено појма немам, мене ми е супер. Ставам помалку, зошто покрива со тенок слој сѐ, погуста е за разлика од други. Па ставам камена пудра , руменило и терам.
Кога пред месец-два ја добив на подарок течната пудра на Chanel-Perfection lumiere, се радував ко мало дете на нова играчка. Радоста траеше кратко. Beige - нијансата беше темна за мојот тен и со премногу жолт пигмент. Од пред неколку дена почнав да ја користам бидејки веќе сум за некоја нијанса потемна. Поентата на пишувањето на овој пост е дали вреди да се купи пудра која чини можеби 40 евра-а мојот одговор е не вреди. Пудрата е во убаво елегантно шишенце и има прекрасен мирис. Тоа што на почетокот непријатно ме изненади е што пудра од ваков бренд има средна покривност. Морав да нанесам два тенки слоја за да го добијам саканиот ефект. Друго, лицето мора да биде добро хидрирано зошто пудрата ги истакнува сувите делови. Трето, многу мава на жолто за мој вкус. Јас на зима користам пудри со розеникав пигмент, а на лето со жолт, но ова е премногу. Четврто, при крајот на работното време светнав-челото, носот и покрај long-wear ефектот кој треба да го има. И ова сознание епен ме разочара. Има и добри страни, секако. Нема чувството на затегнатост, делува природно и лесно, лицето го прави мазно и брчките се помалку приметни. И мислам дека постепено по нанесувањето некако бојата на пудрата се изедначи со природниот тен на лицето. Она што е најпозитивно од се - не остава траги на облеката (проверено на бело). Пудрата е добра, но за 40 евра, очекував многу повеќе.
Ја имам користено оваа навистина е добра ама не ми се дава сега 700 денари за неа Али сепак ќе ја земам пак да подсоберам пари само, не можам се нервирам со оваа на Севентин, божее ништо не покрива, а сите ја фалеа
Ја користам Макс Фактор Ластинг Перформанс , фина ми е. Убаво покрива. И многу споро се троши,т.е и јас не ставам нешто многу редовно пудра. Само што морам да ставам дебел слој на крема, во последно време Нивеа базата за пудра,зошто изгледа суво лицето без тоа.
Што мислите која дава подобра покривност Deborah Color Copy или Bourjois 123 Perfect? Може помош од оние кои имаат искуство? Благодарам однапред
Да, тоа е стандард цената во сите парфимерии кои се застапници на Essence козметиката. Навистина евтино за квалитетот.
За каква кожа е пудрава? Сигурно добро покрива? Пошто еднаш имам купено течна пудра од Essence и катастрофа беше,како водичка
За комбинирана и масна кожа. Пудрата е солидна, зависи каква покривност ти треба - оваа е со средна ама солидна покривност. Ќе си ставиш и коректор ако имаш потреба од повеќе и свршен чин.
Сум ги пробала повеќето пудри од Авон,но најдобри се Avon Ideal Flawless,Avon Magix и Avon Calming effects koja мислам дека беше со екстракт од камилица,ама незнам дали таа ја има уште,а инаку за покривање овие двете...се малку поскапи во однос со другите,но разликата се забележува. Magix е малку полесна и попријатна на кожата во однос на Flawless ,на оваа за нијанса повеќе покрива...
Најдобри пудри од авон дфинитивно е extra lasting кој е долготрајна и мн добро покрива.. е сеа едниствена мана и е што мн тешко се вади буквано се тријам ког а треба да ја тргнам ..и новата шо искочи пред некое време Ideal fawless.. сега можеш да си одбереш која ке ти ја фати око другите исто така се добри ама не се покривни мн се лесни .. со сестра ми ги имаме пробано сите
^ Абре се' убаво за Flormar, јас дури и се стокмив да ја купам таа пудра, ама цената искрено малку ме запрепасти. 500 ден. Уште 100тина денари и добивате врвна пудра на Deborah или Gоsh, а за помалку од тие пари се наоѓаат пудри на Менхетен и Мејбелин. Се надевам само дека вреди за парите, зашто реално Флормар за мене е фирма на истото ниво како српската Аура.
Добив тестерчиња од пудри на Артдеко и им се радувам ко мало дете, хахаха. Мислам дека се две различни, ако не се ќе добиете појаснение и објаснение за една. Ќе ме извините, изнервирана бев и не видов што грабнав кога продавачката ми рече „ај злато земи си тестерчиња, блаблаблаблалбла, па оваа ти е подобра козметика од Есенс.“ - подобра жими оваквото. А Трендафилке, ја зеде таа пудра на Флормар или се премисли? Чинам и ти бараше пудри за комбинирана кожа, па да чкртнеше два-три збора ако чини. Онака само, информативно. Јас си го најдов лекот и не експериментирам повеќе со пудрите, барем додека не се појави потреба за тоа.
Решив да ја заменам пудрата кој до сега ја користев и викам ајде пред да почнам да барам по парфимерии да видам овде. Читам скоро еден час и искерно да ви кажам комплетно ме збунувате. За една пудра една вели за мрсна кожа е, друга форумџика веднаш под неа напишала не не за сува кожа е. Така прочитав за неколку пудри. И викам ок сигурно во парфимериите знаат. Одам во ДМ и пред да почнам да прашувам за пудрите викам да прашам за една фарба. Ја викам дотичната продавачка, го изложувам моето не толку комплицитано прашање и го добивам следниот одговор: "Аууу, не знам јас ништо за фарби, дека јас не се фарбам појма немам." НЕ се ни осмелив да ја прашувам за пудрите. Сигурно ни пудра не користи па нема да знае, нема потреба... Излегов со желба да бев газда и да можев да ја избркам веднаш. Ама таа ќе продолжи да си работи таму а јас сеуште ќе си останам во дилема која пудра е за сува кожа.
Avon Magix си ја земав сега и сум изненадена навистина е многу убава лесна и пријатна покрива,па и нијансава си ја погодив супер е!