Ееее феминки мои мили, читајќи ве ме заразивте со експериментирање. А толку долго време бев верна на некои производи Бев при крај со пудра, па наместо Deborah color copy, како што е редот си купив seventeen velvet. Добра е пудрата ама сакам да слушнам некое мислење и од вас за неа? Утка направив или арно
Ја купив оваа пред некој ден, и многу сум пријатно изненадена, многу ми одговара. А не знам ни зошто ја купив, бев тргната по скроз друга, ми ја немаше нијансата, и на крај испадна оваа, после 1 саат поминат во разгледување пудри во космо.
до сега ги имам користено повеќе пудри, но артдеко ми е најдобра, има голема покривност и убаво се прилагодува на лицето
јас пробав севентин, мејбилај, лореал и артдеко. до сега најдобра ми е артдеко пошто имам пеги и највише ми ги покрива.поздрав
Eте зашто човек треба да си оди и на лице место да си проба Jас па обратно, течната ми е најубавата пудра, ма каква паштета, ни една бубуличка не ми прави Tака да пудра најубаво е на лице место, да си пробате, сите кожи се различни, на некој нема да му се погоди, ама на некој па совршена ќе му биде
^ Луди ти си изгледа оне анд онлу среќајлија, ние сите во друштво ја користевме, и сите останавме со сите резултати. Ама со тој памет незнам како сме можеле да мисиме дека една пудра може да одговара на сите лице, суво, мрсно. И јас решив повеќе да не епериментирам со никој пудра, па ни со таа од есенс ако е доста ефтина. Си се држам строго до Лореал мусот за преку ден и Буржоа 123 за навечер дека ми е попокривна. И Римелот wake me up foundation штета ја нема кај нас, па затоа ретко ја ставам. Ќе го одморам лицево од претешки и секој 2-3 месеци различни пудри, не го бива веќе
Имам пробано тестерче. Мислам дека е израмнувач односно се користи како основа, ама верувај после него не ти треба ни капка пудра. И ти ја изедначува кожата и ти ја прави нежна како бебешко газе. и да се допреш до нешто не ти се размачкува (барем мене не, е сега со оглед на тоа што е 50 степени надвор незнам). Многу ми се допадна со крај ја изгребав кесичката
Јас го имам користено пред неколку години, само го измазнува лицето, врз него мора да ставиш друга пудра оти ова служи само како подлога, не е ништо посебно џабе ќе си ги фрлиш парите. Поздрав
Фала, мислам дека и мене би ме задоволила Може да ми покажеш со слика точно која е таа пудра од Артдеко што ја користиш? И која цена е?
Навистина добра покривност, а и не е течна, има некако, сува состојба,, како крем. А и убаво мириса. За Мрсна кожа е супер
јас вчера зедов пудра ингрид со пумпица 300 ден. ми ја препорача вработената во дива - прилеп. ептен е покривна, барав таква оти има пегички и сум задоволна ептен. кажа и дека ептен се трошеле во последно време.
Ме заинтересира... барам некоја што добро покрива. А и не е скапа, па и да ја утнам нема да ме боли срце За оваа збориш? Ќе ја побарам во Скопје дали ја има.