Девојки да ве прашам дали ги имате користено овие две пудри,колку покриваат?ги видов во дм за 319 ефтини се за пудра а ми го фалат римел..
own: втората- освен ако немаш пре-мрсно лице,инаку не се размачкува за првата незнам, другарка ми ја користи не ми се пожалила до сега Оваа горе што е постирана, римел(втората слика) баш за мрсно лице е-319 ете во дм била. или менхент црната во туба. таа накај 500 е.
GOSH X-Ceptional Wear foundation Спојлер Се заљубив во пудрава! Пудра која стои толку совршено природно ама баш буквално како да немам пудра ставено на лице. Намената за сите типови на кожа што е апсолутно немогуче, би рекла дека е за комбинирана и нормална кожа, за тие што имаат сува кожа обавезно крема пред пудрата во спротивно ќе ги истакне сувите делови, а за тие со мрсна мислам на екстремно мрсна кожа можно е по неколку часа да засвети лицето. Мека и кремаста формула која лесно се размачкува и и дава на кожата мат и убава завршница. Што особено ми се допадна е дека пудрава многу добро ги поднесува африканскиве температури. Уште еден плус е дека тубата содржи 35 ml што е плус 5 ml од повеќето пудри. Долго трајна е (Long lasting) не мрда од лице цел ден, ептен лесна пудра за летно време а и за цела година со средна до висока покривност, содржи витамин Е и ув филтер. Формулата е без парфем. Цена 600 денари. Единствена негативност е што има само 5,6 нијанси и сите маваат на жолто, освен таа јас што ја имам 11 Porcelain за луѓе џоа Каспер во лице (бели и бледи) како мене.
Од ко знам за мене ја користам оваа пудра. сега сакам да земам некоја слична. Ако ја има некој користено, нека ми пиши за комбинирана кожа...
Се мислам помеѓу Rimmel Lasting Finish 25 Hour Foundation и Manhattan Powder Mat Make Up Која подобро покрива?
Мене па лишаи ми направи и нема шанса да фрлам пари за неа пак некогаш, башка ај шо на тестерот една боја беше кога ја ставив дома на лице станав ко прасе цела портокалова
Јас ја користам Јанг Дерм, 5ка, мене искрено многу ми одговара, ем е ефтина, ем на тенот ми одговара, не ни ми ја суши кожата ни ништо, не би ја менувала, многу сум задоволна. :up: Имам уште една дома, ама таа потемна е и потечна некако, стави малце не чини, стави многу не чини, за ништо не ја бива.
Parure Extreme Luminous Extreme Wear Foundation od Guerlain Прекрасна долготрајна пудра со добра покривност. За нијанса е поретка од Ревлонот инаку исто така добро покрива. И после неколку часови носење не се чуствува тежина на лицето. После Ревлонот, ова ми е втора омилена пудра. Единствена мана е цената. Во космо чини 3000 денари, јас ја купив во Хондос за 38Еур на летен попуст инаку регуларната цена е 51Еур.
Да ви кажам последната пудра која ја купив беше оваа на Римел. За покривна, покривна е, и има убави нијанси, арно ама мене ми е многу леплива. Не секогаш сум расположена да ставам камена после течна пудра на лицето, оваа додека ја ставаш имаш чувство дека се лепи додека ја тапкаш. Ајде си викам ќе ја оставам раат 15-20 минути, без чепкање, нека се фиксира. Намерно не ставив камена. Јок бе бате, пудрата се лепи кога случајно ќе се допреш по лицето. И остава траги врз облека, недај боже при гушкање да се допреш до нечиј ракав, отиде кај Марија со Бонуксот на бањање. Јас сакам пудрата да ме остави со суво и чисто чувство на лицето, не со тешко и лепливо. Не ја препорачувам, за жештиниве па ич, а пишува отпорна на топлина и пот. Пази немој. Може е до сезоната, а може е до моето лице, мојот впечаток за пудрава е тој, ја дотрошувам, со тоа што ја мешам со една останата на Мејбилајн. Следната ќе биде на Гош оваа погоре препорачаната или евентуално на Дебора. Не знам како црната Менхетен се покажува на овие температури, се мислам и за неа.
Абе она Еликсир во Гтц има некој попуст на се. Ама никако да отидам. Да не бил некој?! И препорака за некоја високобуџетна (не па премногу) пудра за лице,за сува кожа?! Само не овие на Мејбилин,не знам зошто,одбој чувствувам према таа марка и не ми делуваат убаво пудрите.
Лилит пробај ја Artdeco Rich Treatment Foundation http://www.artdeco.de/en/makeup/face/fo ... ation.html Околу 850 денари, јас сум презадоволна. Средно покривна, на мене не ми ни треба, бидејќи имам чисто лице, ама суво ми е и бледо, а пудрата е одлична, плус и трае. На горештините ми трае до крај на работно време. Со добар крем како подлога и немаш маки. А и не е толку тешка. Ја имам повеќе пати препорачано на темата, особено за девојките кои имаат екстремно сува кожа.
Е утре ќе ја барам прво на тестер оваа Артдеко. На ревлон ми кажаа,а и тука пишале дека ја расипале, не била иста форумулата. Јас ја имав за масна до нормална и ми правеше црнки. Откако престанав да ги користам пудриве за масна кожа, лицево ми е супер,немам повеќе на носот,а кај црнки па и лупешки ми се правеа на него. Сум го саботирала лицето! Свашта значи! Сега Буржоа, си ја користам само како коректор,со едно пудриче од авон,онаа со смирувачки ефект и стакло ми е. Баш пред некој ден добив комплимент за лицето,џоа порцеланска кукла ми било! А претходно, се осеќав као од километри да ми ја гледаат пудрата,а не дека не... Ама не,ќе сум светела, за секој случај. Ете ти за секој случај. Сега бар убаво ми изгледа и без пудра,само со дневна крема. Абе жени и демагогии.
Јас ја користам пудрата од Авон и воопшто не сум задоволна . Не ми одговара со тенот и ми прави лишаи . Сега сакам да ја земам Bourjois healty mix serium. Ја има некој користено и колку сте задоволни?
И јас имам сува кожа и ја користам оваа Ептен ми е убава не е толку тешка пудра и дава ептен природен тен и што најважно многу убаво ми впива во кожата, а не како некои пудри постојано да ги чувствувам и цела лом да се превам од нив. Мислам дека беше околу 750 денари и плус ваква и камена имам и ми се топ комбинација.
Од Артдекото не се ни познава дека имаш пудра, за неколку секунди се впива и имаш совршено порцеланско лице . Кај мене проблемот е што од ми е сува кожата на лицето и како флеки имав по лицето. Ни еден час не ми издржуваа пудрите. Со Артдекото немам такви маки. Одлична е и за во лето, не се ни растечува.
Mене искрено ми е многу скапо бе 850 денари за пудра, плус со јуле бев кога ја купуваше Aртеко или како и да се вика, па ја стави, мене иста ми беше A ме интересира, може и тестерчиња да си барате? Hе сум купувала од Kосомо и такви работи, зашто ми е скапо, за истите пари ќе си земе човек MAC пудричка од грција
MAC има во Грција?! Сигурно не е до 1000 Лудоооо. Тие пудри под 50 долари (и повеќе) не се,не ме лажи за џабе! Јас си барам секогаш и секаде. Кога имаат ми даваат,иако секогаш превртуваат со очите,пошо пред да им истече рокот они си ги делат сите тестери!