да бре има не само пудри туку се има за нова година пред некоја година беа на попуст накај 25е беа, и сенски, кармини се има бре
Vichy мене кожата ми е сува но летно време сакам некоја посува пудра и ја користам на vichy за нормална до комбинирана aera teint http://www.chemistdirect.co.uk/vichy-ae ... 60189.html искрено прекрасна ми е и секако сигурна сепак е медицинска козметика.
Вистина Ревлонот ја расипаа? Да не ја чувате на жешко па да ви е растечена...Се двоумам сега дали да ја земам зошто ми е ептен погодена, а од друга страна пак сакам да сменам, да најдам нешто подобро...често се разочарувам и пак се враќам на неа ама ајде уште овој пат Имаат vichy добра пудра за комбинирана/мрсна кожа, оти колку што ве читам ја фалите една за сува кожа??
Црната на Менхетн речиси одлично се покажува на повисоките температури, ама искрено ти ја препорачувам само доколку успееш да си ја најдеш погодната нијанса, инаку грозно се познава како маска. Всушност, таков впечаток и остава - како маска да имаш на лице, малку е потешка и чинам повеќе се познава дека имаш ставено макар минимално количество од неа. На дневна светлина. За летни вечери е супер, додека мене зимото ми се собираше како груткички, како испакнати области над кожата, ко да ми се делеше пудрата на чуден начин - грдо беше во секој случај и огромно НЕ, барем за во зима. Летото го издржува и немав такви проблеми, ама годинава не ја користам, спомнав зошто - сув партал ми стана кожата од редовната употреба на пудрава и морав да ја сменам, а мнооогу убаво ми покриваше, ефектот беше ко фотошопирано лице дури и со малку пудра.
Сега па ептен ме стави во мисла. Знам дека е малку потешка и ако си ја утнеш нијансата, делува паштетесто (што викаат на сајтовите за рецензии на вави производи - cakes the face). Lilit ме нас'ска сега за минералната на Алверде, не била претешка, ја мислам во комбинација со камена ќе биде ок. И онака се лесни, минерални пудри, ем органски (јаооо, колку звучеше ова последново само ПЕТА од моја страна).
^ Верувај Трендафилке, искуството со пудрава на Менхетн ми е „најболно“, зашто од уау пудра, зимава добив буквално паштета Мик Свети Николе на лицето и се откажав од неа, иако уште имам речиси цела тубичка во залихите. А овие на Алверде, ефтини се, нели? - Мој совет ти е да си одбереш нијанса и да си купиш, зашто и да не ти се погоди течната, камената би требало да ти биде океј - на комбинирана/мрсна кожа ретко да не се погоди камена/пудра во прав. Минатиот викенд бев во големиот ни град, бев и до ДМ и си изнакупив тракатанци, застанав кај козметиката на Есенс по навика, ама ете од дотичниве пудри не ми текна да земам, ту. Мака ми е сега, најискрено. Јас пак ќе повторам (колку само звучам како спамер, ама не ми е тоа намерата) , дека си го најдов лекот на жештиниве да не се пудрам и со камена. Си купив од подлогата за шминка на Јанг Дерм (бројче 5) и си ја користам можеби и три недели, одлично тера и се надевам дека ќе ме служи и натака. Што е најважно - не ми светнува лицето, иако се случува и да излезам по жештиниве и пудрата си се задржува цел ден. Мислам дека на оние кои имаат комбинирана и мрсна кожа подлогава ќе им дојде ептен добро, за сите други искрено, не ја препорачувам.
Која камена пудра би ми ја препорачале? Имам проблем најмногу со носот зошто ми свети ко лампион. Ми треба само за израмнување малку на тенот, некаде до 500 денари да биде.
^ Јас најзадоволна сум од компактната на Менхетн - ми траеше година дена, иако нанесував речиси секој ден. 400 денари е, се исплати за секој денар! Есенс имаат солидна камена пудра исто и ти е поефтина варијанта. Мене ми беше речиси одлична и оваа на Боржуа, ама е малце поскапа варијанта. Мислам дека Менхетн или Есенс ќе ти заврши работа.
Убави ли се пудрите на Pимел? Mе интересира посебно за оваа wake me up,немам до сега нивна пудра користено,имам сува\нормална кожа,до сега користев оваа на боржуа 10 hours sleep efect,не беше лоша,но не ми покриваше многу,а мене почнаа да ми излегуваат акни Cи ја имам Pевлонот колорстеј,ама за секој ден тешка малку е,само немој да ми ја препорачувате на боржуа хелти миксот E за оваа прашувам,само ми изгледа дека ке турам од шишенцето,нема изгледа пумпица A да си прашам од Eсенс убави ли се?Jа гледам ја фалат таа малата пенеста што е Значи барам пудра да е лесна на лице,а да е покривна и за секој ден
^ Јас ја користам Rimmel perfect match foundation и многу сум задоволна по цел ден ми трај , а покривноста и е солидна јас немам акни али имам пеги нив ми го покрива и не се забележува многу на лице. Најзадоволна сум од неа , бидеќи имам грдо искуство со пудри во рок од 2 месеци имам сменето 5 и оваа ми е полн погодок Така да мислам дека и оваа wake me up е добра, а и тука негде се со цените
Не бидна Алверде пудрата, ниту едната, ниту другата. Течната минерална пудра ми се размачкуваше лошо и тешко (како за толку лесна пудра) и остава линии односно траги, барем кај мене. Значи земав една на Балеа, лесна мат пудра, антибактериска против акни и митесери, со салицилна киселина. Многу лесна пудра, со пријатен мирис, му доаѓа ко кремче, за заштита и изедначување на тенот. Не е многу покривна, ама за дневен природен изглед е совршена. Сепак, за оние со попроблематична кожа не би ја препорачала зашто нема да ви покрие којзнае колку. 40 мл = 135 ден. Абре евтинија. Имаат 3 нијанси - natural, beige, sand, јас ја земав втората, погодена ептен на мојот тен. А за камена ја послушав Мишела (фала, експерт си значи за пудри) и си ја земав на Есенс камената - бр. 4 perfect beige. Oвие две во комбинација даваат многу лесен и природен изглед на лицето, ептен погодено за лето. Kо да немаш пудра, ете така се чувствува.
Мишела, те прочитав во претходната страна како спомнуваш за некаква подлога за шминка од Алкалоид и попладнево кога бев во Тинекс случајно ја видов и ми текна на тебе и решив да ја земам. Моето лице е чисто, ама кожата ми е масна, така што ако не ставам камена пудра ептен ми свети, ама зачудена сум од ефектот на подлогата Ставив и ептен ми го изедначи тенот, ми даде некакво свиленкаст ефект на кожата, не светам а не се ни приметува дека имам ставено пудра. Воодушевена сум, многу. Ја земав значи онака, на жими мајка бидејќи е sealed (како е ова во превод, запечатена? ) па не се гледа нијансата. Земав 6ка и многу ми одговара. Фала ти што спомна, ја најдов совршената подлога/пудра за мене Еве опис на производот http://www.alkaloid.com.mk/podloga-...nirana-i-za-masna-koza-br-5-i-br-6-50-ml.nspx
Имам мнооогу светла кожа, дали Јанг дерм подлогата има светли нијанси? Пошто сакам да ја ставам без дополнителна пудра, а кога ќе ставам и пудра да не ми се разликуваат
Сесилија, мене последниов месец само подлогава ми е спасот. Кога сум океј со лицето и кога немам потреба од пудра си ја користам како замена за истата, 5ката поптолно ми се совпаѓа со тенот. И стварно, пудрата ми е многу помалце потрошена, некако самата подлога си влече помалце пудра, што мене многу ми одговара и ми се допаѓа. Него, да се „пофалам“ дека малку се разочарав од Артдеко, или поточно од тестерите кои ги добив (к'смет проклет - двата исти да ти бидат ) . Станува збор за оваа пудра на Артдеко. На прв поглед ми се допадна пудрата по текстура, не е многу течна, па си помислив дека би била одлична за мојата кожа, па се покажа спротивното, за жал. Мирисот - катастрофа, а искрено, тоа и ме привлекува кај козметиката. Ми мирисаше на алкохол, одбивно. И нијансата ми беше троа темничка, ама вечерно време не се познава - денско - вриштам, во тенот ко од Етиопија дојдена. Меѓутоа, на прв поглед вака, пудрата ми беше океј. Ми се допадна каков кадифест ефект му даде на лицето, го измазни, ме освежи (ова ваљда дека потемна ми беше за нијанса,две) и има полумат финиш. Лесно се размачкува и не остава линии, ама многу лепи, мнооооогу. Толку многу, што кога ме бубна лепи, мислев дека устата ќе му остане зацементирана на мојот образ. А чисто информативно - ставив многу, многу малку - на врх прста ко што се вели, немав потреба зашто е доста пигментирана и покривна. По саат и пол, максимум два, вуала - светнав! Заклучок: НЕ ја препорачувам пудрата за комбинирана и мрсна кожа. Мислам дека ќе биде солидна и за сува затоа што е доста похидратантна на лицето отколку на допир, а за нормална би била идеална. Е сега, исто има мал „проблем“ кој го забележав дури синоќа. Пудрата има лифтинг ефект и е попогодна за зрела кожа поради количеството хијалуронска к-на која ја има во составот. Епа на здравје бричење - мајка ми ќе си ги добие тестерите од пудрава што ќе ѝ одговара ептен, а јас сум си задоволна со мојата, која патем заклучив (по којзнае и кој пат) дека не треба да ја менувам.
За 250-300 денари си најдов совршена летна пудра. Додуше толку сум задоволна да може и зимска ќе ми биде. Мајка ми си ја купи и си ја згрешила нијансата, а после мини одморот на исунчано лице совршено ми се погоди. Прво и основно е хидратантна, така да за нормална и сува кожа е дефинитивно. Она заради кое од мене доби висока оценка е тоа што и покрај 50те степени надвор, плус хидратантна пудра на себе јас не светам како што тоа е случај со Мејбилајн, Деборах и Боржуа. Кога ќе ги ставам цената, покривноста (која е одлична некоја средина), хидратантноста, брзо впивливоста, дури има и заштитен фактор па јас без размислување 10ка ќе дадам. 1 месец ја користам и лицево ми е супер, ни мозолки, ни лишаи, ни светам, одлична ми е. Сеа уште да не си најдам есенва добра нијанса за моето неисунчано лице и ќе се разочарам Засега само фала ќе им речам на Голден Росе кои имаат пудра каква што одамна не сум користела а сум ги плаќала дупло и тродупло.
мајка ми има ваква и многу е убава и има минерали и витамини и покрива секакви флеки и јас сакам да ги купам иста ваква
Мене нешто не ми е јасно за подлогата на Алкалоид. Подлога за пудра е или пудра? Затоа што foundation ние го преведуваме ко пудра, а всушност значи подлога за шминка, а primer е всушност она што ние го сфаќаме како подлога. Штом се нијансирани, ова ми изгледа како foundation, уствари течна пудра. Дали е истиот или сличен производ на тоа што беше порано Јанг Дерм пудра? Описот на ова не ми звучи како за употреба под течна пудра. Да прашам појасно: течна пудра е или подлога за течна пудра? Или е нијансирана крема, што ли?
^Мислам дека се старите производи само сменета е амбалажата. Јас ги користев и 6 и 5, уствари тоа ми беше првата пудра што ја имам купено. Ама нема никава покривност, за мене е исто како подлога, ама тие со почисто лице може да ја корситат како пудра. Така да ако имаш почисто лице пробај ја, може ке ти одговара ама ако бараш пудра со поголема покривност оваа ке те разочара