Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Истата работа и мене ме бунеше во почетокот како Ливинг.
    Али си се рашетав повеќе низ нет и мислам дека не е подлога.

    Фактички сите нас преводот не насочи одма на тоа дека е подлога,а уствари е пудра.
    Кај нас мислам дека,ако не грешам нема прајмери во боја.
    Мислам на боја различни нијанси како 1,2,3 во случајов 5 и 6 :)

    Подлогите логички не би требало да се во различни нијанси зошто ги ставаме пред пудрата се комбинираат со се неа,така да не се гледаат одпосле па затоа што ќе ни се разни бои :D
    Второ подлогите најчесто да не речам скоро сите се како крем текстури,бели во боја и многу по хидратантни и прво што прават е измазнување на лицето,навлажнуваат, изедначуваат тен го осветлуваат некои зависи и до прајмерот итн итн.да не се занесам јас до сабајле ќе пишувам :D

    Има и прајмери во боја да,не дека нема,но кај нас нема или мал број има или пак се ептен скапи (зборам за оние козметички линии како шанел,есте лаудер итн итн.) па неможат сите да си ги дозволат.Некој ако го интересира повеќе има прајмери за лице и во виолетова боја и зелена,портокалова кои се за различни намени.
    Kако на пример овие прајмери на SmashBox
    [​IMG]
    Марсовци ќе се праиме бе како :D
    Али океј е да се користи како подлога зошто не е покривна многу прво и второ е прелесна на лице.
    Така да нема врска ако ја користите за подлога ;)

    (Се надевам моево истражување е точно :D
    Сепак уште си ги учам некои работи па може и да грешам незнам :) )
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.999
    Допаѓања:
    81.338
    Пол:
    Женски
    Не е пудра бре луѓе, ретко е ко ај да не кажам што, а и претечно за да биде пудра.
    Јас повеќе би го нарекла тонирана/нијансирана крема, зашто дава тен, ама не и покривност. :D
    Плус, не е таква паштетеста по структура како класичната пудра на Јанг Дерм - никако не ги споредувајте, ште ве моља. Права крема е значи, буквално се лизга низ раце и си „легнува“ на кожата баш како кремче.
    Е сега, не очекувајте којзнае каков тен од ова чудо, зашто намената пред се' му е нели да го изедначи тенот на самото лице, т.е. да го намали црвенилото и да го хидратира лицето, па си нанесувате пудра без проблем и не се мешаат нијансите, во никој случај - додека да нанесете пудра, подлогата е веќе исушена и не мрда.
    Па има, ете и оние разнобојните не се разнобојни без причина. :D
    Има девојки со природно црвенило на лицето - селско руменило кое не се покрива со коректор, па ваквата подлога во зелена боја би била идеална за нив.
    Виолетовото ги покрива темните дамки - ваљда кај некоја со посериозен проблем со флеки, пеги и дамки од акни итакамунатаму.
    Различни лица, различни потреби, ништо не е без причина. :)
    A да - заборавив да кажам дека по нанесувањето на пудрата не се познаваат, се претопуваат нали. :wasntme:
     
    На Trendafilka, simoncelicius, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Мишела, асоцијација за пудра си ми жими све, штом ја погледнам темава секогаш тебе те гледам дека си коментирала и едноставно морам да прочитам. Мислам дека нема лик на форумов што повеќе се разбира во пудри од тебе :) Секоја чест :bow:

    Инаку, сеа и мене ме нас’скавте, после ќе одам да си ја купам подлогата на Јанг Дерм. Јас ја користев Deborah color copy (според мене најдобрата пудра за масна кожа, особено за во лето), ама ми се потроши, а скапа ми е пак да ја купувам :| Само се мислам дали да земам број 5 или 6. Знам дека петката е за прилично светла кожа, а јас имам светол тен, но не премногу светол, не сум бела. 6-ката темна ли е многу? :wasntme:
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.999
    Допаѓања:
    81.338
    Пол:
    Женски
    ^ Благодарам на лепите зборови, мeне лицето ми е најостелива тема и го тинтрам ненормално многу, од таму и таа така да ја наречам пасија кон козметиката за лице, поготово пудрите. Јас искрено се осеќам досадна на темава, обврт-заврт мое мислење, крајно глупаво е, ама сепак се трудам да помогнам колку можам, бидејќи некако си се ставам во сечија кожа кога ве читам, а знам како е да фрлиш грдна пара и пак да не ја погодиш пудрата. :x
    И се надевам дека веќе не вртите очи кога ќе видите кој последен коментирал во темава. :$ :D
    Ја нема колешка ми Хипстер, ама лето е, опростичу јој. :P

    6ката има црвен подтон. 5ката жолт.
    Ако користиш кец или двојка од Дебората, земи си ја 5ката, ако не 6ката ќе ти биде подобра. :)
     
    На simoncelicius и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    Готово, така ќе го викаме. :D

    Инаку, се слагам со Beauchamp, дека нема прајмери во боја на течна пудра, туку само тие корективни нијанси, што значи дека ова е ни прајмер ни течна пудра. Мислам дека требало да го наречат основа за шминка. :?:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Да ми препорачате некоја лесна пудра, за помлада кожа. Не мора да е многу покривна, ама добро да не е и па ко вода. И да не биди премногу скапа :?: Помош?
     
  7. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    TRENDY во зегин е 200 денари , а ја има и во парфимерии али поскапа е
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Еве јас да ви кажам си ја купив подлогата на Јанг Дерм, број 5 и не можев да издржам, одма ставив да видам што ефект ќе има. Луѓе, не ми се верува колку е добра! Лицето го прави како свила, НЕ свети и мириса прекрасно! Стварно се изненадив од квалитетот, а чини помалку од 100 ден. Значи, не е пудра, нијансирана подлога е, убаво го изедначува тенот и лесна е на лице, како да немам ништо ставено. Летово има маста да и’ ја извадам :D

    Морам да кажам, порано, како тинејџерка, ја користев пудрата на Јанг Дерм, исто број 5, и не бев воопшто задоволна. Паштетеста беше и многу бела, а 6-ката па беше многу темна, накај кафеава. Затоа бев малку скептична за подлогава, ама гледам Мишела и многу други ја пофалија, па ја земав. И не се покајав, топло препорачувам на сите со масна кожа, кои немаат многу недостатоци за прикривање, т.е. имаат релативно чисто лице. Не е покривна, туку само го изедначува тенот и црвенилото и дава ефект на чисто, свежо лице. Со малце коректорче на подочниците и малку руменило, пудра воопшто не ми треба летово :) А, да, има и УВ филтер во неа, што значи штити од сончевите зраци, а и од други временски услови како ветар, студ итн. Епа, за тие пари, подобро амин 8)
     
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.665
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Девојки која е најдобра пудра сакам да не е тешка не ми треба за покривност, која е најлесна за изедначување на тенот за комбинирана кожа ја користам моментално мејбилајн но сакам да сменам, не експериментирам многу со лицето досега имам користено само 2 вида пудри, незнам за буржоа што велите сакам пудра која изгледа природно на лицето не како паштета :?: , нешто како крем пудра да биде, ви благодарам :)
     
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    А да ја пробаш ти Јанг Дерм подлогата за која пишував погоре? Вака како што опишуваш, мислам дека токму тоа би ти одговарало. Јас ја купив 97 ден.

    А ако ти се даваат малку повеќе пари, можеш да ја пробаш Deborah Color Copy. Според мене не постои подобра пудра за комбинирана/масна кожа. Ептен лесна пудра е. Оваа ти е околу 650 ден. :)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Користев најпрво јанг дерм не ми се погоди па потоа импала таа па ич ми го расипа лицето ми излегоа брунки па потоа севентин некако подобра беше па деби таа ми беше најдобра па сакав да испробам и други ја пробав импала во тубичка добра беше ама не баш и на крај од римел таа ми е една од најдобрите :D а имам скоро 17 години ај кажете ми некоја добра квалитетна пудра што покрива и е долготрајна и е за млада кожа не сакам да експерметирам повеќе ќе си го расипам лицето :|
     
  12. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Ваква тонирана крема користам од Avene еве баш оваа


    но сега ми е потрошена а кај нас неможам да ја најдам за да ја набавам.Иначе е одлична како подлога за шминка мене многу не ми покрива зошто имам флеки но е супер за хидратација и за изедначување, а во лето кога сум на одмор бидејќи не сакам да ставам тешки пудри само ова го користам.

    Еве сега прочитав за оваа тониранава крема од Јанг дерм па ќе ја побарам во аптека за 100 денари вреди да се проба дури и да не ми одговара, сепак голема е разликата 700 ден , со оваа што ја користам а прилично брзо ја трошам.Е сега ме интересира тоа бројките 5 и 6 , се нијанси или што му се ? :?:
     

    Прикачени фајлови:

    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас сум сеуште верна на Bourjois Healthy Mix & Healthy Mix Serum :) Презадоволна сум!
     
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Да, нијанси се. 5-ката е за посветол до среден тен, а 6-ката за потемен тен. Ете, Мишела пишала дека 6-ката има црвен подтон, а 5-ката жолт. Јас имам светол тен, но не бел, туку онака, среден. Ја имам 5-ката и мене ми е супер. Сепак, тоа не е пудра, па не остава којзнае каква боја. Одозгора можеш да си ставиш пудра слободно, боите нема да се помешаат. Глупаво е само што нема тестер да ја видиш бојата на лице место, мораш да купиш на слепо :D Тубите се запечатени и треба да се извади капачето, да се тргне тоа фолијата (како паста за заби што се отвара, се надевам ме сфати :D ), па после може да тече. Јас прво стискам, стискам, гледам не сака да тече. Дури сфатам што било финтата, се стемни :D
    Инаку јас од Веро ја земав, а ја има и по аптеки и по други маркети. Цената варира на различни места, но тука е некаде, околу 100. Мислам дека во аптеките е поскапа :)
     
    На Chivas му/ѝ се допаѓа ова.
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Од таа Импала со пумпичка, квалитетна е? Околу 250тина денари била и со заштитен фактор :?:
     
  16. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    ^

    Eee ,ти благодарам за информацијата. :) Ќе одам одручеква до маркет и ќе ја побарам 5ката бидејќи и јас како тебе имам светол тен но не толку бел, блед. Крај краева ако не се погоди ќе и ја дадам на мајка ми да ја користи , многу ми е важно да не ми создава некои дополнителни проблеми оти имам страшно многу чувствителна кожа и не се можи да трпи.Ама во секој случај вреди за парите да се проба , па ќе кажам дали сум задоволна.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Girl.002

    Girl.002 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Моментално имам ваква
    [​IMG]
    тројка.
    И добра си е, Баш ко за мене! :)
     
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Јас порано многу се криев под пудрата (апла детиште кога бев де :D ). Сега многу ретко. Кога одам по свечености, ставам само за да го фиксирам руменилото. Сфатив дека нема зошто да се кријам :)
    А сум редела многу, али ги бирав барем квалитетни да бидат и колку - толку да одговараат на возраста на кожата.
    Ги гледам повеќето, не им е важно каква е, туку ефтина да е. А би го рекла истото и за прескапите. Цената не е гаранција за квалитетот. Има многу ефтини кои се добри, но ја оштетуваат кожата. Затоа, косултирајте се (или прашајте го чичко интернет :lol: ) пред да купите некоја што ќе ви наштети иако ќе ви ги покрие недостатоците. Гледајте да одговара со возраста на вас (вашата кожа). Има фирми кои произведуваат за различни возрасти и некои кои се одредени само за одредена возраст.

    И малку за препораките.
    Неколку другарки си порачаа ваква
    http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 780&type=3
    (не знам дали смеам да оставам вака линк ама ќе ми кажете ако треба да го тргнам)

    Еве гледам и попуст им ставиле. Многу се задоволни. Една ми рече дека е подобра од било која шо ја користела и ептен и одговараше на тенот. И јас користам од истата фирма и многу се добри.

    P.Ѕ. Не користете премногу пудра. Особено ако нема потреба од тоа туку од навика ја шлакате по вас.
     
  19. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Sexybaby86 ме убеди да си ја купам од Јанг Дерм тонираната крема. И јас имам не многу темен тен, ама не па ни многу светол. Ваљда 5ката ќе ми одговара. Баш ја забележав во Веро, ама си реков да не не чини. Ама за 100 денари вреди да се проба. Ќе пишам резултати дали ќе ми се погоди. Ми треба некоја лесна пудра/тонирана крема, сега за на лето :)
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Ми треба совет за пудра за лице. Не се разбирам баш многу ,зошто ретко и користам. До сега ја употребував Макс фактор lasting performance 102 и сум прилично задоволна од неа. Арно ама некако ми е тешка пудра за летно време, а и сакам да сменам малку.

    Имам многу сува кожа и ако пудрата е агресивна ми се лупи кожата на тие места,макар што пред тоа ставам крема или Нивеа подлога за шминка. Не ми треба некоја голема покривност ,имам чисто лице, освен некоја бубуличка тук таму за време на мензис.

    И доста бледа кожа ,со жолт подтон па ми треба нешто што ќе му даде свежина на лицето и ќе ми го изедначи тенот. Цената и нека е поголема, пак се работи за пудра,а јас имам доста сензитивна кожа.
     

    Прикачени фајлови: