^ Веќе пишав препорака за добра пудра некој пост погоре. Имаат и различни видови. Ама ако ти е толку проблематична кожата, добро е да ја оставиш да одмори барем преку лето. И треба да обрнеш внимание и на средството со кое си ја чистиш шминката и лицето. И тоа влијае на кожата. Ако ептен не сакаш да одиш премногу бледа низ град, можеш да ставиш малку руменило и со него ќе добиеш свежина без да мора да ја оптоваруваш кожата на лицето со пудра.
Си ја купив вчера подлогата за шминка на Јанг Дерм, бр. 5 и моите први впечатоци се феноменални. Има многу пријатен мирис, веднаш се впива, убаво го изедначува тенот, со еден збор добро си ја врши работата за таа смешна сума од 95 ден. за 50 мл. :up: Моментално имам една многу лесна пудра на Балеа, средно покривна и заедно со подлогава во комбинација се совршени за лето. Лицето никогаш не ми изгледало посвежо, а буквално не се познава дека имам пудра. Ниту мало м од мрсен сјај и светкање на Т-зоната. Како што ја нанесов, така си остана цела вечер. Уште само да видам како излегува на слики (ова звучи сега ко малтене на фотосесии се шлаам) ама мене ми е важно како се фотографира пудрата, зашто сум истрауматизирана од едни новогодишни фотки, какви не би му посакала ни на најголемиот душман (се заради грдата пудра). А едно кратко прашање - дали под подлогата ставате обичен крем за лице? Јас вчера не ставив, на исчистено лице ставив само подлога, па пудра. Зашто ова е сепак нијансирана крема убаво кажа Мишела, нема потреба од дупли крем на лицето, не? Во секој случај ја препорачувам, мислам дека разликата во нијансите и не е преголема, но сепак за оние со посветол тен подобро би одговарало бројчето 5.
Од орифлејм која им е најдобра? Се мислев дали да продолжам со calming effects oд Авон ама сакав и малку да сменам.. само да е поквалитетна.
Трендафилка, мислам дека нема потреба од крема. Самата подлога е течна и кремаста, јас си ја ставам директно, на чисто лице и немам никаков проблем. Дури мислам и дека би можела да засветам ако ставам крема А за тоа како излегува на слики, убаво што спомна, морам и јас да проверам, зошто си имам и јас трауматични ’фаца-дух’ искуства Значи, за помалку од 100 ден, можам да кажам дека ова е моето најдобро откритие до сега, особено за лето и сум пре, презадоволна. Искрено, многу бев скептична за квалитетот на подлогава, ама излезе топ! Мирис - прекрасен, мрсен сјај - нема, ефект - природен, како да немам пудра. Ма совршен летен must have производ :up:
Пак јас, накап. Ако мислеше како излегува на слики лицето кога имаш ставено само од подлогата, кревам рака - бев експериментално глувче пред речиси две недели, кога уште не ми беше нафрлано лицето. Со обичен апарат лицето е супер, природно и не така Каспер-бело, ама јас си имав ставено малку руж на сите побитни точки (да ги наречам) од лицето, па можеби затоа, што знам. Инаку, пребледа сум природно. Со HD апарат уште не сум запрметила како би било кога би било - не љубам да ми прават фотосесии низ кафичи. Со пудра би требало да биде уште поубав слики-апарат ефектот, ете ветувам ќе пробам наредниот викенд, ваљда и со профи-мофи апарат, чисто информативно. E и тоа го пробав, од шубе да не случајно биде неубаво да нанесувам само подлога на „незаштитено“ лице и што знам, немаше некоја си уау разлика, стварно му доаѓа кремче па пак кремче и се откажав, дефинитиваменте си останувам само на подлогата, па пудра одозгора, барем јас.
Најдобрата пудра што некогаш сум ја користела, верувајте ми ја носев цел ден на жешко и навечер исто така во аватба, ни потење ни бришење,ништо, а да ви кажам исто дека за да ја извадиш треба само лосион за отстранување на шминката или 2-3 пати со вода и сапунче НАЈДОБРА. http://www.makeupalley.com/product/show ... oundations
Да го споделам со вас девојки моето ново искуство Имам пишано дека редовно ја употребувам deborah color copy и дека сум презадоволна од неа но пред месец дена решив да ја променам, како да ми се презасити кожата веќе а и не ни ми беше мрсна, ми се нормализира кожата па си реков ај да купам некоја друга. Ја земав seventeen natural velvet, си викам ај нешто поуниверзално да речам, барав да пишува for all skin types, а seventeen (time plus) во младите мои години ме немаше изневерено Пудрата е одлична, многу лесна пудра и убава покривност, дава природен изглед, се нај нај нај за неа. Лицето ми е поизедначено откако ја ставам, јас лично многу сум задоволна. Одозгора ставам малку bourjois healty balance kamena и совршено е. Ја препорачувам пудрава за нормална кожа со некоја флекичка по образите и чат-пат некоја акна чувствувам дека кожата ми дише кога ја ставам пудрава за разлика од дебората (дека е мн потешка). така да, ако немате потреба многу (а секако дека нема, ние самите само знаеме да си се жалиме и да си ги бараме недостатоците) ставајте полесни пудри, посебно на пеколниве температури.
Последно искуство - од ова нешто http://joliejoliecosmeticos.clantea...e/cdr_make_up_mousse/Cdr_Mousse_found_big.jpg и потоа ја фиксирав со http://i00.i.aliimg.com/photo/v0/12285594/Moulin_Rouge_Deluxe_Compact_Powder.jpg Многу пари лиснав кога ги земав ама ова се реакциите: Бев на свадба со оваа комбинација од пудри и немаше потреба од корекции. И денеска на овие жештини ја употребив истата комбинација за да ја тестирам за вечерва за на роденден And: презадоволна сум. Бев на работа, се вратив и уште нема потреба од корекции. И порано со други пудри имав чувство дека лицето ми е „свежо тапацирано“ бидејќи мноогу ретко користам пудра. Ама со ова немав такво чувство. Сега проверував и дури ги имаат и на попуст. Само веројатно името им е сменето(или така некако). Ова се иститие тие кои претходно ми ги фалеа многу другарки. Камената пудра. Само ги немаат Make Up - Mousse. Се сеќавам дека и тогаш ги имаа во ограничени количини и беа прилично скапи. Ама затоа имаат течни со пумпичка... И откако си се испофалив, вака ќефна одам на роденден без мака и мислење на тоа дека шминката ми се растекла по лицето
имам сменето повеке пудри до сега и од орифлејм и од авон ама не сум ич задоволна сега ја користам импалата не е нешто посебна ама поминува некако. Не ставам секој ден само за вечерни излегувања
А во врска со пудриве , уште од кога ја купив течната пудра од Авон , имаше некоја чудна миризба , непријатна , и трае до ден денес..па сите вака непријатно мирисаат или нешто не е во ред со мојава ??
Јас пред 2 години ја користев постојано и кај мене имаше непријатна миризба, се е во ред со пудрата, секако додека ти одговара ќе си ја користиш
При крај ми е тубичката, Dior имам до сега користено. Задоволна сум, незнам како си ја погодив нијансата, но многу ми се допаѓа. Некои ми ја препорачаа пудрава на Oriflame, но сакам да ве прашам дали е добра и дали сте задоволни, да не се зафркнам.
^ Незнам да ти кажам, вујна ми ми ја донесе од Франција. Кога ќе ја видам ќе ја прашам, па ќе ти пренесам.
Пудрава јас ја имав добиено на поклон,ама најсветлата нијанса,значи ако ја порачуваш никојпат да не се зафркнеш да ја порачаш,значи и јас имам бел тен,ама ова е од белото побело,за покривност не е многу покривна,лесна пудра е и многу убаво мириса (јас ја мешав со други пудри и мирисот и стануваше одвртен)сума сумарум би ја порачала ама потемна нијанса.
јас сепак ваква пудра си купив денеска , има ли некоја вакво искуство , се надевам дека не згрешив при изборот
Мојата нова пудра,средно покрива но со камена пудра е супер,лесна е за летово е супер ,првите минути кога ке ја ставиш на лице малку лепи,но дава мат изглед,во основа добра пудра но не би купила повторно