Мене не ми се допаѓа. Има многу течна текстура, ко вода е дури. Ако сакаш лесни пудри, со не толку голема покривност би требало да ти одговара. И да ако ја порачуваш одбери ја нијансата Ivory, затоа што Porcelain е пресветла, а Sand е буквално портокалова.
Подолг период ја користам импалата и сум задоволна од неа, бидејки многу покрива и ми го прави лицето убаво
Ако мислиш за импалата јас порано ја земав 400 ден некаде, а сега незнам бидејки мајка ми ми ја купува
Дали некој ај има користено пудрава дали е добра,дали прекрива и која цена е? сакам да ја сменам мојата па се мислам дали оваа е добар избор
Јас, една од омилените ми е. Цената варираше, сега мислам дека е 400-420, тука некаде. За навечер е супер, посебно ако сакаш нешто да покриеш Претежно ја користат тинејџери.
оваа пудра беше до 200ден не беше поскапа сега во секоја парфимерија различна и беше цената знам моја познаничка ја користеше ( сега можеби е и намалена еве алиса пиша дека сега е намалена на 130ден) а иначе можеш да ја најдеш и во некои маркети каде за разлика од парфимерија малку е поефтина
Леле девојки, мене искрено многу ми се овие пари што ги кажувате за пудра. Е сега, вистина е дека има огромен ефект изгледот на лицето,т.е. на пудрата врз целокупната шминка, ама сепак...Може пак, дека јас немам многу проблеми со кожата затоа не сфаќам колку е сериозен вашиот проблем. Јас си користам Делине пудра со години. Чини околу 150 денари и долго трае. Лесна е и не ги затнува порите, а содржи и витамини. Презадоволна сум од неа.
За ИМПАЛА колку што сум запознаена, имала многу жива во неа, и го јадела лицето.. не знам јас си користам од АВОН пудрата Avon MagiX Cashmere Finish Foundation, нема поубава
Мислите ли дека е подобро да се користи подлога за шминка која не содржи пудра? Гледам по парфимерииве почнаа да ги носат, пишува на нив течна минерална подлога, која не содржи пудра.. Користел некој, искуство?
Jас саботата ја земав на есенс таа пенестата малата,ја видов 6 долари и си велам ај за толку ке ја земам,ја земав втората нијанса,оти првата ми беше многу бледа\бела де,ама вторава вчера ја тестирав и ми стои многу жолто на лице,имав чуство дека носам паштета на лице,а и не е многу покривна,онака лесна пудра,прелесна A и некако чудна ми ја прави кожата,како да ми ги истакнува сувите делови,многу чудно се чуствува на лице Jа земав и на Rimmel Wake me up ама за неа подоцна ке пишам
И јас ја користам веќе подолго време, супер ми е.. е сега зависи колку имаш за покривање, инаку дава многу природен изглед на лицето околу 390-400 денари е.. Да прави некое чудно чувство на лицето, како прашина да остава ја купив, ја користев некое време и ете пола тегличка стои, баталена е...
Пудрава е за многу суво лице, барем така беше порано, малку и е изменета амбалажата, но мене никогаш не ми се допаѓала, како паштета да мачкаш на лице. Незнам какво лице имаш кажи да ти помогнеме за избор на пудра, ама бидејќи си мала не би ти препорачала уште сега вакви тешки пудри, пробај со пудрите од Јанг дерм, или од есенс,или на севентин, тие сме ги користеле сите кога сме биле помали зашто се наменети за тинејџерка кожа. _ А гледам горе сте пишувале за пенестата пудра на есенс таа е најлошата wolf4e од сите тие пудри, ја имам пробано на тестер, жолта е, и не се приспособува баш баш на тенот. Незнам како лице имаш, зашто викаш дека ти ги истанува сувите делови, овие пудри со ваква пенеста структура се исклучиво до мрсно лице, зашто не се мрсни ич, брозо се впиваат и лесни се, не се осеќа на лице ни по 6-7саати. Ако си решена да купуваш ваква и ако имаш мрсно лице, земи ја l'oreal matte morphose, дупло поскапа е да, ама разлика има од ова како ден и ноќ, јас стрикно за преку ден ја користам и си немам мака. Имаат и мејблин таква пудра ама не сум ја пробала и незнам а цената и е горе доле како лореалот