Импалава е невероватно за никаде пудра. Подобро ќе намачкам Аргета на лице, отколку Импала Ама добро, секој различно
Покрива и тоа како.Ама и изгледа како со паштета да си намачкана.Дефинтивно не за нас младите.И јас никогаш не би се одсудила да ставам ваква пудра на мене.Така да мој совет памелче,барај си нешто друго како за наши годинки а не оваа Имаплава.Јас не сум ја користела,ама школските мои.Абе ко ќе ги видам на лице,исто како од саем за паштети да идат
Импалата содржи еколаген. кој помага во потполнување на брчки кај постари лица, така да не е препорачлива за млади девојки.
Дали некој ја има користено оваа пудра во прав од Алверде (ДМ), и ако може да каже искуство, дали е добра?
Hемам мрсна кожа,сува до нормална ми е,од време на време некое мозолче ке излезе и така. Hа т-зоната ми стоеше многу чудно,баш сувиот дел ми го нагласи,јас ја земав зашто ја видов ефтина и ја земав A овие од лореал од таа кремастата имаат за сува\нормална кожа и колку е покривна,имам јас мали флеки од акни на образите и ми треба баш покривна,онака за секој ден
ја има некој користено? каква е? инакѕ мрсна кожа имам, сакав да ја пробам ама ај прво да слушнам искуства
VICHY пудра Да ве прашам, дали некој ја има користено VICHY и ако да, што мислите за оваа пудра. Имам 17 години и сакам да почнам да ја користам, еднаш ја пробав и многу добро ми одговара ?
VICHY пудра Не сум ја користела но, ако ти се допага и ти одговара како што викаш користи си ја, зашто да не..
Моментално ја користам Студио Артист од Орифлеим, прекрасна е, прилагодлива на секој тен. Имав и од Макс фактор со зелен икс но ми се потроши. После купив една од Авон Екстра Ластинг на почеток ми беше добра но подоцна ми беше многу сува. Со пудрите од Авон имам проблем ме исфрлаат, па сакав да ја вратам но ништо не испадна, и јас дадов на мајками. Студио Артист ми е одлична на секого ја препорачувам.
јас ја користам и сум задоволна , и јас имам мрсна кожа и лицето не ми свети , исто така добро покрива
па не ама на интернет кога барав за пудрава прочитав многу луѓе пишале дека се исфрлиле од пудрава па малце страв ме фати па сакав да видам да не има и тука некоја со такво искуство пред да се решам да ја земам. Иначе колку ја зема?
ооо..не сум знаела , јас сакав некоја поквалитетна да земам што покрива , и бидејки имам мрсно лице нејкев да светам ко лампион ,и барем за моето лице е добра.. инаку има повеке видови на пудри од мејбилајн , само што незнам што е разликата ја земав од грција , 17 евра, во МК ја има по космо и по др. парфимерии
И покрај предупредувањата дека ќе светам после неколку часа од maybelline dream satin liquid, сепак ја купив и можам да кажам дека не е за овие горештини, не е за за мрсно лице но ми делува како идеална за посвежи периоди... дава нежен, мек, топол и ''влажен'' изглед на лицето, лесна е, не ми делува како многу покривна за проблематично лице...воглавно сум задоволна иако не е постојана, после некое време треба корекции со камена или пудра во прав-јас имам мрсна т-зона па таму корегирам, но си ја погодив нијансата како никогаш досега со ниедна друга пудра, и сега засега ќе ја ставам само навечер за неколкучасовно излегување и ќе чекам есен за да можам и преку ден да ја користам
Најголемите жештини ги поминав со Дебора Колор Копи за комбинирана и Ревлон. Никогаш не би ги сменила,ама никогаш.Нанесував сосем малку,зошто малку потешки се,ама веќе сум навикната на нив.Дури и не ми с е познаваше дека сум со пудра,особено со Ревлонот ,лицето ми е кристал. За само плус 130 ден прекрасна комбинација со ФлорМар камена пудра,која воопшто не се познава,сосем природна,и лесно поднослива.
Девојки ја има пробано некој пудрата на Radiant? Јас брендов во Unique го имам видено и се мислам дали да ја земам пудрата?!... Некој да не ја има користено и отприлика како и се движат цените сум заборавила одамна немам влезено во Unique?? Да знаеш ако имаш суво лице немој да користиш ваква пудра , не одговара на типот на кожа . Пробај со високо хидратантен прајмер (база) може ќе имаш различен ефект. Ја немам пробано јас оваа пудра но со сигурност ти кажувам дека сите вакви пудри на сува кожа која не е добро хидратирана ќе го дадат истиот ефект.
Би ти ја препорачала Normaderm taint јас ја користев, топ е, не само што покрива туку ти го регулира вишокот на маснотии на лицето, ја имаш во секоја аптека. Normaderm taint na Vichy, топ е и ми помогна многу, башка е медицинска козметика.