Женски ми треба пудра за нормална накај сува кожа ке одам утре да ја купам некоја препорака ? се мислам за меѓу или
пред неколку години ја пробав мејбилајнот, мене лично не ми се допадна. Моментално ја користам оваа на севентин и нема никогаш да ја сменам. Одлична, лесна, прекривна, ми стои цел ден.... и нема маана на пудрава. Од мене едно гоолемо ДА! ЈАс имам нормална кожа, ќе ти одговара сигурно.
Hекој не можеше да дочека да ги потроши старите пудри и отиде да ја купи новата на Pевлон Revlon Colorstay Whipped foundation Eдвај чекав да ја донесат овде во Aвстралијава,како и нормално покасно ги носат Mногу ми се допага што е креместа\пенеста пудра и лесно се нанесува и многу природно се чуствува на лице,баш како крема Cтои цел ден,баш како Pевлонот колорстеј дури ми се чини дека стои и повеке на лице,покривна средна-целосна покривност Oд мене има 10\10 Cамо една мала замерка за цената,за мене е малку скапичка Jа земав и Wаке me up на Pимел,во главно задоволна сум и од цената и од пудрава,лесна е на лице,има светки ама многу дискретни и повеке ми е како во лето. A за покривност лесна\средна јас имав мозолчиња и не ми ги покри толку добро како Pевлонот,ке ја користам кога ке ми е почисто лицево Jас задоволна сум од неа :up: Aко го интерсира на некој од кај ги земав,не ми се купени од Mакедонија,туку овде во Aвстралија ги земав Спојлер Mорав да го напишам ова,оти многу пораки добивам од каде ми се производите
Девојки,да не има некоја од вас користено шминка Наполеон грчки бренд ? Дали имате некаде видено во Скопје да се продава?Јас ја имам пробано нивната пудра и многу ми се допаѓа само не е купена од тука. Би сакала пак да ја користам
^ Oколу 600 денари е, ама повеќе е за нормална отколку за комбинирана или мрсна кожа. Брзо ќе ти светне т-зоната ако ти е прилично мрсна.
Се согласувам со Мишела, јас ја имав таа од Seventeen (а имам масна кожа) и стварно брзо ми засветуваше лицето. За нормална кожа мислам дека би била сосема ОК (бидејќи викаш дека имаш нормална накај масна кожа, ако ти се масти само Т-зоната, можеш да ставиш малку камена пудра на тие места). Инаку, убава е пудрата, прилично хидратантна и покривна, и има убава текстура.
Добро не ми е којзнае колку мрсна,важно ми е да биде добро покривна и да не се познава дека имам пудра
ја користам на макс фактор ластинг перформанс.барам некаква замена за неа оти скапа ми е некако... предлог некој?
Многу пати ја фалев тука, ама сега ќе се жалам за пудрава Ја купив пред неколку месеци ама сеуште имам скоро пола тубиче. Се си беше супер додека пред два месеца престанав да ја користам. Избегнувам да користам пудра преку лето . Кога гледам пред некој ден - вода... Ми се исцеди по рацете. Не ми се случило до сега вака. Ја проклумав колку можев и никако да се стегне. Не ми стоела изложена на сонце или отворена. Поима немам што се случи :/ Има чаре? Спојлер Пoкривна си е како другпат (горе доле) ама непријатно е гола вода да мачкаш по лице
EmGreen, мислам дека е нормално, со оглед на тоа што оваа пудра е премногу течна. Сепак, провери ѝ го рокот на траење, иако не верувам да е до тоа. Се случило најверојатно поради тоа што подолг период не си ја користела, а премногу е течна, стварно.
Рокот и е до 2014 Течна беше и претходно, ама ајде да речам средно -течна, ама сега е тееечччнааааа. Кога ќе го промешам тубичето звучи како водичка да сум го наполнала... Ќе ја користам додека можам, маскирана со малце камена врз нејзе, ама за следена пат купување - јок фала
Девојки, сите се заинтересиравме за подлогата од Јанг дерм, па ги замолувам тие што имаат купено да постираат слики од нијансите, бидејќи нема тестери за овој производ.
Е слики од нијансите - слабо, а и не изгледаат нијансите исто на секоја кожа, така да ако јас на пример ставам слика (имам многу светол тен), дури и 5ката ќе изгледа темна на мојата кожа, а уствари не е, па сигурно некоја ќе добие и погрешна претстава. А се сомневам дека некоја ги купила двете па да стави слики. Ќе се повторам по кој знае и кој пат , дека можете и од око да ја погодите, затоа што онаа со бројче 5 има жолт подтон, па би им одговарала на сите кои имаат светол до средно светол тен, а шестката на оние со потемен тен, бидејќи има црвен подтон. Па побогу, под пудра ќе ја ставате, секако дека ќе си доминира нијансата на пудрата, а подлогата ќе ви остане како кремче одоздола впиена на кожата. Е сега, ако сакате да ја користите како замена за пудра/крем, кажав дека е лесно да ја погодите и од око.
И мене ми се случи истото, ми се растече а јас убаво си ја користам, може не секој ден ама не така ретко. Прво мислев да не ми е топло во соба, па едно време и во купатило ја чував ама нема чаре. Катастрофа е, моментално за ништо не се користи. На почетокот беше покривна ама не којзнае колку. Вторпат ваква не.
Кој каква нијанса има нека стави слика ако сака, на сите странски сајтови ставаат слики од нијанси, не знам што е проблем, секој сам ќе процени за бојата на кожата и тонот. Нијанси не се прераскажуваат со зборови.