Не знам што толку си запнала за слики, странските сајтови, те странските. Значи ти објаснив убаво, која каков подтон има, процени си според тоа каков тен имаш и дали ќе ти треба потемна или посветла подлога. На сите девојчиња така им објаснив, сите си ја погодија бојата на нијансата и ниту една не се пожалила. Ете гледаш, ние тука успеавме да си ги „прераскажеме“ нијансите, а тоа со сликите секогаш си останува на АКО некоја сака ... а ако веќе толку запна, па земи ги и двете и ти биди таа што ќе стави слика, м? Па побогу, подлогата ќе ја ставаш под пудра - нема ни да се познава, освен ако не планираш да ја коистиш како секојдневна крема/замена за пудра. Значи резимирам - ако имаш светол тен, земи си ја бр.5, ако си од оние со потемен тен, бр.6 ќе ти заврши работа. Спојлер Големата филозофија.
Да не знае некој за каква кожа е max factor lasting performance? Јас имам масна кожа особено на т-зоната, досега ја користев bourjois flower perfection ама некако тешка ми е, од таа причина не сакам ни ревлон да купам.
Мене ми треба препорака и совет за убава покривна камена пудра, но не превисоко буџетна бидејќи ми е потребна за пократок временски период. Имено, јас корисам само течна пудра, но мојата нијанса ми е сега светла на тенот поради тоа што сум исончана. Па сакав да купам некоја потемна ама да пробам со камена за овој период додека ми трае бојата од исончаното. Или да купам повторно потемна течна? помош?!
kitty.lover можеш бронзер да купиш, ќе ти користи и после кога ќе ти избледне бојата, само тогаш ќе ставаш помалце
Не знам, се плашам да не светам многу. Имав пред извесно време и не ми се погоди многу,па затоа... Можеби и некој мат би била добра варијанта. Сепак ќе размислам, фала
Незнам каква кожа е мојава но јас секогаш се шминкам и користам различни пудри, не ми се појавуваат акни. Фала богу со тоа немам мака.
Имаш и мат бронзери не мора да купиш со светки.Не сум користела на есенс ама еве ова пишува дека е мат,мислам ќе ти помогне,а цените не им се високи
http://www.bourjois.co.uk/var/storage/i ... hy_mix.jpg за каква кожа е најпогодна оваа пудра? знам дека истава ама со серум е за сува кожа ама оваа????
значи хелти миксот обичната на сликата е за сува до нормална? сигурна си? дека на нет ова го најдов за неа This has a good shade range if you have fair skin with yellow undertones. It will be great if you have normal combination or oily skin.
^ Јас ја користев и не ми одговараше. Имам мрсна кожа. А и самите продавачки во парфимерија ќе ти кажат дека не е за мрсна кожа, ќе светнеш за 20 минути, прелесна формула има и нема мат финиш за да биде погодна за мрсна кожа. Подобар избор ти се Био Детокс или онаа 123 Перфект.
Не ми се верува дека ја пронајдов совршената пудра за моево лице одлично прекрива не е многу скапа и најважно изгледа премногу природно а не како другите изгледав како паштета да имам ставено на лице Од пудрава не очекував многу ама сум презадоволна и за скоро време не планирам да ја сменам Голема благодарност до Mishela ја замарав со лп и до другите девојки кои ми помогнаа во темава
Каква коза имаш??? И каква подлога ставаш? Одговара оваа пудра за осетлива коза? Фала ти Росе,поздрав.
Не користам многу пудра, ама кога морам , ставам. Пред неколку дена си купив Кетрин Арли, во едно мало пакување, и кога ке ми притреба си ставам
Natural velvet на Севнтин е околу 600 денари - цената варира, ама во главно се движи тука некаде околу шесте стотки. Би требало да им одговара на сите кои имаат сува до нормална кожа, оние со малку помрсна брзо ќе светнат на критичните зони. Инаку, како подлога за пудрава може да послужи и најобичен крем, оној што си го користите секојдневно.