Ако имаш чисто лице, дури и подлогата ќе ти биде доволна, нема да ти треба пудра. А Хелти Миксот е за сува до нормална кожа, затоа ти светнувало лицето, плус имаш мрсна кожа чинам. Штом веќе си користела Боржуа, јас би ти ја препорачала оваа Спојлер Иста цена е со Хелти Миксот, ама многу попокривна и потрајна на кожата. Ја користам од април месец секојдневно и ете, абер нема од трошење, се исплаќа за парите. И ниту еднаш не светнав во лицето, ги издржа дури и најголемите горештини. Од овие другиве не знам која би ти ја препорачала, Макс Фактор не ги љубам баш, ете можеш да ја пробаш и Лореал онаа со црвено капаче - околу 700 беше. Многу бев задоволна и од Дебора, nude perfection, а баш за мрсна/комбинирана кожа е таа со зеленко капаче colour copy. И двете се по 650 денари.
Оваа 123 од Боржуа ја пробав кај една другарка ама незнам зашто ми изгледаше ко прашникава?! таква треба да биде или? Некако како одма да се сушеше и како прашникав финиш да оставаше
^ Па за твојата кожа многу нормално дека ќе биде одлична пудрата - имаш веќе да кажам зрела кожа, ама за 16 годишно девојче никако не би ја препорачала.
Ај јас уште еднаш да прашам за Loreal,...таа со ваљак,ја имам постирано погоре,но нема мислење,girls help??
Јас имам едно прашање, ама однапред да кажам троа смонато е. Бидејќи при крај сум со пудрата, размислувам да си купам нова (ич не сакам кога по три пудри имам, 4 пати се прешминкувам). Ама во септември ќе одам во Италија, на 6 месеци и се мислам дали да си купам пудра од таму или од тука. Прашањето уствари ми е дали е ист квалитетот на пудрите насекаде, зборувам за пудри од типот на Боржуа, Макс Фактор, Менхетен и сл. Знам дека звучи глупаво ама мене ми има разлика меѓу шампон од Пантен од кај нас и од кај Грција. Истиот тип, истата големина на шише, се исто, од Тинекс ми ја прави косата како тазе печена вештица, а тој од Лидл ми ја правеше феноменална на гграница ќе ме вратеа мислам да отвореа куфер со 3 шампони. Има логика ова моево или си халуцинирам??
Има ами како! Батали од тука, купи си од таму. Ем може ќе фанеш некој попуст, некоја гратис акција... Ех да сум со овој памет, пред две години мислам дека добри два месеца поминав надвор од тука, ќе инвестирав во квалитетна козметика. Сега, сега, збираме пари за Дојчланд.
tigerlady, има логика, не халуцинираш Козметиката и тоа како се разликува од еден пазар до друг. И јас го имам забележано тоа многу пати. Одреден бренд на козметика e наменет за неколку различни светски пазари и според тоа, се произведува во различни држави. На пример, Макс Фактор козметика наменета за Балканот се произведува во Бугарија (лупам), онаа за европскиот пазар се произведува во В. Британија итн. Мислам дека ова е причината за разликата во козметичките препарати. И мој совет до тебе, ако веќе одиш во Италија, земи си пудра од таму. Според мене, козметиката наменета за европскиот пазар е најквалитетна (од лично искуство).
Оваа пудра за тинејџери е? Имам нормална кожа и ми треба некоја добра,покривна пудра ама да не се познава дека имам пудра Ќе ми одговара оваа? Иначе имам 16 години
Јас ќе ти ја препорачам тајм плус. Оваа не сум ја користела, ама со тајм плус имаш добро покривање и не е тешка пудрата како да речеме импала
^ Најмногу до 400 денари. Мислам дека беше околу 350, можеби плус некој денар повеќе. И Натурал Велвет е убава пудра, ама е малку поскапа од Тајм плус. Која и да ја земеш, нема да погрешиш.
Ме мрзи во монетов да вадам скроз шминка за да ви покажам какво ми е лицето без ништо. Нема некои огромни мозолчиња, но не е ни чисто. Имам многу дупчиња, а брадата ми е прилично нафрлана (треба да добијам). Ја купив подлогата за пудра од Јанг дерм нијанса 6. Првиот пат кога ставив имав време и желба за лицкање, плус убава причина имав и одлично легна на мојата кожа, а со пудрата изгледаше уште поубаво. Денес немав многу време за лицкање и ставив само од подлогава и малку руж и искрено одлична ми е. Еве ви слики од само со подлогата и со пудра. Двете ми се малку посветли ама не ми се даваат пари за нова пудра за малку време