Поефтина варијанта а исто топ на Гош, околку 350 денар ако не се лажам беше Откако почбав само со четка да ставам пудра, сите запнале која по која пудра користиш, убаво го изедначува секаде иста количина. И рацете веќе не ми се лом како порано, па кога носев бело, обевезно се прљав, за свинчиња како мене ова е најдобра солуција.
Јас ја користам 2 години, и не ја менувам, ми се погоди многу, како да немам пудра на лицево ко ќе ставам
и јас сум презадоволна која бројка ја користиш? јас бидејки прв пат ја купив земав 84 но подбро ке ми стои да земам 2 нијанси посвфетка и од кај ја зимаш ? јас случајно ја најдов во струмица во макс фактор
ја имам користено тиме плус и ми се допаѓа нема да зажалиш ако ја купиш јас ја користев доста време и сум задоволна покривна е и дава мат сјај на лицето...ја имам користено и она од севентеен натурал велвет таа е околе 800 ден и таа е добра пудра
Колку јас успеав да приметам од 600 денари па нагоре, мислам нема ниедна под 600, само коректорот за под очи чини 300-400 денари.
Колку се Essence течните пудри? Знам дека таа со пумпичка е поскапа само не ги знам цените? И како сте задоволни од таа пудра? Се мислам сега да си земам течна Essence само не знам дали е добра.
Околу 300 денари се. Повеќето се за помрсна кожа. Јас еднаш имав нивна пудра и пријатно бев изненадена од квалитетот кој ми го покажа. Како да имав Лореал на мене. Убави се, баш одговараат на цените.
Не се 600, толку можеш да ги најдеш на попуст или промотивна цена. Обично се 830, 850. Био Дитокс е погодна за комбинирана или мрсна кожа. Лесна е, ама има специфична структура. Ќе ти треба хидратантен крем и брзи прсти, бидејќи во допир со кожата брзо се суши и се прават како струготинки по лицето додека ја размачкуваш. Инаку е солидна по покривност, ама ако имаш проблематично, многу нафрлано лице, подобро барај си попокривна, или користи си и коректор.
Ја имам користено color copy deborah и одговара за мрсна и комбинирана кожа има матирачки ефект. Според мене соодветна е само за вечерна шминка бидејќи остава неприроден изглед на лицето, за мој вкус многу е тешка.
Овие две се најпогодни за мрсна кожа. Првата е малку полесна, оваа со цвеќенцата мене ми беше потешка, а со покривноста ми се тука некаде. Ќе ти бидат добри на покривност и ако имаш проблеми со акни. Спојлер За да не ти биде толку тешка, ставај похидратантна крема. Инаку, не е толку тешка пудра, т.е. воопшто и не би ја карактеризирала како таква. Менхетн на пример е претешка во псоредба со оваа. Исто и Макс Фактор. Сепак секое лице е различно, ама не спорам дека пудрава е повеќе од одлична, како за дневна така и за ноќна шминка.
Seventeen natural velvet камени пудри има? Колку им се движи цената отприлика? И доколку се наоѓа некој кој ја користел камената на менхетен и оваа на севентин, ако е расположен може да ми направи една споредба.
Камена пудра на Севнтин немам користено, некако не ми одговараа течните пудри, па не купив од страв да не и камената ми се погоди лоша. Ама затоа за компактната пудра на Менхетн, онаа со сунгерчето што се вади од „фиоче“ одоздола, е за неа имам само пофални зборови! Трајна, издржлива и на +40 степени, ја ставаш и не мрда цел ден од лице. Ниту пак ми се појауваше мрсниот сјај по т-зоната, а имам многу мрсна кожа. И ми траеше речиси година, а ставав скоро секој ден. 450 ја зедов, толку е и течната, ама за неа сум кажала во многу наврати дека беше една од најлошите пудри што сум ја имала. Камената е стварно супер. И пак би ја купила, само да присоберам некое денарче.