Ја, натурлих! Трендафилке, јас ја имав првата и ја „исцедив“ речиси до крај. Оваа вторава што си ја постирала е крем-пудра, нешто слично како онаа на Лореал, Хипстер што ја фалеше, ете и Маца пишала пред мене. За првава веќе премногу имам зборувано, фалено, ја користев скоро секој ден зашто „ногу љубам да светам“ и траеше скоро цела година, а реално - штом ги издржа ланските горештини, па и почетоков на јуни без пропратни светлечки ефекти, пудрава за цената е повеќе од одлична. 400 денари ја зедов, не верувам да е поскапена. Јас топло им ја препорачувам на сите кои си патат од мрсната кожа, супер е во комбинација со било која пудра. Ја тестирав и со обичната Делине која мене воопшто не ми одговара и не светнав пола ден, што стварно е успех. После се средив со палома, натапкав уште малце од пудрава и готовс. Оваа ванила нијансата ми беше многу темна, измешани се малце, т.е. оваа иако е осмица, не е така темна - до мене е проблемот, бела ко германка сум. Јас ја имав беж (beige) и мислам дека беше 2ка, можеби тројка - не ми е при ум. Има голем избор на нијанси, ќе си најдеш соодветна. Јас моментално терам без камена и не светнувам, благодарение на подлогата Јанг Дерм. Инаку, ќе бидам експериментално глувче на оваа. Немам користено ништо на Римел - освен тука-таму некое тестерче од пудрите кои и не ми оставија позитивен впечаток. Ќе пишам што ќе направам.
Да ве прашам,имам чисто лице,(немам акни и такви работи) ама имам гоолем проблем.Т-зоната некогаш ми е мрсна,а некогаш толку сува што ми се лупи лицето. Секој ден пред да ставам пудра,го чистам лицето со лосион,и ставам крем,па пудра и некогаш за 1 саат веќе ми светнуваат носот и челото,а некогаш уште додека ја нанесувам пудрата носот почнува да ми се лупи. Веќе незнам каква пудра да купам,никогаш не сум ја погодила,од една светам,од друга се лупам.Ако знае некоја од вас,ако има сличен проблем нека ме просветли
А каква кожа имаш - комбинирана, нормална? Можеби лосионот за лице ти е прејак и ти ја пресушува кожата, па затоа почнува да ти се лупи лицето. Пробај да го оставиш лосионот некој период, земи си некое нежно сапунче од детските или Асо Дерм - мене тој ми е толку хидратантен, што дури немам потреба да ставам крем (имам многу мрсно лице, затоа можеби), а истово ми се случуваше кога користев преагресивен лосион за лице и целото ми стана лупешки. Aко ти одговара на лицето пудрата која моментално ја користиш, мој совет ти е да не ја менуваш. Подобро купи си камена пудра и нанесувај ја на проблематичните места од т-зоната за да ја фиксираш течната пудра и ќе го одложиш светнувањето за некое време. Малку погоре објаснив за пудрата на Менхетн, види ако ти фати око тестирај ја, па ставај само на критичните места. Ма да, мислам дека било каква камена пудра ќе ти заврши работа - штом не е за преку целото лице.
Мене ми е погодена оваа пудра. Не е тешка (не се осеќам ко со аргета паштета да сум се намачкала), а покрива тамам колку што ми треба
Комбинирана кожа имам, ги користам млекото,лосионот и кремот на Гарниер за нормална и комбинирана кожа,(зелената опаковка). Ќе го оставам лосионот некое време,а ќе земам и камена пудра,па ќе видам дали ќе има резултати. Фала ти
која пидра трајт подолго време јас користам од deline ама не ми е уба одма некако ми се губит ко да немам ставено ич а имам акни само на вилицава и ке ми се засушат болчината и одма се појавувет ми се вцрвенвит вилицава
Женски,ај да ми препорачате некоја добра пудра во прав.Првпат ќе купам деновиве,никогаш до сега не сум користела,па затоа и незнам каква.Имам и бубулички,па треба добро да покрива и по можност да не е многу скапа.Anyone ?
^ Пудрата во прав не се користи за покривање на недостатоците, ами за да ја фиксираш течната. И нема врска нејзината покривност, ако не ти чини течната пудра, нема да ти ја биде и оваа. Мејбилин чинам имаа солидна пудра во прав, одамна ја користев и не се сеќавам ни на цена ни на ништо.
За тебе би била идеална Time plus Seventeen. Би требало да биде околу 400 денари, можеби 350 некаде. Наменета е баш за тинејџерска кожа, лесна е и солидно покривна. Сепак, каква кожа имаш? Мислам дека е погодна за секој тип на кожа, ама јас имам мрсно лице и не ми одговараше. Ако имаш мрсна кожа, тогаш оваа ќе ти биде добра, ма да јас мислам дека со таа на Seventeen не би требало да имаш никаков проблем.
Околу 280 ден мислам беше.. во Космо го купив, ама воопшто не ми се свиѓаше.. права катастрофа.. ми се разлеваше по лице на горештините... е сега тоа е мое искуство.. можеби тебе ќе ти е ок
Ги користам овие две во комбинација веќе пола година и сум презадоволна. Течната е за комбинирана кожа, а камената е антибактеријална и е препорачлива за млада кожа т.е тинејџери и делува против појава на акни и не ги затвара порите (барем така пишува во упатството). И цената е солидна за двете платив негде околу 800 денари
Сакам да прашам дали некој ја има користено пудрава? А исто има и пудра во прав, оваа: Па сакам да знам дали се добри...моментално се на попуст, да се думам да ги земам...инаку имам мрсно и проблематично лице со проширени пори и тешка пудра, воопшто не ми одговара, одма ми се затвораат порите и ми се прават акни и поради тоа јас неможам никако да погодам пудра Досега ја користев оваа Добра е, лесна е...само има слаба покривност Па ќе ве замолам за совет и препорака ве молам
Pоздрав до сите феминки во потрага сум по нова течна пудра за лице имам пробано од боржуа хелти миxот,флауер фондеишен,и таа со четка шо беше и многу други од маx фактор ни една не ми се покажа добра за моето лице иначе имам нормална кожа ни мрсна ни сува и проблематична понекогаш со акни ако ми покажете некоја добра ке ви бидам благодарна иначе една другарка ми кажа дека лореал тру матch била многу добра и покривна
Лореалот е доста добра да, другарка ми ја користи долго време и е задоволна од неа. Јас не сум ја пробала за да ти кажам од лично искуство Јас би ти ја препорачала seventeen natural velvet. Одлична текстура, дава природен изглед, покрива убаво, имаат одлични нијанси, природни, трае по цел ден, тубичката е 35мил. Сум пробала раааазни пудри, од менхетен, дебора, буржоа, макс фактор, гош, ехехехееее многу сум пробала но во пудрава на seventeen го најдов тоа што го барав. Не е само да е покривна пудрата туку треба и убаво да се чувствува на лице и да дава убав и ненападен „паштета“ изглед. И јас имам нормална кожа со по некоја акна и флека од претходната и пудрава е се покажа во прекрасно светло
Потполно се согласувам за пудрава,моментално ја користам,преубава е само земав една нијанса посветла ама ај ке помине некако