И јас ви ја препорачувам Севентин, веќе две години ја користам и немам намера да ја сменам. Мене ми трае по 5-6 месеци, ставам речиси секој ден и сум многу задоволна. А сакав да прашам, тоа подлогите на Јанг дерм, која е со жолт подтон, 5ката или 6ката? Оти ако се со розов подтон, нема да ми пасува мене, мене ми треба само со жолти подтонови, такво ми е лицето.
Пред неколку дека го свртив цел град со намера да си ја пронајдам најпогодената пудра. Планирав да си ја земам онаа тонираната крема, ама сепак се решив за пудра, попокривачка. Многу сум задоволна од пудрата Тренди. Наменета е за помлада кожа, лесно се упива и не е многу тешка
Дузи, петката е таква каква што бараш. Земи си ја, ќе ти ја замени дури и пудрата на некое време ако имaш чисто лице. Дури и ако не ти се допаѓа ефектот што го дава на лице, со минимално количество на течната пудра која редовно си ја користиш, нема да се познава ниту дека имаш ставено нешто одоздола, а во спротивно, ќе ти ја заштеди течнава и тоа асално. Мојава како што ја шлакав ко несалам, требаше да биде истрошена уште пред два месеци , ама ете ме спаси тоа чудово. Откако ја користам подлогата, трошам многу помалку пудра. Топло препрорачувам. :up:
Very me од Оriflame 190 денари е мислам.И јас имам мрсно лице,не многу но сепак не е баш суво и оваа баш ми се погоди.Многу е течна и можеш да ставиш и повеќе а да не изгледаш вештачко и пак што сакаш да покриеш,да покриеш.Не користам често пудра ама оваа дефинитивно одговора на мрсна кожа !
Вчера ја земав Revlon Colorstay и дефинитивно вреди за парите.Ја ставив за излегување и искрено не очекував дека кога ќе дојдам ќе ми стои како да сум ја нанела пред пола саат.Дава преубав изглед на лицето,воопшто не се приметува дека имаш нанесено пудра и кожата делува премногу свежо.Конечно најдов се што барав од една пудра
Diorskin Poudre compacte Во Јуник има голем попуст на производите на Диор. Кога ги видов цените минатата недела . Рокот им е уреден до 2014, а објаснувањето на продавачките беше дека се менува застапникот. Впрочем тоа не е важно...Немаше нешто голем избор, доста е распродадено. Каменава пудра ја купив за 810 ден, бојата погодена и не му ја мислев многу. По таа цена се продаваат лореал и макс фактор. Ја нанесувам врз течната во тенок слој, пред се на Т-зона...и лицето порцелан
Јас ја имам користено пудрава, има добра покривност (за парите), ама мене ми беше многу мрсна. Многу убаво ми мирисаше, а и + е со СПФ. Ама, ако имаш мрсна кожа, не би ти ја препорачала.
Девојки ако може да ми предложите пудра за мрсна кожа и да е покривна,не знам дали да ја купам дебора колор копи или некоја пудра од макс фактор..
6ката е многу темна, нема да ти одговара. Пробај со 5ка. Зошто не пробаш Max Factor- pan stik, го користам веќе 7-8 години и одличен е, дури и нема да ти треба пудра.
Бидејќи овие пудри се со слична цена се двоумам помеѓу: севентин натурал велвет или буржоа флавер перфекшн Што мислите која е подобра. Инаку имам нормална и чиста кожа. Совет
Јас кога би имала нормална и чиста кожа како твојата не би користела воопшто пудра, за посебни прилики дури и би поминала со обичен тонирачки крем, барем денес има огромен избор на такви креми за секакви цени. Незнам за севентин натурал (ама самото име ти вика дека е природна, што значи и лесна), а оваа другата некаде по интернет сретнав дека била многу тешка пудра иако е за нормална и комбинирана. Генерално Буржоа пудрите доста ги фалат по интернет. Јас имам една со четка и е премногу добра. Бидејќи имаш нормална и чиста кожа избери лесна пудра со ниска до средна покривност.
ги имам и натурал велвет и боржуа и верувај на боржуа нема занема ...јас ја користам онаа кремастат мат шо е и нема замена 100 посто покривност и да се испотиш не се растекува предобра е пудрата
јас би ти ја препорачала дебора колор копи со зеленото капаче.скоро ја купив, првпат ја користам и ептен сум задоволна.пред некој ден дури добив и комплимент од колешка, а сите знаеме колку значи комплимент од женско ...исто, нешто поскапа варијанта ревлон колорстеј за масна кожа
Денес ја купив подлогата за пудро, 5ката, од Јанг дерм. Зегин - 99 денари. Прва работа, е мнооогу светла, барем за мене. Значи јас сум карамелеста во лицето, и без пудро одозгора не би се шетала. Иако некои од тука ми спомнаа дека ја користат и без пудра, сепак... нека си остане како подлога. 6ката ја имаше лично аптекарката ставено, и иако можеби беше потемна, беше со розеникав подтон, и дефинитивно ќе се шетав двобојно на лице и на врат, па подобро светла пудра со жолт подтон. Има убав и пријатен мирис, лесна е, лесно се размачкува. Јас ја ставив на Т-зоната, и многу малку на образите и под лицето, т.е. на вратот и навистина, не светнав. Барем не додека немав ставено пудро во прав. Како и да е, некако стегнува убаво, и навистина помалце пудро се користи. И онака ставам многу малку, па и со ова, петка. Ќе ја тестирам деновиве на сонце, без пудра во прав, без коректор, со коректор... Сега за сега сум задоволна.
Девојки ја имате ли пробано колекцијата Virtual што е достапна во Бјути шоп - Скопјанка? Гледам на ФБ имаат ставено слики и појаснувања од колекцијата а цените се примамливи. Исто сакам да прашам дали сте ги пробале пудриве и како сте задоволни?
Дали некоја ги има користено овие пудри и која е подобра? http://mk.oriflame.com/products/product-detail.jhtml?prodCode=12809 http://mk.oriflame.com/products/product-detail.jhtml?prodCode=22907