Од пред две недели почнав за прв пат во мојот живот да користам камена пудра, без притоа да ставам течна.( ја имам онаа на голден роуз бр.6 и многу ми се допаѓа).Е сега ме интересира дали тоа сунѓерчето што е за нанесување се мие со вода, или ново се купува.Ако се купува ново, на колку време го менувате сунѓерчето:?
Сум ги користела и двете и не се лоши, но се многу различни. Првата дава мат ефект и е за мрсна или комбинирана кожа. Мене оваа повеќе ми одговараше затоа што имам комбинирана кожа, а мразам дури и малку да светам. Втората е полесна, потечна, дава посјаен изглед. Супер изгледа на образите, но на Т-зоната (кај мене) премногу сјаеше. Ќе биде океј ако ја фискираш со камена пудра. Помалку покривна е од првата, имај го и тоа предвид, не знам колкава покривност бараш. Се на се океј пудри за цената, но некако Oriflame не се пудри за мене, освен Giordani Gold. Премногу се жолтеникави и треба многу да внимаваш при изборот на нијанса, ќе биде подобро ако имаш некој тестер да ги пробаш. Сунѓерчето треба да го миеш во зависност од тоа колку често ја користиш пудрата. Ако ја користиш секојдневно, миј го барем еднаш неделно. Како и да е, по некое време ќе се оштети, па можеш да си купиш ново. Ти препорачувам да си купиш четка за пудра за подобра апликација, лесна за употреба, а и похигиенски е.
Ајде вака препорачајте ми пудра со средна покривност, за нормална до сува кожа што нема да ме прави ко сијалица? До 400-500 денари..
^ Mенхетн никако не е за сува или нормална кожа, ами конретно за мрсна. Немојте да ја користите ако стварно немате комбинирана или мрсна кожа, зашто пампарче ќе ви го направи лицето. За нормална кожа би ја препорачала Севнтин, без разлика дали е Тајм плус или онаа Нејчрал велвет. Првата секако не е повеќе од 450 (на времето беше 300 и некој денар, ама поскапена е од тогаш), а вторава искрено не знам колку е, ама солидна е. Добри се и за тинејџерската кожа, што е најважно.
Имам малку специфична кожа. По миење е ужасно сува, а по некое време станува мрсна најмногу на Т-зоната. Имам од време на време и бубулички. Барам течна пудра која ќе покрива многу, а нема да изгледам "тортасто" и напластено. Ќе може да ми препорачате некоја? P.S. Од АВОН и Орифлејм ми се немаат погодено.
^ Ол тајм фејврит ми е пудрава, иако моментално си откажавме друштво. Дава природен изглед и солидна е на покривност, ако немаш многу црвенила и флеки, ќе нема да имаш потреба од коректор. Малце е скапичка (т.е. релативно е ова, ама да напоменам), 650 ја купував. За комбинирана и мрсна кожа добра е и Ревлон, со малку ептен ќе ти покрие, ама дефинитивно е потешка пудра, ама и потрајна - трае и по цел ден и бааги тешко се вади од лице. Цената варира секаде, најефтина беше чинам во Зегин, ама не знам дали имаат избор на нијанси.
Пред неколку дена купив од Космо една пудра од Manhattan, ми ја препорача продавачката, ми ги покажа нијансите со тестер и се одлучив за натурал имаше и перфекшн. Еве за оваа зборувам, ми одговара на лице и солидно покрива, нели е природна, може и повеќе да се покрие, ама за 410 денари сум задоволна. p.s Пишува дека е погодна за тинејџери и ги лечи новосоздадените акни, па од кога ја користам како да почнаа да ми се губат и акните на брадата.
Jaс имам сува кожа и не ми направи никаков проблем на лицето. Не мора да значи дека ако некому не му се погодила пудра и останата козметика, дека на некој друг не би му одговарала.
^ Менхетен е многу тешка пудра и е класифицирана конкретно за мрсна кожа. Јас не би ја препорачала на некој што има нормална, а уште помалку на некој со сува кожа. Може да предизвика сушење на кожата и појава на лишаи. Многу е важно да си најдете пудра што одговара на вашиот тип на кожа. Не можам јас со комбинирана, да користам пудра за сува кожа. Секоја пудра има различен состав.
Јас сум за ќотек. Пак почнав да експериментирам со пудриве. Пак ѝ дадов шанса на Менхетен во црната тубичка , ја помешав во малецко кутивче заедно со подлогата на Јанг Дерм бр.5 и со малку хидратантен крем. Ко темперни боички да мешам, опасна сум. Проблемот ми беше тоа што нијансата ми е потемна, ама сега е стабилизирана до некаде и разликата во мојата природна и нијансата на пудрата е помала и можам да кажам дека подобра е и за дневна шминка. Неделава ќе терам вака, па да видиме. И би сакала Лукс да сподели, дали од Менхетен клир фејс има избор на светли нијанси ? Долго време ја мислам пудрава, ја имам пробано ама пак со претемна нијанса. Супер ми седеше на лице, даваше мат изглед, покривност и све по списак, ама дали имаат нијанси.
^ Ај јас да си кажам мое искуство со оваа пудра Значи, од Менхетенот во црна тубичка нијансата што најдобро ми одговара е sand. Е сега, бидејќи минатиот пат кога купував немаа од црната, во ниедна парфимерија не најдов (немаа добиено две недели, не знам што беше проблемот), си реков ќе ја купам антибактериската, уште поубаво. Па и текстурата и е поубава, не е толку густа. И најнормално си ја порачувам sand нијансата мислејќи дека е иста. Ама кога ја отворив дома - коса ми се крена! Ептен беше темна! Ајде се вратив во парфимерија, немаа beige нијанса таму, па ми носеа од друга парфимерија, гачки... Ја земав beige нијансата, ама и таа некако ми беше темна. Ајде за летово кога бев исончана, супер терав, ама сега веќе не ја бива. Ептен ми двои од лицето. Ги прашав продавачките дали имаат посветли нијанси, они ми рекоа дека beige е најсветлата. Не знам зошто волку темни ги направиле, ама еве од оваа антибактериската повеќе од пола ми остана и здравје ќе ја чувам за следното лето.
јас порано ја користев пудрата на менхетен за сува коза... е сега незнам дали уште ја има...тогаш беше во бела туба...сега се префрлив на импала и делине, импалата добро покира, но бидејќи некако кога ќе ставам ми делува како маска ја помешав со делинето и убава ми е
Девојки сакам да си купам нова камена пудра, некоја да е покривна ама да не е многу тешка и да изгледа како торта да имаш на лицето. Не се разбирам нешто многу у пудри, ама се мислев меѓу камената пудра на Алверде и таа на Есенс. Ако знаете некоја подобра од овие две ама да не е многу скапа препорачајте ми слободно.
Јас имам од антибактериската, ама мојата е Natural mat, и нијансата е vanilla, најсветлата. Само што проблемот е што јас сум прилично бледа, а пудрава е пресветла (барем периодов дури се уште сум исончана). Инаку ептен сум задоволна од пудрата, не е многу тешка, и покривноста е средна, супер ми е за секој ден.
Девојки на буржоа камената пудра како стои на лице, мислам да не се собира на едно место како некој камени што изгледаат. Јас имам комбинирана кожа, пред добивање со некоја акна инаку немам потреба од голема покривност, ме интересира дали е издржлива повеќе часа и дали дава природен изглед, фала ви