Јас си ја зедов на Eveline Cosmetics (неможам да најдам слика од пудрата на нет), заедно со коректор. А тој ден тргнав од дома со цел да си зедам нешто на Rimmel London ама и покрај таа, испробав еден топ пудри, бидејки имам проблем со одредување на боја. Нешто сум помеѓу првите две, најсветлите така да ептен ми беше проблем, бидејки сепак не сакав да изгледам шлакната со паштета а мораше малку потемна па од друга страна да ми се прикријат акните колку толку. Па како да ви кажам, пудрата кога ми ја наплати на каса девојчето ме изненади, пошто ефтина. И откако ја носам на работа, сепак работам со пари, мислам дека и ми помогна и ми ги повлече акните за скоро пола месец само.
Ја користам Revlon color stay и нешто подобро досега немам ставено на моето лице,а сум експериментирала со голем број на пудри и најлоша според мене е Римел.
Штом е BB крем, значи е тониран крем. Се користи како секојдневен крем или како подлога, во зависност од тоа колку сакате да покриете.
Здраво женски Ми треба совет од вас или препорака за течна пудра. Имам сува и осетлива кожа а од друга страна и често исфрлана. Па ми треба некоја добро покривна пудра а од друга страна да не е толку тешка. И од каде можам да купам четка за нанесување на течната пудра? Ајде чекам одговор од вас
Во Космо дефинитивно ја има. Исто во Шатци и Еликсир. Јас до душа ја забележувам во секоја парфимерија, ама во тие три сигурно ја имаат секогаш.
^Во Еликсир неколку пати неможам да ја најдам, а во Шатци еднаш ја барав и немаше. Ќе се обидам деновиве во Космо, фала многу
После 180 потемна е 220 само што оваа малку мава на розево, сепак зависи од тенот дали ќе ти одговара.
за сува кожа а доволно покривна пудра одбери си од мејбилајн,или аффинитоне или дрим сатен јас ја користев прво аффинитоне и ептен бев задоволна а сега ја користам другава и исто така ептен ми е погодена а истиот проблем го имам со кожата,имам користено повеќе пудри ама овие ми одговараат стварно
Bеке некое време ги користам овие две пудри,ако ми се здосади од едната се префрлам на другата Wаке me up-Rimmel и Whipped Cream-Revlon Wake me up ја земав пред 2 месеца и прво што забележав е дека има светки,не се толку заприметливи,ама на сонце светиш како вампирите од Tвајлајт,многу ме потсека на пудрите на боржуа,дава здрав сјај само оваа е малку повеке покривна,но многу лесно се брише додека се вратам дома избришана ми е,а немам мрсна кожа сува ми е или јас многу се допирам по лице или не чини пудрата Mи се допага тоа што има убаво пакување,важно со пумпица е,лесна е и ефтина,најефтина пудра што ја имам купено (12 долари) He ми се допага тоа што има светки и се познаваат,лесно се брише и е леплива Спојлер Oцена:2,5\5 Whipped Cream- Revlon Bo главно сум задоволна од пудрава,лесна е за нанесување,формулата и е како крем пена,стои на лице цел ден ама не како Colorstay,но сепак сум задоволна,лесна е на лице не се чустувава тешко,само не ми се допага пакувањето,мразам да чепкам внатре,а мораш да ја нанесеш со прсти. Cега од покривноста задоволна сум,медиум до целосна,само јас пак морам да ставам коректор,оти не ми ги покрива лузните од акни Oценка:4,5\5
Мислев на тоа колку и стои, како и покрива, како изгледа на кожата, дали е лесна - тешка.. Такви информации
Пудрава е најнова и јас за загледав баш , само што купив две течни пудри па за некој период имам во план да ја земам ми изгледа убава