Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Пудра користам ептен ретко
    најчесто користам
    Јанг дерм (5)
    [​IMG]
    или оваа од АВОН
    [​IMG]
     
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Најсветлата им е 110 ајвори мислам, потоа 150 баф и 180 беиж :) барем така идат тука кај нас најсветлите нијанси
    Првите две се неутрални, ни розеви ни жолти, додуша бафот мава на жолто повеќе, јас сум доста светла со жолт подтон и оваа нијанса најмногу ми одговара :) 180 ми мава повеќе на розево откако ќе се исуши :?:
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    И јас не ја препорачувам Импалата, ја користев можеби 2 години континуирано порано, можеби бев задоволна од покривноста, но потоа дознав колку е штетна... лицето ми беше постојано исфрлано, а јас упорно мислев дека е од други фактори - генетика, храна, бактерии, нечистотија, и упорно се шлакав со мадам Импала.
    :^)

    Конечно, ја прекинав, и лицето полека почна да ми се враќа во нормала.
    Инаку, задоволна сум била од Дебора Колор Копи со зелено капаче, многу солидна пудра, потоа Менхетен антибактериската мат пудра, а за секојдневна лесна употреба, во комбинација со камена, една нискобуџетна пудра по име Тренди, ја имате во Зегин за некои 200 ден.

    Е сега, за следниот пат... навистина сум во недоумица каква да земам :?:
    Се двоумам помеѓу Ревлон (единствено цената малку ме кочи, инаку верувам дека е супер пудрата), црната на Менхетен (не сум ја пробала досега), минералната на Голден Роуз (во белото тубиче, со пумпа што е) или Велвет мат на Флормар.
    :?:

    Инаку, една од најлошите пудри, покрај Импалата секако, за мене лично се покажала онаа на Римел - лестинг финиш, и имав можност да ја испробам на Буржоа - Флауер перфекшн, ја тестирав 3 пати на мојата кожа (која е комбинирана, и мрсна во Т-зоната) и се покажа одвратно - после неколку часа се разлева, се формираат буквално облици од пудрата, и станувам ишарана како географска мапа.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Трендафилка ја имам пробано и црната на Менхетен,дава покриеност ама лицето потоа е како бетонирано.Со лоша и тешка текстура.Мене ми се појавија лишаи од неа.А и не е баш ефтина околу 450 денари е.
    Ако сакаш да земаш пудра мој совет ти е Ревлонот,ако е поскапа ќе ти трае подолго време.
    Мене ми трае околу 5-6 месеци,а секој ден ставам.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Јас пак планирав Ревлон да ја користам 1 година. :D
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    [​IMG]
    Вчера ја купив пудрава сега за сега задоволна сум во однос на цената :D
    Ја има некој од вас користено пудрава? Добра е ?

    [​IMG]

    Иначе претходно веќе година дена ја користев Буржоа , ама не можев вчера да ја најдам, па морав замена да барам :D
     
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е тешка црната од Менхетен, баш убава покриеност ми дава, ама ставам крема претходно, а камена пудра веќе 2 години не користам, па може затоа :wasntme: Не знам, мене никогаш не ми направила лишаи, ама дефинитивно е посува од Ревлонот, прашкаста текстура има. Затоа и пишав претходно дека за поладно време кога пука и се лупи кожата, подобра е Ревлонот, според мене.

    Кога сме кај Ревлонот, поубаво се размачкува од Менхетенот, потечна е и мене пудрава ми е all-time favouritе, како што на многу наврати имам кажано во темава :$

    Така што, Трендафилка, вреди за парите, навистина. И плус има SPF заштита, и се става по малку, мала количина е доволна за цело лице. Мене ми трае убедливо повеќе од Менхетенот, 7-8 месеци сигурно. Побарај ја во Зегин, таму е најевтина, ми се чини беше околу 670 ден.

    А за минералната на Голден Роуз, не знам, не сум ја пробала, како ни таа на Флормар. Меѓутоа, кога е Голден Роуз во прашање, некако сум многу скептична за квалитетот, не знам. Не поради тоа што е поевтина пудрата, туку општо не сум нешто премногу воодушевена од нивната козметика. Флормар, пак, од друга страна, досега ми се покажал како доста квалитетен бренд, па некако имам впечаток дека и пудрите им се ОК, ама пак ќе кажам, само нагаѓам, не сум ги пробала.

    Мој совет ти е да ја пробаш Ревлонот. Нема да зажалиш, ти ветувам :) Поскапа е, ама на пример Буржоа се поскапи и од Ревлон, па не се толку добри, барем мене не ми се :)
     
    На baby-star и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Трендафило моме, дефинитивно НЕ за црната на Менхетн. Убедена сум дека нема да ти се допадне, брашнеста е некако и претешка. Мене ми е потешка дури и од Ревлонот.
    Подобро земи си Ревлон или антибактериската Менхетн, која е далеку полесна, а исто толку добра на покривност.
    Јас се мислам дали да земам Ревлон, ама дефинитивно ќе ми треба таа баф или како и да беше нијансата, а се сомневам дека ја има. :D
    Ќе проверам.
    Ама пак, си мислам дека ќе ми биде и оваа претешка и ќе мачам иста мака како со црната Менхетн, затоа ќе си земам пак Боржуа и ќе си траам. :D
    Со добра камена ќе немам мака. Не знам зошто се бунам кога моментално не користам камена и носот ми светнува за некои 3-4 саати. Е ќе свети, кога нема што да ја фиксира таа пудра. :lol:
     
    На maryJ и Hipster им се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    После доста размислување си ја купив пак мејбилајн само овој пат афинитон минерал и презадоволна сум од неа :)
     

    Прикачени фајлови:

  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Па искрено и тешка е ревлонот. Барем според мене. Незаменлива ми е во споредба со трајноста и со бојата бидејќи дефинитивно е единствена што толку многу ми одговара на тенот, добро ми ја матира Т-зоната и не светнувам брзо со неа. НО за образите и посувите делови... :x секогаш ставам хидратантна крема одоздоле ама многу тешко се размачкува на сувите делови. Мене повеќе ми е за вечерно излагање, преку ден ја мешам или со друга похидратантна пудра или со крем бидејќи не обичам баш многу многу мат изглед во последно време иако имам комбинирана кожа :lol:

    А за коментарот погоре на KalaV хелти миксот е преубава! Малку нијансите на розево удираат за разлика од хелти микс серумот кој повеќе на жолто мава, ама како и да е предобра пудра! Лесно се размачкува, покривна, мене доста долго време ми траеше на лицето. Не е баш мат пудра а не е ни многу сјајна. Средина :)
     
  11. kukle95

    kukle95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    каде можи да ја набавам пудрат?
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Мислам дека за што и да се работи по покривна пудра од боржуа нема...Имам испробано мулиони пудри но од оваа сум нај задоволна мислам дека е вистинското решение за тебе
     
  13. maryJ

    maryJ Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Го делам истото мислење со тебе, така што само би додала (според мое искуство) црната на Менхетн точно дека е покривна, но и моето лице ми го направи целото со лишаи и ми требаа неколку месеци да го опоравам а Ревлонот ми беше супер.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.198
    Дали некој ја користел Deborah Comfort Lift?
    [​IMG]
    Гледам дека е на 30% попуст во Космо т.е 470 денари. Во главно сум задоволна од козметиката на Дебора, а сакам и да сменам пудра.

    Колку што прочитав на интернетов, скоро и да не видов некои негативни критики. Има 15 спф, погодна е за осетлива кожа, нијансите и се природни, покривноста е одлична и сл.
    Е сега не видов точно за каков тип на кожа е. Јас имам комбинирана со не многу мрсна Т зона. Плус видов дека е збогатена и со хијалуронска киселина, која што му дава свежина на лицето и малку го затега. Па прашањто ми е да не е за зрела кожа, да не се шлакам уште од сега со вакви пудри :?:
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Сигурно е наменета за зрела кожа, самото име „лифт“ си укажува на тоа и подобро ти е да не експериментираш со таквите пудри, ако не ти е време за нив. :)
    Не знам каква кожа имаш, ама пудра која одговара на сите типови кожа е Дебора нјуд перфекшн, онаа со розевото капаче. Одлична е и таа со зеленото - колор копи. Малце се поскапи, ама вредат.
    Оваа изгледа убаво, ама дефинитивно е за +30 и кусур, поради лифтинг ефектот. :)
     
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.198
    Фала ти за другите предлози :)

    Инаку претпоставив, ама ај викам да прашам. Не дека имам тинејџерска кожа, дури и една слаба брчка си приметив на челото, но не би се брзала со ваква козметика. Како и да е ако не за мене, за мајка ми би ја земала, убаво ми делува.
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    до сега еве 10 години ја користам на севентин обичната и супер ми е само сега откако ја поскапија и некако не ми е баш истата има мала разлика па еден совет која пудра би ми била добра односно кој ае најсличнана севентинот менхетен црната ја пробав од пријателка ама тешко се нанесуваше и некако ми го исуши лицето
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    јас ја користам ИДЕЛ САТИН од бјути шоп-од козметичката линија Миракулум е ко крем-пудра
     
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Revlonot ColorStay, како се движи со цени низ Шатци, Космо, Зегин..? :?:
     
  20. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    И јас сакам да прашам за оваа пудра.... сакам да ја земам па ме интересира каква е и за каква кожа е, па доколку некој ја има пробано нека пише.