Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Мене 123 перфект ми беше одлична, лицето ко фотошопирано ми го правеше, ама многу сум нафрлана и не знам дали да инвестирам во друга пудра или во поквалитетен коректор. :D
    Нијансите ме интересираат - нема разлика, да речеме од 52ка перфект и 52ка флауер? :?:
    Со Био-дитокс и 123 перфект немаше разлика воопшто, се надевам нема да има ни со оваа.
    И најважното што ме интересира - не ти беше многу тешка? :sweat:


    Па ветнуваш брзо, затоа што Хелти Микс не е за комбинирана кожа, ами за сува до нормална.
    Подобро земи си некоја со мат ефект - флауер перфекшн, био-дитокс или 123 перфект.
    Ако не ти чинат - барај друга марка. :)

    Па кажи каква кожа имаш, ќе ти предложам пудри и ќе ти кажам каде да си бараш. :wasntme:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Мишелка а да инвестираш во подобар коректор?
    Гошот ти е екстра кој и да го земеш.
    Или можеш и некој уште пособар ако си при пари.
    Ако ти е моментално исфрлуфањето ќе се смири у пмс е нормално.
    123 у мое мислење е нешто најдобро ид буржиа, полесна океј покрибва и стварно прави улузија на фотошоп без оној вештачки ефект на кукла(мене тоа ми е лошо)
    Со добар коректор и камена малку врз пудрата мислам дека ќе биде топ :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам Хипстерке со мислењето за пудрата - одлична е, и ептен ми е тешко на душава што така ми се случува. :worried:
    Изгледа хормоните ќе да имаат врска со мојата ситуација, ама за тоа во некоја друга, соодветна тема.
    Имав тестер од таа другата пудра, ми беше некако тешка, а ако ја купам сега, сигурно ќе ме држи до пролет, па и до мај ако не, зашто оваа ми траеше скоро осум месеци. А напролет лицето ми е чувствително и ми треба полесна пудра - 123 Перфект ми беше бонбона.
    Не знам, уште сум во дилеми и нема да коментирам, ќе видам како ќе сум со парите, па може и ќе комбинирам - истата пудра со коректорот на Гош (и онака го меркав од пред некое време), па ако не, ќе барам некој на Артдеко или некоја слична фирма. :doh:
    Не ми се напушта пудрава, заљубена сум во неа. ]:)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Истото и мене ми се има случено. Јас вака се справувам, во лето кога ќе се исунчам ја користам таа пудра. Нормално нема да можеш да ја користиш ако премногу се разликува од твојот тен. Во тој случај направи како што ти кажа Марама. Позрав
     
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Комбинирана,Т-зоната(носот и челото-мрсна кожа), а на образите сува ми е кожата :wasntme:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Досаден створ, знам.
    Мишелка, коментар? :wasntme:
    [​IMG]
    Многу природни нијанси имаат, ги мислам интензивно два дена. :D
    Времето за купување нова пудра се ближи, помош.
    :D
     
  7. MinaFe

    MinaFe Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    17
    Здраво девојки. :)
    користев пудра од авон но некако не ми се погоди..
    имам сува кожа па ќе ве молам да ми предложите некоја...
    сакам тешка пудра која мн покрива ви благодарам.. :* <3
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ако имаш сува кожа најмалку што ти треба е тешка пудра за сува кожа гледај земи некоја покремаста пудра еве на севентин јас пак се решив и ја земав неа 420 денари е и убаво покрива можеш и некоја друга еве види што ке ти препорачаат и другите феминки
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Ја користев на Боржуа 123 Перфект, и веќе ми се потроши, и сега се мислам дали деновиве да ја земам истата само со потемна нијасна, бидејки првава беше посветла одошто е мојот тен, или да ја пробам Ревлонот?

    Одамна тупам со Ревлонот и сама на себе си здосадив, ама многу сум тешка на промени и ми е страв да не е многу тешка пудра, бидејки како што ве прочитав ја квалифицирате за потешка од 123 и за пудра за овој период, иако најважно ми е да има одлична покривност?
    Каква структура има пудрава? (мат е или сл.)

    ПС. Имам нормална накај сува кожа со комбинирана т-зона.
    Во суштина чисто лице, одвреме на време со по 2-3 мини бубулички, ама сакам убав „фотошопиран“ изглед на лицето, онака да е кристално мазна кожата кога е со пудра. :)
     
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Трендафилка, јас ќе ја претркам Мишелка и ќе ти кажам мое искуство :D Ја имам користено пудрава и убава е, задоволна бев. После цел ден поминат со неа се случуваше да светнам малку, ама тоа зошто не користам камена. Некако се одвикнав, не знам, камената ми дава некако вештачки изглед кој не ми се допаѓа :wasntme: Инаку, не знам каква кожа имаш ти, ама јас имам комбинирана, со масна Т-зона. Кога ќе ја нанесеш пудрава, добиваш матиран, исполиран изглед на лицето, феноменален ефект дава :)

    Верувам дека доколку ставав и камена, резултатот ќе беше уште поголема долготрајност и мат изглед цел ден. Се’ на се’, убава пудра, солидна покривност, без чувство на ’маска’ и прекрасна текстура - баш како кадифе да имаш на лицето. А нијансите - сон :)

    Ти ја препорачувам :up:

    Едит: Руби, Ревлонот има кремаста (потечна) структура, лесно се нанесува и размачкува, а откако ќе ја нанесеш, самата пудра се фиксира на лицето, како да се слепува за него. Само, ако ти е масна кожата, внимавај да не погрешиш при изборот кога ќе купуваш, зошто има Ревлон Колорстеј за масна/комбинирана кожа и за сува/нормална. Два вида се :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Трендафилке, ми дојде како порачана со пудрава. :D
    Чини 600 денари - колку што ме држи сеќавање, одлична е за нормална до почетен стадиум на комбинирана кожа, ама за мрсна не би ја препорачала, освен можеби ете овој период во есен-зима, зашто нема сонце и значително помалку се појавува мрсниот сјај. :) Нијансите се одлични, покривноста супер, ама ставај си камена за секој случај, ако веќе се решиш да ја купиш.
    Јас ја купив пред две лета и богами добро ја запаметив.
    Ми одговараше на лице, одлична ми беше, ама многу брзо светнував, иако ставав и пудра во прав. :sweat:
    На лето кожата ми е многу помрсна, затоа можеби. Вo зима некако се стабилизира.
    А како што не сум при пари и срце ми се кине дека можеби нема да можам да си дозволам Боржуа - не ме чуди да ја тестирам пак. Ама, ми фуфка бре. :tmi:
    Мислам дека со камена нема да имаш проблем, ама ако имаш многу мрсно лице, подобро не ризикувај, тие шест стотки инвестирај ги во Дебора колор копи. :)

    Aко не ти треба голема покривност, Риммел ќе ти заврши работа. Дава природен изглед и со малку камена ќе имаш солиден резултат. Мислам дека е 200-300 денари, а козметика на Риммел имаш во таа новата парфимерија кај Глобал, Мачук/Диор, како и да се викаше.
    [​IMG]

    Ете и таа погоре што ја постирала Трендафилка - знам девојчиња со комбинирана кожа кои немаат мака со пудрава, ама ете мојата е помрсна и кажав искуство дека не ми е баш по вкус без камена, а обично терам без камена во последниве 3-4 месеци и немав мака со Боржуа, со оваа не ни замислував.
    Солидна пудра е значи, ама ако имаш многу мрсна Т-зона ќе ти треба и камена.

    Супер се и пудриве на Дебора - едната е за сите типови на кожа (со црвеното капаче), а другата е за комбинирана и мрсна. Околу 650 се и двете и исти се на покривност, покриваат све по списак.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ако си расположена за давање повеќе пари, јас дефинитивно ти ја препорачувам Боржуа, и тоа 123 Perfect. Осумстотини и некои дваесет-триесет денари е, а ако ја начекаш на попуст или некоја промоција, стигнува и до 600. Одлична е и не ја чувствуваш на лице, ама ако имаш кожни проблеми - многу изразени акни (како јас во моментов), ќе ти треба коректор обавезно. А пудрава дава некој си природен фотошоп ефект, како што бара Руби. :P

    Јас дечки, ќе видам како ќе биде ситуацијата со буџетот, па ќе ве известам дали пак сум се вратила на старата љубов или сум пробала нешто ново, поефтинко. Ја меркам и антибактериската Менхетн, дека можеби ќе ми помогне со акните, ама гарант и најсветлата нијанса ќе ми биде темна.
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Ах, златни сте момиња, сте ме кандисале за Севентин, конечно.
    За Ревлонот, немам сомнеж дека е супер, и за 100 ден. секако нема да се правам циганка, оваа е 600, а во Зегин Ревлонот - 700 ден, ама ме нервира пакувањето. :^)
    Плус, не ми е потребна толку покривна пудра, да чукнам во дрво, немам повеќе такви проблеми со лицето, како пред неколку години.
    Тук-таму некоја акничка во ПМС, ништо што со Здраве не се лекува за ден-два.

    Дебора со зелено капаче имам кажано неколкупати е - супер пудра, арно ама и тоа пакување не е баш сјајно, многу тешко се истиснува, да побесни човек. |(
    Па при крајот, со жолчни маки, сум ја исекла еднаш со ножици, да ја дотрошам.

    Инаку, имам иста кожа како СексиБејби - непроблематично лице, мрсна Т-зона која светнува после 6 часа, а суви обравчиња и ми треба средна покривност, ама исклучиво мат пудра.
    Камена имам моментално на Флормар и сум презадоволна, а не го заборавам муабетот за камената на Менхетен, здравје, другиот месец тоа.
    ;)
     
    На crazylady и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Мишелке, ај кога си веќе на темава, просветли ме за пудрите на Буржоа :$ Ги имам пробано од тестер Healthy Mix и уште една, ми се чини беше Flower perfection, ама што знам, од еднаш некако и не добив некој посебен впечаток :wasntme: Кажи ми, ти оваа што ја користиш 123 Perfect за масна/комбинирана кожа ли е? Читајќи те, добив желба да ја пробам, а не е баш евтинка, па затоа :$

    Јас пошто не ставам камена кога се шминкам за секој ден, ми треба пудра што ќе остане мат на лицево, од која нема да засветам за 2 часа. Си ја користам Ревлонот, ама не секој ден константно, бидејќи малку ми е препокривна и тешка за на работа, повеќе навечер. Чисто лице имам, не му треба којзнае колкава покривност, ама сакам да ми биде со полиран изглед, да делува чисто, свежо и мат, се разбираме, нели :D

    А не знам од каде, ама така во глава си имам створено некое мислење дека пудриве на Буржоа не се ништо посебно и дека не вредат за парите :tmi: Ама ако ме убедиш, спремна сум да и’ дадам шанса на твојава :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    [​IMG]

    Колку пари е пудрава?И дали е погодна за мрсна кожа?
     
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Никако да најдам соодветна пудра за мојава кожа... полека почнав и да се откажувам од ставање пудри. Крема за лице, прикривање на некој недостаток доволно е.
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.426
    Допаѓања:
    91.527
    Пол:
    Женски
    Sexybaby86 ако не сакаш да користиш камена пудра Буржоа 1,2,3 не е за тебе. Одиш на работа, што значи најмалку 8 часа си со пудра. После 5 часа сигурно ќе ти блесне Т зомата.
    Би ти ја препорачала:
    [​IMG]

    Во Зегин е 540 денари, а ако Принц во Топанско ти е поблиску, таму е 450 денари. Јас ги користев двете наизменично, зависи која ќе ми беше при рака.
    Е сега Буржоа делува малку поприродно од мејбилајнот ама со вторава воопшто нема да блеснеш.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Фала ти Марамке, оваа е и поевтина, па ќе ја пробам, се решив :D Колку е лесно човек да ме (раз)убеди значи :D Топанско ми е многу далеку, па ќе ја побарам во Зегин уште утре. Претпоставувам и оваа е за комбинирана кожа, така?

    Инаку, од Мaybelline ја имам користено Dream Satin, што btw беше тотална утка за мојава кожа, арно ама имам пишано и назад во темава, нијансата на таа пудра ми беше најсовршената за мене што некогаш сум ја нашла. Ако и оваа Affinitone ги има истите нијанси и плус ако нема да засветам од неа, тогаш сигурно ќе ми биде полн погодок :)
     
  18. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    80.894
    760 ден ја купив
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    И јас имав земено тестерче од пудрава што ја фали Марамка, убава ми беше, ама повторно не би ја земала заради ефектот на маска. :|
    Супер пудра, ама штом го дава тој ефект и најдобра да е значи, ми станува одбивна. :D
    Дрим сатин е за нормална кожа, затоа и не ти одговарала. Мејбилин имаат најдобар избор на пудри за сува и нормална кожа, да си знае некоја ако има таква кожа, да си ги бара нивните пудри. :)
    А за мојата ол-тајм фејврит 123 Perfect немам некоја забелешка, освен тоа што нели, можела да биде уште една нијанса попокривна. ]:)
    Одлична е, лесна на лицето и најважно - не прави маска-ефект. Мирисот е неутрален, по структура е прашкаста со мат финиш и моето премрсно лице светнува после 6 часа, што и не е баш некоја занемарлива бројка, земајќи го во предвид фактот, што кога ја користев црната Менхетн светнував за четири часа. Без финиширање со камена. :wasntme:

    А, да не заборавам - една од поубавите пудри што сум ги користела е и Био-Дитокс, исто на Боржуа, ама не би да ви ја препорачувам, затоа што на пола од феминките кои ја купија не им се допадна.
    Наменета е за комбинирана до мрсна кожа и е одлична, со мат финиш, СПФ и 99% органска - ако на некоја тоа и е битно. И нуди средна, солидна покривност. :)
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Mishela како експерт за пудриве ајде да побарам и јас мислење :$ читав наназад во темава, но ајде да прашам.. :lol:

    Имам прилично мрсна кожа особено во Т - зоната, не знам која пудра да ја користам. Сакам некоја што ќе биде мат и да покрива. Но исто да не е многу скапа :$ до кај 600 ден, тоа е најмногу во периодов што би можела да дадам за пудра.. :) :hai: