Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    2.584
    Оваа пудра е за зрела кожа или можат да ја користат и тинејџери? Имам 16 години и ми треба некоја попокривна,но лесна пудра

    [​IMG]
     
  2. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    Женски препорачајте ми некоја убава покривна пудра, за комбинирана кожа. Не дека имам некои проблеми со лицето но сакам кога ке ставам пудра да биде совршена на лицето. :*
     
  3. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Јас би ти препорачала а верувам и дека повеќе феминки ќе се согласат со мене, Deborah Color Copy за мрсна и комбинирана кожа. Повеќе од одлична. Убаво прекрива, трае долго а не дава вештачки изглед.
     

    Прикачени фајлови:

  4. NoU-NoLove

    NoU-NoLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    151
    Колку пари е?
     
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    650 денари мислам. ;)
     
    На NoU-NoLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974

    Се крстам во пудрово веќе добри две и пол години. :D

    Имав прилика да ја споредам со Буржоа Хелти Микс (или Флауер перфекшн, хмм... некоја од тие две, поима си немам која беше) и верувајте дека оваа на Севентин дава МНООООГУ поголема покривност. Го кажувам ова ради тоа што ја читав Мишелка, нешто нафрлана била, верувај дека со пудрово и без коректор ќе ти се покрие црвенилото. :) Цимерката користи Буржоа и коректор на Менхетен ако не се лажам (тој во стик де, големиот што е), и доби поголема покривност само од Севентинот, неголи од Буржоата и стикот измешани.

    Не бев свесна јас дека има толкава покривност, мајке ми. :D Јас само имам темни подочници, околу носот и под устата, па не ни заприметував дека покривам којзнае што.

    И другарки убедив да си ја купат, како подвижна реклама сум за пудрово. :wasntme: Мене кожата ми е, хм.... комбинирана со примеси на суви делови. Лицето ми е перфект со подлога на Јанг дерм, плус коректор од Авон, плус Севентин, најобична пудра во прав и руменило! Гарантирам лично и персонално за пудрово! :D

    Од 1 до 4 се со розов подтон, од 5 до 8 се со жолт подтон. :wasntme:
     
    На Trendafilka, Mishela и pamelche им се допаѓа ова.
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    во што е разликата на обичната севентин и оваа велвет???
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.118
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се искажам , во врска со пудриве
    Дома ја имам пудрата на Мејбилајн еве оваа

    [​IMG]

    и не е ич покривна :( а и брзо ми светнува лицето од неа , бидејки имам мрсно лице

    потоа на поклон ја добив

    [​IMG]

    овие денови ја испробував но пак лицево и од неа ми светнува :(

    и сега се мислам да ја земам оваа , штом е за мрсно лице ама се надевам и добро ке покрива :?:

    [​IMG]
     
  9. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    а да си ставиш камена или пак во прав за финиш.. секако поубаво ќе ти ја фиксира течната и нема да ти свети лицето :) мислам дека и некоја поефтина би ти завршила работа ;)


    Имаш млада кожа, не ја учи уште од сега со вака тешки пудри, мислам дека немаш потреба од оваа (сепак сметам дека овие се за над 23-24 год).. би ти ја препорачала Севентин тајм плус (не знам по кој пат веќе :lol: ) лесна е и не ја чувствуваш на лицето, покривност средна...околу 400 ден. и ја има секаде и во аптеки и во парфимерии...
     
  10. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Дали ќе може некој да ми ги спореди пудрите на буржоа, Flower perfection и Healthy mix :) и за каков тип кожа се
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Ги имам двете пробано хелти микс ми кажаа за секаков тип на кожа била, но на мојата нормална до комбинирана кожа издржува до 5, 6 часа да не ми светне лицето, за нормална и сува кожа би била супер, ако не ти треба голема покривност одлична е, и дава природен изглед .Втората ја пробав од тестер за мрсна и комбинирана кожа е, ама мене ми е тешка, несакам такви пудри може тебе ке ти одговара, дава солидна покривност и пред се не изгледа вештачки на лицето.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Леле Дузи, фаќај бубка. :*
    Се мислам најискрено, дали да си останам верна друшка со Боржуа или да сменам, ама како што ми шета газево, ништо чудно да сменам.

    Да се пофалам јас, дека измиксав пудра - не ми се смејте, мртва озбилна сум. Кога си шворц, мораш да најдеш некоја алтернатива. :lol:
    Имав цела тубичка од црната Менхетн, која ми е претешка и ја измешав во едно кутивче од крем со подлогата за шминка на Јанг Дерм и со Бекутанче млеко. Добив убава мат пудра што нема врска со Менхетн, а сепак покрива. Не светнав 4-5 саати, што е сосема солидно. :$
    Јас вака ќе терам периодов, па за некое време ќе ја земам Севнтин и ќе кажам коментар.

    Ани, до 600 денари се двете на Дебора кои се одлични за комбинирана кожа, ете кликни некоја страна поназад, ги имам фалено во постот за Цаци. Таа со зелено капаче ќе ти одговара ептен како што ја опиша ситуацијата со лицето. Уште поматирана верзија ти е и антибактериската Менхетн, ама ќе ја бараш п`рфект кавр, бидејќи нејчрал верзијата не е толку покривна.
    Или на крај краева - Ревлон, ама прво тестер, па после реши се дали ќе ја купиш. И јас имам мрсно лице, ама претешка ми е оваа. :sweat:

    Хелти микс е за сува до нормална, а флауер перфекшн е за комбинирана до мрсна кожа. Читав дека има некои си анти-ејџинг состојки и тоа ме одби така да кажам, од желбата за да ја купам. Попокривна секако дека е оваа вторава.
     
    На Annie.mk1 и Doozy им се допаѓа ова.
  13. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    [​IMG] vs. [​IMG] ми треба ваше мислење која од овие две :D
     
  14. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    е па ништо, се мислам сега за Ревлон колорстеј за сува кожа, само што не ми е јасно некаде е 815 а некаде 830, ајде не е некоја голема разлика, а пак некаде е 730, и се мислам таму кај што е поефтина да не е и со поминат рок.. незнам :^)
    фала инаку
    [​IMG]
     
  15. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Многу ретко се шминкам, но кога ќе дојде и тој миг, користам Импала пудра.Не вложувам многу во избор на поскапи пудри, бидејки ретко ги користам и најчесто ми се расипуваат ни пола употребени.
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас лупав пари за max factor , мајка ми ја порачала од ofriflame оваа пудра и е неверојатна со смешна цена 300 денари , обично пудрите од oriflame никогаш не ми се погодиле ама оваа топло ја препорачувам
     

    Прикачени фајлови:

    • 24916_3.png
      24916_3.png
      Големина на фајлот:
      14 KB
      Прегледи:
      356
  17. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Купив две течни пудри кои досега не сум ги користела.
    Импала за нормална/мрсна кожа и Revlon Colorstay за комбинирана/мрсна кожа.

    [​IMG]
    1. Impala во шишенце за нормална/мрсна кожа
    Без додаток на масла и колаген за разлика од обичната.
    Цената беше 230 ден. мислам. Ми се допаѓа, не светам и не се лепи по алишта ако гушнеш некој :D Поубаво се впива во кожата и не е тешка како старата. Можеби е нешто минимално помалце покривна од старата, но нема голема разлика. Неколку пати ја имам ставено до сега и за секој ден ми се чини добра, би ја купила повторно за секој ден.
    [​IMG]
    2. Revlon Colorstay за комбинирана/мрсна кожа
    Конечно решив да дадам 800 ден. и да ја пробам пудрава :)
    Не се разочарав! Прво нијансата си ја погодив од прва, идентична како мојата кожа. До сега ставив само два пати колку да ја пробам, жал ми е да ја трошам за до продавница :)
    Со еден слој се покрива многу а со два слоја веќе лицето ми е совршено (а тоа е големо постигнување во мојот случај) :D
    Иако имав читано дека е тешка пудра...јас не мислам така. Можеби сум користела потешки па оваа ми е супер. На лице не ја осеќам дека ја имам (за разлика од некои), одлично се размачкува и впива во кожата.
    Единствена работа која не ми се допаѓа (покрај цената :D ) е секако недостатокот од пумпичка! Пакувањето е ептен непрактично!
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам дали некоја од вас има користено од пудрите на Essence? И да ми кажете какво искуство имате со нив? :lol:
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
  20. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Некое мислење? Видов на реклама дека во Космо е на попуст..


    [​IMG]