Пудрава е velvet, што значи дека дава мат ефект. Ако имаш многу сува кожа тогаш одбегнувај пудри на коишто пишува velvet. Инаку пудрата е супер, јас ја користам веќе подолго време и е најдобра пудра што сум ја имала досега, ама имам комбинирана кожа и ми одговара. За соодветна пудра прелистај низ темава и секогаш нанесувај подлога пред да ставаш пудра.
http://www.bebeautifulboutique.com/inde ... ation.html Порано имав ваква пудра, и супер ми одговараше на лицето, се ми покриваше, буквално кристално ми беше лицето, заедно со црната од Менхетен ми беше топ, но не знам заради кои причини повеќе ја нема во прозиводство, па сега ја зедов црвената од Deborah, и не сум задоволна, не ми покрива многу. Ме интересира, дали има разлика помеѓу Deborah new skin и новата пудра од Deborah? И ако може да ми препорачате некоја добра за мрсна кожа со голема покривност. Многу ми е тешка во последно време црната од Менхетен, па сакам друга да земам, ама не ми се даваат многу пари.
^ Aко имаш на располагање некоја посветла пудра, размешај ја со Менхетнот и додај малку похидратантен крем. Мислам, не е трајно решение, ама ако не си при пари е добра замена за пудра со речиси одлична покривност.
Луѓе мили , јас конечно ја открив пудрата што и не планирам да ја менувам за никоја друга! Значи покрива многу , погодна за мрсна кожа , ја пронајдов и мојата боја (број 52) , со еден збор презадоволна сум. Мириса убаво и кожата ми ја прави како на бебе
^Се исплатела кампањата јас и Мишелка што ја удиравме едно 4-5 месеци уназад за пудрава. Ама стварно е прекасна, и природно делува. И јас ја имам истата нијанса и ретко која нијанса со сега онака виистнки да ми се погодила на тенот. Се мислам да ја земам и камената од Буржоа, само мислам 123 нема камена или грешам? А од оваа задовлони сте нели?
^ Ја користам пудрата веќе 5-6 месеци и сум презадоволна како ја фиксира течната пудра и по цел ден кога сум со пудра на лицето немам мрсен сјај,а имам нормална-комбинирана кожа,покривноста и е слаба,има прекрасен мирис и што е најважно воопшто не делува лицето вештачки за разлика од некои други камени пудри.
Да , ги читав вашите мислења , а од Буржоа имам едно сјајче за усни абе милина и не се вади лесно и мириса преубаво, па си викам сигурно и другите производи се добри. И стварно не згрешив Јас како што видов мислам дека нема од 123 камена пудра , а за оваа на сликата не сум ја користела , но сум читала по нетов позитивни зборови
Пудрава е за нормална накај мрсна кожа, 609 денари е, си ја земав јас пред некој ден од Cosmo. не би ти ја препорачала ако имаш мн сува кожа, освен со подлога да ја корстиш ама незнам каков ефект ќе има, најубаво прашај ги вработените од таму каде што планираш да купуваш тие најдобро знаат која пудра за каква кожа е
Јас пак си ја земав оваа од Бјути Шоп во Скопјанка, 30 мл, 200 и нешто. Ептен ми се погоди, поготово затоа што јас сакам лесни пудри, да не се премногу покривни и густи. И да не изгледа дека сум се шлапала со пудра, зошто и така ретко ставам на цело лице. Пудрата е одлична за мојава кожа, значи за нормална и комбинирана кожа е. И многу е слична со пудрaта на Essence Soft&Natural.
^Да и јас ја користам фина е за преку ден, ама мене само проблемот ми е што е малку течничка, јас сакам погустичка, онака покремава Сепак е ефтина, и го нема оној Јајце ефект како на Мејбилајн, најужасната пудра во мојот живот, заедно со Макс Фактор, креч-фаца мене очиглено нискобуџетните ми делуваат подобро на лице
http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcSVVwVGQj6kJImEyQjS4UPKYFhySTBXTz6UQrkHYBw8LyJgmO71AMVINS1B Женски дали ја имате користено пудрава и дали е добро покривна? позз
Ја користев пролетта и можам да кажам дека е солидна. И повеќе од тоа, штом јас сакам пак да ја купам обично не се задоволувам лесно и секогаш експериментирам. Имам сува кожа, и ретко се решавам за камена пудра, поради луштење на кожата на носот и брчки што ме прават постара од мајка ми, но оваа е исклучок. Ја користев во комбинација на течната пудра Хелти микс и даваше стварно убав ефект. Дури ни за денска шминка не е претешка. Ја купив негде за 7-8 евра, а ја користев 2 месеца. А за 123 камена пудра не сум слушнала, ни видела, а ретко пропуштам такво нешто пошто сум ко манијак за пудри.
Девојчиња, не очекувајте голема покривност од камената пудра. Нејзината намена е да ја фиксира убаво течната пудра, а не да покрие недостатоци. Ако немате одоздола ставено пудра, џабе камената ќе ја тапкате на празно. Кога си бирате камена пудра, гледајте да ви фиксира убаво и да не ви го дава тој зацементиран изглед на лицето, другото и не е важно. А Хипстерке, јас мислам дека Боржуа треба да ни даде некој процент што им вршиме реклама месеци наназад. Јас сакам да начекам некој попуст во Космо или некоја од другиве парфимерии - Шатци, Матци; и да си земам камена и течна на пола цена. Многу сум скромна, нели? Инаку, планирам и јас да ја купам камената Хелти баланс, па да видиме дали ќе ми се допадне. Не се сомневам дека нема да ми чини, ама ајде, колку да се рече нешто.
имам чисто лице, но нерамномер тен некако под очите и кај носот имам како пеги од брунчиња а никогаш не сум ги имала и на челото ми се појавуваат такви како дупчиња од проширени пори, сакам пудра што ќе ми го прави лицето скрос мазно, макар и да се познава дека си имам ставено пудра. до сега користев со лесна покривност но сега сакам да смена потешко нешто, имам комбинирана кожа. која на образите и пределот околу устата ми е сува,тенот ми е ,,бледо темен, жолтеникав,, која од овие 3 пудри да ја земам, утре одам да си купам
Ама без камена пудра не се може и да имаш одлична течна пудра, сепак ти треба камена за да фиксира убаво. Јас ако ставам само течна пудра, не ми изгледа убаво лицето. Така да важно е да изберете и добра камена пудра. Сега после твојов пост ми е јасно зошто не ми покрива убаво камената пудра од Deborah, а јас пак мислев заедно со подлогата од Young derm ќе ми биде совршено лицето. Ах, гадно сум се излажала. Морам шо побрзо и јас да си земам течна пудра, ама и јас како тебе Мишелке чекам некој попуст, или некој да ми подари. Не е лесно да си женско дефинитивно.
^^ Втората немој, полоша пудра од неа не сум имала, не покрива и многу се познава...на Гош е ок, а првата ја немам користено... Ми доаѓа време за нова пудра и се мислам дали да ја пробам на боржуа 123 бидејќи многу ја фалите или да се вратам на ревлон која ми е испробана и погодена...Ако некоја ги има користено овие две да ми каже од која е позадоволна???