^^ абе релативна работа е тоа со покривноста, зависи кој колку бара покривност. Плус пудрата е најмногу за изедначување на тенот, коректорот е тој што треба да прекрие Иначе јас и 123 и ревлонот ги имам користено и според мене и двете се тука со покривноста. Ревлонот потешко се размачкува и мене лично ми е многу потешка отколку 123 оваа ми е полесна некако, не ја чувствувам на лицето. Ревлонот повеќе ми трае на лицето ама според мене на боржуа е подобра. Барем според мене
Толку долго време секојдневно го читам форумов, конечно и јас решив да станам член еве за мој прв коментар да кажам каква пудра користам гледам дека многу ги фалат на буржоа пудрите, и дефинитивно ги препорачувам. веќе над 2 години не купувам друга пудра освен healthy mix-от на буржоа. бидејќи имам многу суви образи и некако оваа пудра е прилично хидратантна и не е тешка за моево лице (што инаку ми се лупи на секоја лоша пудра или крем што ќе ја ставам). сепак на Т зоната секогаш морам да фиксирам со камена пудра (од макс фактор), инаку светам како сијалица на челото. ама оваа пудра не би ја препорачала на некој што сака повеќе покривност, затоа што освен што убаво ја израмнува бојата на тенот, ич не покрива. јас немам проблеми со проблематична кожа, ама на тие што имаат чиста кожа ептен ја препорачувам
После тонираната крема од Јангдерм или подлога за пудра, што и да е , почнав да пребарувам други. По неколку прочитани рецензии, ја купив Garnier BB gream за комбинирана и мрсна кожа. Има две нијанси едната е светла другата темна. Јас ја земав Medium, на раката ми беше идентична со мојата боја на кожа, но на лицето ми е малку потемна. Многу е убава, попокривна е од онаа на Јангдерм, дава мат изглед. Немам во моментов пудра при рака, не сум дома неколку дена за да пробам како ќе биде со пудра врз неа, но само од кремава/подлогава сум многу задоволна. Мислам дека е повеќе за баш мрсна кожа, ако имате комбинирана, а имате некаде многу суви делови, не ја земајте, затоа што одма го истакнува тој дел. Имам јас една прилично голема сува флека на лицето и таму не стои убаво. Со мрсна крема кога имам на флеката е добра. Чини 290 денари.
Некоја од вас користи ли пудра на Голден Рос, ваква како на сликата? Ме интересира дали се добри, дали покриваат, и дали се за комбинирана кожа?
Сега кога си зедов течна се мислам дали да си земам камена пудра или руменило И само да прашам,можеби глупо е ама рано е да почнам да користам коректор?Имам 17 ама под очите понекогаш имам подочнаци па затоа Малку сум збркана со сите овие работи....Користам течна пудра,римел и молив,но кога излегувам сакам така поубаво да изгледам,како за вечерно излегување и затоа незнам од каде да почнам
Можеш да си земеш некој полесен коректор и да си го користиш кога чувствуваш дека имаш подоцнаци , ќе се чувствуваш посамоуверена . Да ти кажам зависи од човекот јас без пудра, коректор, маскара и руменило не излегувам од моја 16 та година , а имам прилично чисто лице ама ете сјајот и свежината на лицето ми е поинаква со шминка . Позз
Еве јас ќе ти предложам еден коректор од Мисс Спорти (сепак е колекција за помлади) во Космо е некои 80 ден можеш и руменило да си користиш, сепак ако е за вечерни излегувања тоа не е верувам секој ден Јас шминка не користев мн мн во средношколските денови (ама други беа времињата тогаш, за во школо ретко се шминкаа ) Сепак мое мислење од сегашен аспект (27год) што помалку шминка, тоа подобро а за камена пудра што знам, можеш да ставаш, сепак поубав изглед дава за вечерна шминка..
ќе можете да ми кажете некоја добра камена пудра за тинејџерки.цената да биде до 300 денари. имам 15 години ама имам многу флеки,не сакам да се мачкам со течни пудри бидејќи ми се многу тешки а имам комбинирана до мрсна кожа.затоа ако знаете препорачајте ми некоја камена
Цаци јас сум помала од тебе, а сепак користам коректор. Всушност јас лично прв пат слушам дека коректорот не е за млада кожа. Инаку тоа дали ќе користиш од тебе зависи т.е. дали имаш темни подочници или сепак можат да се покријат со малку пудра. Јас на пример било наспана или ненаспана, секогаш имам огромни и темни подочници, па така да не можам да си дозволам да шетам ко вампир.
Јас ја имам користено првата. Добро покрива, малце е потешка. И јас имам прилично сува кожа па ми одговараше што значи дека не ми ги истакнуваше сувите делови нити ми ја сушеше кожата. За бојата, ќе си пробаш кое бројче ти одговара.
Долго време ја користиве Макс фактор пудрата, задоволна бев и не сакав да експериментирам и да пробам некоја друга. Многу е лесна, но не толку покривна. Се работи за оваа пудра: Поради недостаток на парични средства во моментот кога требаше да купам нова пудра, морав да се одлучам за некоја друга. Ја купив минералната пудра на Голден роуз и не погрешив. Лесна е и покривна. Уште долго нема да ја сменам. Ја препорачувам! Се разботи за оваа пудра:
Неколку пати имам пишувано тука за минерална пудра во прав,бидејќи јас течна не користам,но како што гледам никој не користи таква.Сите зборувате течна па течна.Сакате мат ефект,сакате покривност но не како гипсиран,сакате природен изглед,не сакате да користите камена пудра,мразите кога после 3 часа ќе ви светне лицето.Па прoбајте тогаш минерална пудра во прав и нема да ви треба ништо друго,ни камена ни чуда.Се нанесува хидратантен крем(а ако ви трпи лицето павловичева,бекутан или некоја друга помрсна уште поубаво.Јас користам обична Гарниер зелената хидратантна),коректор доколку имате потреба и со кружни движења се нанесува пудрата со кабуки четка(Јас имам убава на есенс 300 ден).По нанесување ќе ви изгледа како да имате многу но за околу 10/15 мин се впива во кожата и лицето ќе ви биде како стакло.Поготово ако имате проблем со акни,ем што не ствара нови ем покрива и дава природен изглед. Користам минерална 3/4 години веќе и ви гарантирам 100% дека нема да погрешите. Јас лично неможев да си погодам ниту една течна.Или ми правеше лишаи,или не ми покриваше,или светнував или ме исфрлаше. Можам да ви ја препорачам Артдеко минералната пудра,без четка е 1100 ден.а трае минимум 6/7 месеци со секојдневно нанесување.Добра е и Лореал true match (ја користев и моментално ја користам) но ја нема кај нас,можете да ја најдете во Грција,Бугарија. Да не закачувам тука и видеа има доволно на јутуб,може да си погледнете.
Оваа ја земав пред еден месец и сум многу задоволна...ми одговара на кожата,не е сува, добро покрива и лицето стои свежо. Во аптека е 390ден.
Јас се мислам баш за оваа на Артдеко, ама имам намера да ја користам како финиш над течната. Ти гледам задоволна си, значи трае долго нели? Не сум видела кај нас ја има ли?
^ Ја има кај нас,во Јуник,Ким,Шатци и Космо мислам. Цената е 1100 ден со поголема грамажа од 15 гр.но без четка.Јас не би ти препорачала да ја купуваш таа со четка(1300 ден) зашто ем е помала ем четката нечини груба е многу. Имаш на Буржоа(450 ден.) и на Есенс(300 ден) убави кабуки четки.Јас ја имам таа на Есенс и задоволна сум еве ја Ако купиш,пробај ја без течна,значи само крем нанеси(убаво нанеси да биде лицето доста влажно)и коректор ако имаш потреба,течна нема да ти треба ќе видиш.Не се секирај ако ти изгледа лицето како прашкасто зашто за 10/15 мин ке се впие во кожата и ќе изгледа многу природно. Едит-Заборавив да ти напишам и дека трае многу,пудрата трае на лицето додека не ја избришеш не се вади .
Се сложувам со тебе околу пудра во прав и изгледот кој го дава.. на ист начин ја нанесувам, баш од летово почнав така.. со пудрата во прав на Алверде (ми беше за експеримент па затоа неа ја одбрав ) и баш сум задоволна.. крема, коректор, пудра во прав, маскара и руменило и шибам на работа
^ Па мислам дека и таа на Алверде е минерална така? Не сум ја пробала,но пробав на Авон една.Не е лоша ама не се споредува со Артдеко и Лореал. Многу се скептични заради тоа што е во прав,па мислат дека не покрива како течната пудра,а покрива и тоа двојно повеќе.
Одамна ја меркав Ревлонот, читајќи ве, и ја земав, и крајно сум разочарана. Веројатно сум една од ретките кои дале негативно поенче за истава, ама во споредба со 123 Перфект на Боржуа, е тапа тапосана. Текстура слаба, ретка и премногу течна, со некој чуден изглед дури и во шишенце- вештачка течност што прави од далеку да се познае дека имам пудра, а и шишенцето е крајно нерационално и непрактично... Мака ми е за парите, ама сега ќути и трај си, и за друг пат знај си!
Да, минерална е и наводно природна козметика.. е сеа Артдеко и Лореал се брендови, нормално нема споредба со Алверде, ама и оваа добро си врши работа за 260 ден, а па колку бавно се троши... мислам цела година дека ќе ја користам.. ја имам испофалено по темиве 100 пати и плус да си кажам дека лицето ми е каде, каде почисто некако..што можеби се поклопи со менувањево на пудра