Јас вака влетувам... ама Цаци, батали ја Импалата. Најдобронамерно ти кажувам. Посебно на 17 години, немој да си ја труеш кожичката со Импала. Тоа за мене не е пудра, тоа за мене е издробена ќерамида измешана со помада, спаковано како паштета. Сфаќам дека е евтина и достапна, ама оди џитосај ја веднаш. Не сакаш да видиш какво им е лицето на другачките мои кои се шлакаа со Импала од прва средно, кога ќе ми текне дека на моменти се чувствував глупаво оти не користев пудра, ах. Не испаѓај 3-4 пати на кафе, заштеди ги парите и трк по добра пудра за МЛАДА кожа. Инвестирајте во добра пудра, тоа е нај, нај, најбитно од се, ќе видите по некое време дека сум во право. Големи проблеми може да си имате со шлакање се и сешто на лице во млади години.... И можеш коректор, да си ставаш, што да не. Од Авон мене ми е топ, 199 денари е. Исто мој совет, наместо камена, пудра во прав за пофиниширан изглед, јас сум голем поборник на пудрата во прав... во живот немам камена купено, ама планирам таа на Флормар да ја купам неделава. Чисто за проба, 150 денари е, не ми е некоја чкљ фирма, па што да не... Мојата фандешјн рутин е подлога за лице од Јанг дерм, коректор Авон, течна пудра Натурал велвет на Севентин, пудра во прав (е оваа признавам ми е незнајна, ја купив од парфимерија некои си 200-250 денари и со намера сум да ја џитосам кога ќе и најдам соодветна замена ) и руменило на Голден роуз. Нит засветувам, нит ми се брише шминката. Ме чуди зошто толку многу е тешко да се пронајде соодветното пудро, прилично голем број на феминки имаат проблем со тоа... :geek: А и ретко да видам некоја девојка со добро нанесено пудро која не свети. Дури и една водителка на ТВ светеше како сијалица некна на една емисија. Јас најслучајно ја земав Натурал велветов и не би ја сменила за ништо на свет. Или имам ептен среќа, или лицево ми е прилагодливо.... што знам. п.с. А минерална пудра, ме заинтересиравте... многу ме заинтересиравте со ова.
Кога ќе ја истрошам ќе побарам друга,ама искрено мене не ми се дават 500 ден. за една пудра Сигурно ќе побарам,иако не се разбирам многу
Ретко ставам пудра на лице. И баш пошто не користам многу често, не ми се даваа над 500-600 ден кога ќе ја отворам и за една-две пригоди ќе се нашминкам и после така да ми стои. Дури и не се ни разбирам многу многу во тонови, покривност, течни/во прав и.т.н. Имам од Импала една...мислам дека е 4 бројче иако не знам што точно значи тоа 4-творчето Тон? Нијанса? Ауу, па вие лошо кажувате за оваа мојава пудра! Да ја баталам?
Немора 500, ако немаш премногу брунчиња на мис спорти пудрите се за млада кожа и се покривни, лесни.. До кај 200 денари се движат. Јас бидејки не употребувам многу пудра, ставам само за викенд излегување и тоа само на подочници колку да се изедначи тенот. Немам потреба да ставам секојдневно и на цело лице па оваа ми се супер. И плус мис спорти ти е англиски бренд на козметика не е некоја како да биде.. Вака изгледа
Девојки, дали ги имате користено тие компактните пудри на голден роуз, како кремасти шо се? Колку сте задоволни и за каква кожа се?
Абе девојчиња, не мора да давате многу пари за пудра па нели има Јанг Дерм пудри? Тие се ем за млада кожа, ем не се повеќе од 150-200 денари, ем се дерматолошки испитани. Многу е важно што ставате на лицето , чувајте си го младо и убаво, не ставајте се и сешто
А, бе, ти како сакаш, ама јас решив дека веќе на пудра и маскара - не штедам. Сега нели, си ставив горна граница, 1000 за пудра и еве, не знам, 500-600 за маскара, ама тоа ми се онака најосновни работи. Пудра купувам двапати годишно, повеќе ми се исплаќа да купам посалам и да ја користам подолго време. Чувајте си го лицето, пазете го, цел живот треба да го носиме. Кај ни е крајот ако уште на 20 години си го уништиме со неквалитетна козметика.
Сакав да ве прашам, која пудра би била слична на оваа на боржуа но со малку поголема покривност? Сега ја користам оваа, но се мислам кога наскоро ќе ми се потроши каква да земам?
И јас како дози исто мислам. Дека за квалитетна пудра и маскара не се штеди. Карминче може да купам од 50 или руменило поефитно, моливче, ама пудра и римел не штедам. Пудра најскапа до кај 1000 и за мене, ма да до сега немам купено поскапа од 800-макс факор, моменатлва ми 600 и ја користам од мај месец И за маскара немам дадено повеќе од 500 денари гледам да ги фатам на некоја акција, барем макспфакор прават акции на секои 4 месеци и тогаш ќе земам у компет 2-3 и за цела година сум раат. Најскржава сум за лак, едино од авон што имам купено 120 денари лакови, инаку да давам по 500 днари за нешто што се брише со едни миење на раце, не фала.
Се сложувам со Хипстер и Doozy дека никако не треба да штедите на пудра,поготово кога се работи за вакви пазарски брендови како импала јас сум најголем противник Џабе е евтина,кога којзнае што има во нејзе а тоа ''којзнае што'' може да предизвика сериозни иритации,исфрлање и предвермени брчки.Руменилото и да е поефтино,тоа не се става директно на кожата туку врз пудрата.Така да не е толку страшно. За маскара,која се става на око исто така не се штеди.И јас пробав од она Голден роуз па кога ми се вцрвеа очите па чеша,па се рони одвратна.Епа Лореалот е скапа да ама нема барем без очи да останам,а за изгледот на трепките немам збор. Муабетот ми беше подобро соберете некој денар плус и купете си поасална,немора најскапа има Essence,Rimell,Miss sporty кои се поевтини,или јас како вљубена во минералните имате Алверде минерална пудра во прав за 260 ден,100 пати подобра од таа Импала.
Женски некоја пудра до кај 200- 300 денари, само да не е Мисс Спорти или Импала, Импалата искрено во последно катастрофа ми е , А Мисс Спорти едноставно ништо не ми покрива или купив грешна некоја Ете ја имав оваја течната и искрено катастрофа ми беше А коректорот по која цена се движи од Мисс Спорти и дали покрива?
Aди,имаш на Римел,320 ден.Јас конкретно таа за комбинирана ја имам,ок е,ама имаш повеќе избор,погледни во ДМ ги има сите
Ади, антибактериската Менхетн е супер за тие пари, се движи од 300 до 400 денари. Ќе си ја бараш онаа perfect mat. Ако имаш комбинирана или мрсна кожа, ќе ти биде одлична. Солидно покрива и не е така тешка на лицето. Плус има цинк, кој нели помага во залечувањето на акните и е за млада кожа. Јас им ја препорачувам на сите тинејџерки, па и на оние поголемите на кои им одговара. Со малку камена е пре-крас-на! И во целост се согласувам со муабетите на феминките во врска со пазарските марки, поготово кога се работи за лице и очи - пазете си што купувате и што користите.
Јас користам една пудра од Голден Роуз, таа што е спомната една страна поназад, од кога ми е купена, мож има три, четири месеци, а и повеќе, и уште имам од неа.Сум спомнала и претходно.Арно шо ја имаат, сеуште во продавницине, иначе ќе треба да помине време додека најдам соодветна.Немам сменето пудри до сега, а се надевам дека нема да имам ни потреба, здравје, ќе видам со време, како ќе биде.За квалитетот на било која пудра, незначи дека ако е скапа е и квалитетна, единствено што може да му наштети на лицето е користење на секакви препарати и или проблем со хормоните, за што нели треба да се испита, за да се види која е причината за тоа, секако ако проблемот кој е предизвикан од нешто и не исчезнува доколку се смени пудра или неколку препарати кои биле користени со намена да се исчисти лицето.Исто и многу важно, лицето да се остави да дише, да не биде постојано со пудра, бидејки и самото си се регенерира.Колку е почисто лицето, толку подобар ефект има пудрата.
До пред некое време ја користев Импалата,но некако ми стана премногу тешка на лицето и иако немав никакви несакани индикации сепак читајќи ве вас решив да ја сменам под итно.Ја користев Тајм Плус на Свентин,не е лоша,но гледам дека доста ја прпорачувате Натурал Велветот Моето лице е комбинирано,до пред некое време ми беше повеќе мрсно,но сега веќе се нормализира,па би сакала да ве прашам што мислите дали би ми одговарала Натурал Велвет ,а гледам доста ја фалите и Мисс спорти,по цената се гледа дека има разлика,но и не мора да значи.Сепак зависи која фирма е пудрата,па повеќе ја плаќаме фирмата од квалитетот на пудрата.Некое мислење ваше
Мишелке, а што мислиш за камената антибактериска Менхетн..? Си барам камена подолго време и никако неможам да се одлучам. Купив од Флормар (по примерот на Трендафилка ) и дур да си дојдам дома ми се испокрши цела и сега друга сакам Течна си имам.. Дебора колор копи али и таа ќе ја мењам зошто многу ми е глупаво пакувањето, пола пудра ја фрлам на крај пошо нејќе да искочи дур ја стискам Ќе те позамарам и за течна за некое време И ајде и јас да си кажам за Импалата, да не бидам покуса. Во средно и јас ја користев и до ден денес неможам да го опраам лицето, токму заради неа. Ова и дерматологот ми го потврди. Така да памет во глава девојки, посебно вие тинејџерките. Убаво ви кажа Дузи.. не идете на кафе 3-4 пати и ќе си купите поасална пудра, за што лицето ќе ви биде вечно благодарно.
овој е околу 80 во Космо, има уште еден ама го немам пробано.. јас го користам бр. 01 неколку месеци и одлично си ја врши работата за парите доста е “густ“ и покрива а чим купуваш нешто 2-3 пати по ред значи си задоволен... Спојлер мислам треба да ми платат за реклама го утепав од пишување и фалење по темиве Едит : за пудрава, мислам дека не е нешто посебно, лесни пудри се, тинејџерски.. така да нормално е да не се очекува дека ќе покрива многу... би ја споредила со подлогата на јангдерм за импала едно гоооолемо НЕ, ја имам користено, за покривање ајде ок, ама лицето после 2-3 месеци е катастрофа.. лишаи, бубуљички... и плус.. не дај Боже да гушнеш некој, па тоа цела пудра ќе му ја оставиш на кошула...
Пресечи ја со ножица на пола и ќе можеш да ја искористиш, не ја фрлај неискористена, не даваш малце пари.
^ Мхм.. правам така и со тоа добивам плус неколку дена али после многу брзо ми се суши и одвратна е кога ќе ја ставам на лице.. многу нормално.