Па со чепкалка за уши извади ја некако од кутијата и префрли ја во празно кутивче од крем, нема да ти се исуши, или побавно ќе се суши за разлика така во пресечената тубичка. Камената антибактериска на Мехнетн не сум ја користела, ама сум ја имала таа софт компакт паудер и е најдоброто нешто за финиширање на шминката што моето лице го добило за 400 денари. Оваа антибактериската колку чини? Добра е целата колекција клирфејс, ја немам користено пудрата, ама не верувам да не чини - Менхетн се солидна фирма, сепак.
Јас би ти препорачала да не ставаш пудра уште сега на лицето,освен ако немаш потреба нормално Ама ако веќе сакаш земи Јанг Дерм што се тие.Ако ти одговара на тенот таман е. Инаку да се умешам и јас во муабетов.И јас воопшто не штетам на пудра,најсериозно.Ќе дадам и 1000 денари,ама да вреди. Несакам да лепам све живо на лицево,па после да си имам проблеми.Немам потреба да користам толку пудра јас,само за викенди за излегување ставам. И тоа само да ги покријам пеѓиве. Од типот на Импала и бла,бла несакам ни да замислам да ставам на лицево,- ПАШТЕТИ. Денес си купив една од Mybelline.И предходната што ми беше беше од ова фирма и јас искрено сум презадоволна.Витаминска е,и добра ми гледат
Во почетокот ко ја купив Импалата преуба беше, сега исто ко паштета да имам на лицето, дефинитивно мора да ја сменам. Мишелка ај слика од таја шо ми ја препорача да знам како изгледа
Женски,одамна прашав и не ми одговоривте.Покрива добро јанг дерм ?? Имам бубулички доста по лицево,па ми треба покривна и не многу скапа пудра(иначе имам 13 години)
НЕ! Многу сум незадоволна од оваа пудра, ке ја сменам, само да ја дотрошам. Значи и јас имав бубучички, ама уште толку исфрлив од неа и + кожата на лицето почна да ми се лупа
А некоја друга пудра за така млада кожа,што покрива добро и не е како паштета ?? П.С-Марун5,фала за одговорот !
За каква кожа се овие 2 пудри и колкава покривност имаат? И која пудра на Дебора е за комбинирана кожа?
^^^По мое, некако ти е рано за пудра Нормални се тие ситни акнички, сепак во пубертет си, ама ако веќе си решила да почнеш да ставаш, да, добри се тие на јанг дерм, покриваат доволно според мене. Нема гипсираност, лесна е, ама е исклучиво за масна кожа. Јас имам комбинирана и без добар крем на лице ми се прават лишаи и лушпи Мис спорти се исто добри, наменети се баш за млада кожа, али најдобор да си видиш што ти одговара. Изборот е твој, макар што јас пак ќе ти речам, гревота е од сега да си го мачиш лицето со пудри Патем, и го зедов јас редот на Јанг дерм подлогата, ставам сосем малце и мешам со уште помалце хидратантна крема и цел ден сум со една единствена боја на лицето Значи за изедначување на тенот и несветкање е ПЕРФЕКТНА, она што долго го барав, го добив за неверојатни пари
^Да,знам дека е рано,меѓутоа имам нерамнини во тенот,на некои места кожата ми е потемна. Мис Спорти каде може да ги најдам и колку се отприлика ?
Јас би ви препорачала тие што имате по 13-14 години и имате проблем со акни и бубулички , да не се шлапате само со пудри и го инфицирате лицето уште повеќе , бидејќи ви се повеќе отворени порите. На 13 год не е страшно ако се шетате без пудра.Подобро инвестирајте кај добар дерматолог да го решите проблемот отколку да покривате со пудри. Ако толку неможе да издржите без пудра(мада не верувам) користете ББ крема.
^И јас несакам да се шлакам со пудра,ама морам,лом ми е лицево.Знам дека тоа пубертет и се,ама ич неубаво изгледа !
па користи ББ крема, многу подобро е отколку пудра. Има минимална до средна покриеност (доволна) го изедначува тенот, хидратира ... и не се мнг скапи.
BB креми имаш во сите дрогерии, Дм , Космо, Јуник... Имаш различни цени на Гарниер е 229 во Дм е најевтина мислам на Дебора И Гош имаш промоции во Космо околу 300 и нешто се до 400 максиум. Поскапа варијанта имаш и на Лореал таа е сега намалена од 870 накај 600 и нешто. Има уште неколку брендови ама неми текнува во моментов ќе ги сретнеш низ продавнициве. Јас ги имам на Гарниер и не се лоши.
во космо, јуник, дм... Имаш на мејбилајн, лореал, гарниер, дебора... Инаку офф топик совет од искутво ќе ти дадам. Бев и јас на твоја возраст некои си 14 годинки кога почна лицево да ми се исфрла, па и јас се занесував, пудра ќе ставав па крадев од таа на мајка ми што не ни беше за моја кожа, мајка ми сува кожа имаше, ама јас неинформирано дете, шлакав што ќе најдев во нејзин ненесер скришум.. абе мајмунлуци живи. Се каам заради тоа што го правев бидејќи состојбата многу повеќе ми се влоши и од оние обичнине мали бубулички на лицето, ми прејде и на образи и на брада. Ми се влоши состојбата дупло повеќе. Еве до ден денес се мачам со лицево, сега ми е под контрола ама сепак жалам за тоа што сум го правела, ама ете немало некој кој ќе ме посоветувал да не го правам тоа така да мој совет е да не се шлакаш со пудри на толку рана возраст. Пробај оди на дерматолог или козметичар а во меѓу време користи си коректорче за некои позначајни случувања
^Сум била и на дерматолог и на козметичар неколку пати.Ништо.Ќе ти помине,не се секирај. Така ми викаат више 3 години -.- Смачено ми е и мене од овие бубулици,морам да земам пудра или нешто...
Знаеш каков тип на кожа имаш? Нормална, сува, мрсна...? Мозолчињата се црвени или се ситни, гнојни? Користиш лосион, крема за мозолчињата? И јас не сум за пудра да користиш. Ставав и јас како мала ама сега да се вратам назад не би. Земи си тонирана крема, можеш на Јангдерм подлогата за пудра што е, го изедначува тенот, убаво го прави лицето. Јас ја имам таа на гарниер за мрсна кожа и убава е покривна. Рано ти е за пудра, а ако веќе купуваш консултирај се со мајка ти.
Е сосема забораив да кажам за една ефтина пудра, мислам дека поефитна а проверена не пазарска марка нема. Делине, ја има у зегин,јас кога бев у тинеџерските години си ставав по малку, зашто јанг дерм мене ми е креч за лице, изгледав како дух,оваа има пориродни нијанси. Знам дека не е поише од 120-130 денари а е 50 милилитри не 30 ко други пудри. Само не очекувајте голема покривност, ама за преку ден е суперишка, со коректор одоздола, и те како си ја врши работата. Јас престанав да а ставам тогаш веќе накај 16 кога ми излегува поише бубуљичиња и некако неможев да ја одберам виситинската нијанса. Мајка ми со години ја користи зашто има кристално чисто лице, еднаш у 6 месеци купува зашто и споро се троши. Јас мислам дека е баш погодена за комбинирано накај мрсно, дали одговара за суво незнам. Вака изгледа Тестирана е,не ствара алергии, лесна е, не затвара пори и убаво мириса, природно. Од оваа поефтина, пудра јас незнам да ви кажам која е, а да не е пазарска марка. Посебно е добра за помладите, зашто нема да ви затвори порите, а и не ви треба којзнае колкава покривност.
Користам Хлоракол за козолчињата.Нормална накај мрсна кожа имам.До душа сега ми е доста исчистено лицето,значително имам помалку од порано,меѓутоа пак се доста забележителни. Иначе,се консултирав со мајка ми,ми рече да земам меѓутоа јанг дерм или нешто слично,за млада кожа