Ги немам разгледувано нијансите, ама ако имаш повеќе неправилности на лицето кои сакаш да ги покриеш, подобра ти е прфект мат. А веќе ако имаш чисто лице и ти треба пудра само за изедначување на тенот, земи си ја нејчрал мат.
Stay matte течна пудра од Rimmel...прво што морам да си кажам од моето искуство со пудрава е дека за девојки со проблематична кожа, подложна на акни, неизедначен тен, црвенило и останати проблеми пудрава не ја препорачувам.... иако има одличен избор на нијанси , за жал пудрата е непокривна. Иако се работи за пудра за комбинирана кожа воопшто не ми се покажа како долготрајна и по два часа го добив првиот сјај на челото и носот (сметам дека времево не е повеќе причина за изговори) Исто така доста форумџики се изјаснија дека за тие пари добра им била пудрата: ама според мене за тие пари може да се најде и доста попокривна пудра ...на пример од Golden Rose. (за долготрајност не правиме муабет...во случајов ќе се задоволам и со 4 часовна услуга ) П.С. Ги молам сите што даваат мислење на темава во врска со било која пудра , да се изјаснат за каков тип на кожа станува збор, т.е. дали е тип подложен на акни и на флекички, сепак по тоа се проценува дали е покривна пудрата....женЦки со чисто лице не се баш некој репер за покривна пудра, највероватно на нив им треба само изедначување на тенот Највероватно има доста од нас што се консултираат прво со форумов , за вакви работи. Меѓу нив сум и јас па затоа сметам дека оваа информација е добредојдена а недостига во многу од вашите постови.
Ако ме прашуваш мене, камена пудра не би користела секојдневно,туку онака за свечени пригоди за свадби,за излегувања...затоа што ако ставиш камена пудра во текот на денот... мислам дека ќе е страшно За seventeen мислам дека тоа е пудра за детска возраст по лесна е зошто си пишува дека е крем пудра, а тоа не би било погодно баш за мрсна кожа. Лично јас користам мејбилајн.
не е ништо страшно да ставиш камена пудра преку ден еве јас не излегувам дома без камена пудра,камената пудра ја фиксираат течната пудра и му даваа на лицето завршен комплетен изглед,кај мрсната кожа му дава мат изглед на лицето..
Женски,си ја земав Јанг дерм 6,и ептен сум задоволна како покрива,и баш е за мој тип кожа ! Ептен е супер!
Aх, се зафркнав малце. Ми требаше пудра набрзина, значи многу мразам кога оставам за последен момент, и Зегин ми беше најблизу и од прфект мат немаше нијанси, ептеен многу ми беа темни и си зедов нејчрал мат а во периодов ми треба пудра со поголема покривност и жолт подтон, оваа нејчрал е со розов
Девојки, ја има некоја користено пудрава? Денес ја купив, па да знам што да очекувам Имаше и минерална од истата, но се одлучив за по покривна...повеќе ги сакам минералните, сега се мислам да не згрешив.....сепак што тоа е http://www.dm.de/cms/servlet/segment/de ... ke_up.html
Имам осетлива кожа на лицето но во последно време ми се појавија доста акни а имам и некои флеки...па сакам да си купам некоја пудра ко за секој ден, да покрива и да е лесна на лицето...Па ако знаете некоја таква препорачајте ми,освен Севентин.
Освен ако си имала лошо искуство и со Time + на Seventeen, ондак јас би ти препорачала да не експериментираш со пудрите (во случај time + да ти одговара). Јас долго време се глупирав, демек подобра пудра да си најдам, лицето упорно ми се изнафрлаше (пошто и јас имам екстремно осетлива кожа и дури и нешто малку да не му е погодено, веднаш се нафрла, ма да немам нешто страшно акни, освен црвенило понекогаш и ситни точкички). И така си пробував јас и Лореал и Менхетен и Макс Фактор.. А бе ништо, само 1 ден ќе си се тешам аха убава ми е пудрава, вториот кога ќе се нафрлам го обвинував кремот за лице/гелот за лице и така едно пола година. Пред недела и пол си ја зедов пак оваа пудра, што ја користев во пубертер, ставам само бекутан млеко за тело (на лице ) не ме интересира мислење на дерматолози, затоа што „добро“ се покажаа до сега, и само го мијам со гарниер гел/пилинг. Тоа е цел третман и никогаш не сум имала почисто лице и почист тен, а пудрата супер природна е , покрива таман, не да те заѕида. П.С ако ништо не бива, ондак пробај со природна козметика како Лавера.
После истрошената Римел пудра, јас повторно сум во потрага по некоја многу покривна пудра? Некои ми ја спомнаа Менхетен пудрата во црно пакување? Сакам покривност како таа на Импала, но да не сум ко сијалица во фацава! Ај препорачајте ми некоја пудра до 500 денари?
Менхетн црната е 400 и нешто денари, ептен покривна, ама скоро на сите што ги знам им ја заебала кожата. Суши премногу, се прават лишаи. Јас еднаш ја користев и никогаш пак.
На Flormar, 500 денари е, некоја страница поназад имам ставено слика од тоа како изгледа на лицето. Оваа е мат пудра, значи за мрсна кожа.
препорачајте некоја камена мат пудра . до сега ја имав кетрин ама не е мат онаа што е со две нијанси ама сакам мат
Јас ја немам сеуште купено, ама ја пробав од моја пријателка и ми се допадна сега заборавив колку пари ја купила ама многу ми се допаѓа