Девојки пред некое време си е зедов пудрава,и сакам да чујам мислење да ми кажите каква е што е? Имав една предходно на Мeјбелајн,таа беше витаминска и бев премногу задоволна и од покривноста и се. Ме интересира,за каква кожа е и дали е добра? Фала однапред.
За нормална кон сува е оваа, ако имаш таква кожа - си ја погодила чинам. Мислам, општо - мене пудрите на Мејбилин ми се повеќе за сува или нормална кожа, од проста причина што се прехидратантни. Освен една, 24 или како и да беше, Марамка ја фалеше едно време. Е таа, може да помине и како за комбинирана, мрсна кожа, ама овие другиве - њет!
Јас сум задоволна и од оваа и од предходната. Оваа е покривна колку толку.Мислам имам чисто лице,немам акни,имам само пеѓи.Но не се онаа премногу испакнати што се вика. Ама ми ги покрива. Инаку Мишела,имам нормална кожа па мислам дека е погодена
Max Factor Lasting Performance. Значи ако сакаш мат пудра што покрива неверојатно добро , пробај ја оваа. Е сега е малку повеќе од 500 накај 700 ама точно незнам.
Мене ич не ми е добра не е покривана ептем течна. Тетками ја имаше и ја пробаш и ич не ја бендисав ама зависи и од кожата можеби каков тип на кожа имаш
Леле, јас се загреав за оваа минералната пудра на Art Deco. Не ми текнува кој од тука пишуваше дека ја користи и е презадоволна од неа. Ја молам да ми каже каков тен има и што нијанса користи?
Погрешен избор според мене, за жал пудрава не ми се допаѓа затоа што е многу течна и ништо не покрива, е сеа ти ако сакаш да не ти се познава лицето дека имаш нанесено пудра, тогаш ќе биде добра за тебе и се зависи до тоа каков тип на кожа имаш.
Луѓе користев Catherine Arley до сега и бев многу задоволна. Со камената за навечер беа топ комбинација. Но ми се потроши, а повеќе не се произведувала. Ги прелистав скоро сите страници на темава, но некако пудриве ми се соленки искрено да си кажам не можам да си дозволам толку скапи пудри. Е сега, ми треба некоја многу покривна пудра но не да бидам како циментирана на лицево. Ве молам за предлог.
Јас пишував Инаку јас користам број 4,таа нијанса ми е најпогодена. Броевите 2 и 3 удираат на розевко,а пак 6 и 8 се многу темни за мене.Мојот тен не е ниту премногу светол,а е далеку од темен,така да 4 е совршена нијанса. Ако те интересира нешто повеќе за пудрава и нанесување пиши ми лп.
Девојки препорачајте ми пудра, ама најсветла што може да постои! Имам бела, како проѕирна кожа! Нешто најблиску што сум нашла од пудриве е Импалата и тоа кецот....но е за зрела кожа. а јас сакам секојдневна лесна пудра!
^^ Tinkerbelll, фала ти многу. И мојот тен е идентичен на тој што го имаш ти и мислам дека овака од око дека и мене 4-ката light beige ќе ми биде најпогодна. Кажи ми само, во Cosmo да ја барам или? И цената ако не се лажам и беше 1150 ден., така?
препорака за некоја камена, пудра во прав не многу скапа а и коректор некој за под oчите.. користам моментално max factor lasting performance.. ама за навечер сакам и нешто дополнително бидејќи ставам минимално количество на пудра, па..
Има во Космо да,и во Јуник има и во Шатци има. Да таа што е без четка е околу 1150 ден и е поголема,таа со четка е 1300 ама немој да ја зимаш зашто четката е премногу груба и нечини.Поарно посебно земи си кабуки четка (есенс имаат убава јас ја користам околу 300 ден.е)
Дали некој ја користел пудрата Max factor foundation xpriense liquid оваа од сликава Ме интересира нејзината покривност и имам нормална кожа.Секое мислење ке ми биде добродојдено
Јас сум team Revlon ама пуста желба за експериментирање.... Читав дека има добра покривност Буржоа 1-2-3 па ја купив за користење преку ден, за работа. Нијансата 53 ми е погодена 100% Пудрата е покривна и откако ке се фиксира на лицето, лицето станува како плишано. Носот ми светнува после 2-3 часа што е не е голем проблем ама многу лесно се брише. Ако се допрам до нешто, отиде и пудрата и блузата Ке ја потрошам за на работа каде единствена активност ми е седење пред компјутер ама дефинитивно не е за вечерно користење или пак за преку лето кога се потам. Revlon-от сеуште no.1
Шанче Ревлонот е нумеро уно за покривност, устав! Али според мене и препокривна! Оваа 123 е каде каде полесна пудра, поденска и за почисто лице. За мрсно ама на некој кој не му треба покривност којзнае колкава. И на би ја препорачала ревлонот за млада кожа или за преку ден. Претешка е. Али и нема рамен у покривност и стои 5-6 саати. Буржоа стои 3-4 саати точно ама дава природен изглед. Барем за преку ден тоа се бара. Дури јас користам уште понепокривна преку ден. Ама се зависи до лицетот и од потребите. А и не е скапа 600 денари а веќе 4 месеци ја користам и уште имам за користење.
Деновиве пробав неколку пудри и на крај сум во дилема. се двоумам помеѓу Revlon Colorstay и Deborah Colour Copy, еве слика од двете: Јас имам нормална кожа, на Т-зона мрсна, значи тоа би дошло комбинирана! Сакам покривна пудра, не дека имам мозолчиња туку сакам лицево за излегување да ми е стакло. Која е подобра?