Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Нема подобра дефинитивно! Јас си користам 3-че :) околу 670денари е ама воопшто не ги жалам заслужено и е. ^^
     

    Прикачени фајлови:

    • deborah.jpg
      deborah.jpg
      Големина на фајлот:
      67,1 KB
      Прегледи:
      469
  2. tinna96

    tinna96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Каде да најдам пудра...за мрсна кожа, многу да покрива и да биде некаде до кај 250 ден? :D
    (ако воопшто може да најдам таква) :rofl:
     
  3. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    За мене исто, ама може и до 400 :D Kакваа? :worried:
     
  4. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Сум испробала многу пудри од 250ден до 850 ден, имам мрсна кожа Т-зона и кога ке ставам пудра мислам дека уште толку ми лачи мрсно кожата, за среќа сега го најдов чарето :) Мислам дека лекот за ова е задолжително користење камена или пудра во прав, Ви препорачувам да пробате, моментално ја користам MAYBELLINE AFFINITONE MINERAL, со минерали ми се допаѓа нијансата ептен совршено го прави лицето и обавезно камена нанесувам само на Т-зона. Испробајте кај мене има ефект одличен :)
     
    На tinna96 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Најзадоволна сум од Мејбилајн и Макс Фактор.
     
  6. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    девојки се двоумам помеѓу ревлон и буржоа.. ќе ве молам критики,пофалби, цени за овие 2 .
    иначе иммам пишувано и претходно дека најчесто пудрата ми исчезнува од лицето за 2 до 3 саати, па ми треба некоја која подолго ке ми стои а вооедно е и покривна .. фала однапред :)
     
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Женски де препорачајте ми некоја пудра што не е тешка,полесна,ако има до 300-350 денари,толку си имам собрано досега :D
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amazing

    Amazing Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    Нарачајси од орифлејм ЕверЛастинг супер е :D во тековниот каталог ја нема но во другиот мислам дека ке ја има.
    Ако си од битола и ако сакаш пишими во ЛП :D
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Не сакам од каталог,сигурно ќе ја промашам нијансата која ми треба... :)
     
  10. Amazing

    Amazing Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    хаха :D епа тогаш оти во парфимерија и прашај кажиму вака и вака и ке ти дадат :rofl:
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.554
    Допаѓања:
    106.272
    Пол:
    Женски

    Јас ја користам Буржоа 123 Перфект и многу сум задоволна за никоја друга не ја менувам. Еве оваа е [​IMG]
    само да знаеш дека е за мрсна кожа , и многу е покривна :)
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Боржуа 123 Перфект, оваа Коритсаки што ја постирала!
    Страшно добра пудра, и не се вади се додека не ја извадиш со млеко или нешто слично, а по цел ден ми трае.
    Јас се зезнав и ја земав Ревлонот, одамна ја читав тука, ама неможам ни приближно да ја споредам со Боржуата, остава траги по лицето дека си ставил пудра, мнооогу тешко се вади што ме вади од такт (посебно навечер скапана уморна и триеш да се исчистиш), не ми е доволно покривна како другава, само убаво мириса и нијасата ми е погодена.
    Да ја дотрошам, сепак 770 денари ја земав од Еликсир и назад на Боржуа 123 Перфект.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ја земав на Лореал Тру Меч, се залажав што идеше со гратис руменило, кога ја пробав ми беше ок ама сега не сум баш задоволна. Ми го суши лицето, како лишаи ми прави, не се нанесува рамномерно на моево суво лице. Значи не ја препорачувам за сува кожа.
    [​IMG]

    Додека пак Макс Фактор Ластинг Перформанс ми се покажа како одлична. Ми се погоди нијансата, дава мат изглед, а не ми го суши лицето. Стои цел ден на лице, не се лупи на некои делови.
    [​IMG]

    Друго нешто што заслужува посебно место во темава е оваа пудра на Клиник
    [​IMG]
    Имав тестер и кога нанесов на лицето едностано останав со подотворена уста. Наменета е за сува кожа, нема потреба одоздола да се нанесува подлога или било каков крем затоа што самата има многу лесна текстура, лесно и рамномерно се нанесува, се прилагодува на текстурата и бојата на кожата, лицето го измазнува, многу е покривна и цел ден не мрда, за повеќе од еден ден немам пробано ама верувам дека ќе си стои се додека не ја отсраните. Лицето изгледа толку природно како воопшто да не сте нанеле пудра, изгледа мазно, не свети не дозволува ни да се измрси лицето. Кога би имала повеќе апри сигурно би ја купила, чини околу 2600 денари. :worried:
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    Дали ја има некој користено пудрата на BOURJOIS Healthy Mix Serum?
     
  15. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Моментално ја користам пудрата на Seventeen-Natural Velvet и можам да кажам дека скоро е совршена за моето лице. Во споредба со другите пудри што досега ги имам користено оваа е најпокривна, ми ги покрива и пегите што не беше случај со другите пудри. Нијансите се многу природни, воопшто не е тешка, дури не се ни приметува дека имам ставено пудра. Не е ни многу скапа, ја зедов од ДМ одприлика 600 денари :)
    Исто така пред некое време ја користев Time plus на Seventeen, не беше лоша но сепа ја нема таа покривност како Natural Velvet.

    Воопшто не сум задоволна на пудрите на Есенс, не ми се допаѓа структурата ниту како стојат на лице. Нијансите ми изгледаат многу темни и вештачки, можеби дека имам премногу светол тен.

    Моментално сум во потрага по добра камена пудра, некоја која би изгледала природно и би ја фиксирала течната. Би било добро да е некаде до 300 денари, ќе можете да ми препорачате некоја? :)
     
    На detelinkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. don.bob

    don.bob Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Течната пудра од каталогот на Green master од колекцијата најоко е за секој тип на кожа со подмладувачки ефект и мат сјај.Многу е добра, пробајте.
     
  17. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    И јас 100 пати ја испофалив Seventeen Natural Velvet и уште 100 пати ќе ја фалам :D Јас ја користам во комбинација со камената на Менхетен и супер се така заедно. Ти ја препорачувам комбинацијава.
     
    На Primrose.x му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не можев да си ја најдам нијансата на Ревлон, па затоа ја зедов Bourjois flower perfection и кога ја ставив на лице се израдував бидејќи ми дојде слична на ревлонот, но по некое време ми светна лицето (не многу) а немав ништо ставено под пудра, ниту пак имам масно лице напротив во последно време ми е суво...
    Но ок, задоволна сум, и она што го очекувам од пудра-природен изглед, покривност и најважно трајност, да ми стои на лице така како што ќе ја нанесам барем цел ден :D веројатно нема да го најдам испод некои 40 евра, па затоа ќе кажам :up:
     
  19. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Препорачајте пудра за нормална кожа, и тоа најсветла можна нијанса, пошто сум побела и од сир! :)
     
  20. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Општи прашања

    Да не знае некој колку е пудрата на Боржуа 123 ??? :)