http://www.femina.mk/out/?id=c17dde326b ... rie%2Fviso Ги користам пудриве на дебора и сумпрезадоволна Бб ја користам преку ден лесна и мека текстура и добра покривоност додека за навечер ја користам Комофорт мат има прекрасна јака покривност
Јас ја имам користено пудрава. Мене ми се свиѓаше, меѓутоа не е многу покривна. Ако имаш чисто лице ќе ти биде добра, го изедначува тенот и дава природен изглед
Еј, ја користев пред некое време, ок е ! Иако не продолжив да ја користам, бидејќи за истите пари ја имаш и пудрата на Ревлон, која далеку, далеку ми повеќе одговара.
За парите е измислена Јас си ја порачав скептично, тргнувајќи од фактот дека е транспарентна и проѕирна(нели прилагодлива) и пошто сакав само мало изедначување после течна пудра, а сум бела(поточно со чуден тен) ми легна совршено. АМа баш е погодена за комбинирана кожа, некогаш со четка лесно поминувам и само врз обичен крем, стои цел ден, сега не е препокривна ама сепак изедначува, не се познава ко брашно, не се рони, мека и кадифена е Јас ја имам со старото пакување, нели црно, ама братучеда ми ја има оваа и е истата, значи освен амбалажата другото е исто. Спојлер
Леле Кате, ова не е можно! И јас ја меркам пудрата веќе подолго време, планирам да ја нарачам и ако ми се погоди, стварно имаш частење од мене! П.С. Dove кремата (нанесувана во мали количини) е десетка! Те гушкам!
јас ја имам користено и ич не сум задоволна бидејки исто како ништо да немаш ставено на лицето само како подлога служи ни го изедначува тенот ни ништо едноставно само ти го вцрвува лицето лично јас ич несум задоволна
Мишела да го даде конечниот суд, молам. Конечно ќе се спастрам со салам пудриче. Одлуката е помеѓу Севентин велвет мат и Ревлон колор копи. Цената е тука некаде, разлика 50тина денари, вторава ја имам во комшии, во Зегин кај Буњаковец. Имам релативно чисто лице, со тенденција да се нашарка со некоја мозолка во ПМС, ништо страшно. Ми светнува Т-зоната вообичаено, но после 5-6 часа, дури и со најгревна пудра + камена. Значи комбинирана, но нема премногу за покривање. Сакам убава нијанса и сакам МАТ ефект подолго време. Напорно девојче, знам, ама многу парички се...
Трендафилке, потполно те сфаќам како ти е, мене периодов ми е малце кнап со буџетот, па еве мака мачам со пудрата и користам една која не ми одговараше, ама ја измодифицирав и сега е да речам ок. Ама сепак Боржуа си е Боржуа и јавно изјавувам дека моето лице жали, пека, плаче и писка по неа, ама писка и новчаникот, зашто треба да си платам солидна сметка за струја. Никогаш немојте да жалите пари за добра козметика, посебно онаа за лице - ете, најдобронамерен совет од мене. А ако не ти треба голема покривност тоа е супер, зашто од една страна имаш поголем избор на пудри, па и која и да ја купиш не би требало да имаш мака со покривноста. Претпоставувам дека мислеше на Ревлон Колор Стеј - ја немам купувано, ја пробав од другарка и ми издржа цела вечер (онаа за комбинирана до мрсна кожа), а бевме натаму наваму, низ кафанче, па во диско, па тинтири-минтири. Издржа пудрава, супер покрива, АМА мене ми беше претешка и лицето го чувствував дехидрирано само од една употреба. Не ни помислив да ја земам пак. Ама знаеш, можеби таква ми е кожата, осетлива. Така ми реагира и кога ставам од црната Менхетн - оган да ја стопи! Глупаво е чувството, имам мрсна кожа, а по вадењето на пудрата ја чувствував безживотна и мутава некако. Претешка ми беше. Од Севнтин Велветот си имав едно шишенце малецко, тестерче бај д уеј и терав така добри месец дена, пред речиси две години. Онака ја немам никогаш купено. До душа, на прсти се бројат пудрите што сум ги купувала, порано додека да ја најдам онаа која ми одговара си набавував тестерчиња. Покривноста солидна, а имав и имам повремено мнооогу акнесто и флекасто лице. Користев и коректорче, за онаков ЏАМ изглед, бидејќи ситничарам многу и сакам кожата постојано да ми изгледа супер и да нема траги од несовршеностите кои и те како ги имам. Мислам дека со малку камена на критичните зони ќе тераш така цел ден, испробана ми е комбинацијата. Е нормално сега, ќе ти требаат минимални корекции за неколку саати, бидејќи мрсната и комбинираната кожа се такви - си бараат тинтрење. Ќе биде доволно да потапкаш малце со паломичка и ќе бидеш океј. Изборот е твој Трендафилке, јас имам позитивни искуства со двете пудри, ама кога би морала да бирам, би ја одбрала Севнтин (и се мислам на велико дали да ја купам овој пат, зашто ќе ми останат вишок пари ), поради тоа што лицето не ми изгледаше дехидрирано и уморно после вадењето на пудрата. А да, да напоменам дека Ревлонот не се вади така лесно, ќе треба малце да ги размрдаш прстињата. Голем плус е тоа, бидејќи мене лично ме нервира кога пудрата лесно се вади - дури и Лепи со два-три сочни бакнежи успева да ја извади мојата пудра што вообичаено си ја користам, а Ревлонот го помина и тој тест. Обавезно да дојдеш тука во темава на рапорт откако ќе одлучиш и истестираш.
Јас ја добив како подарок во ова новово пакување таква ја имам сеа,бидејќи ја немав користено сакав да прашам Благодарам многу за инфо,ќе пробам и јас ќе ставам па да видиме како ќе се покажи кај мене и јас имам комбинирана кожа,мрсна само на Т-зоната јас ја имам вери ми од орифлем камената пудра ама ене така стои,бијеќи така се познава како брашно што викаш ти. Благодарам уште еднаш.
Не сум во можност да ја купам Артдекото, па затоа морам да купам од Мах фактор. За сува кожа која би ми ја препорачале. Значи имам екстремно сува кожа и речиси од сите пудри испробани до сега ми се прават лиши т.е. ми се суши кожата. Мах фактор користев порано, ама незнам каква беше, може и да не е била за сува кожа и бев целата со лиши. Ја препорачувате ли, или да ја отпишам. Ми треба совет бидејќи воопшто не е ефтина, па да не ја купувам за џабе. И ако не е добра оваа, која друга, освен Артдекото која е незаменлива, ама ете неможам да си ја купам во моментот, ја нема кај нас, а јас немам никаква пудра дома.
И јас имам екстремно сува кожа, и ептен ми одговара Хелти Миксот на боржуа. Што се немам пробано...Исто и една од мејбилајн, крем пудра многу му одговоара ама ја нема кај нас. Ако налетам на неа во странство.
Феминки јас ја користам на лореал тру мач, е сега гледам една друга на лореал, изгледа нова е. Дали ја знаете за какво лице е , моето е иначе мрсно. Позз
Перфекција од пудра. Одлична покривност, ич не е тешка пудра, и е ефтина во споредба со други вака добри пудри (+/- 500 денари) Си ја земав денес, еве сега ја пробав и вака останав од ефектот!
’‘ Почекај некое време па после дај коментар Оти и јас така за почеток секогаш се радувам и после некое време кога ќе се видам во огледало ми се плаче, како сега пример за пудрата што ја пофалив последно