Предложете некоја добра камена пудра,што добро покрива.Имам моментално една од Chaterine ама не сум задоволна,многу светки има на неа.
Трендафиљке мор, Севентинот зимај ја, плус и каменото на Флормар, ме гледаш што лепотица сум на сликите, ич да не се мислиш! Оди проучи ме, зумирај ме, јас сум презадоволна од таа пудра. Прашај да видиш на колку луѓе ја препорачав. И ми се допаѓа што овие две пудри, комбинирани заедно, даваат кожа која има здрав сјај, а не како да сум се пржела во зејтинче. Плус подлога Јанг Дерм, ептен сум свежа, по цел ден. Севентин ол д уеј!
Леле Дузи, јас не те имам видено по слики како ти стои пудрата, ама со тоа постовите, ептен ме намерачи да ја земам бре женче! Издвоив пари од мојот скромен буџет за месецов, зашто го испокасапив новчаникот со таа клетата порачка од Авон. И не верувам дека нема да најдам нијанса, сигурно ќе ми биде пак супер, ама ме плаши фактот дека ќе светнам брзо. Ќе си најдам и нискобуџетна камена - шта је, ту је. И ако станам имитација на светилка во суратот, да знаеш и ДА ЗНАЕШ дека ќе ти кукам по темава, или полошо - по ЛП. Ете, ако Трендафилка уште не ја купила, јас се пријавувам за експериментално глувче по n-ти пат и свечАно обечам дека ќе ја тестирам утре и во недела ќе добие рапорт по ЛП и секако во темава. Скапа ми е Боржуа моментално, ај некоја ако ме сака нека ми ја поклони за Нова година !? - шала. А, да прашам - Космо не држат козметика на Флормар, нели?
Мишелке мислам дека не држат во Космо ама во Шатци и Јуник(поодамна)имам видено и нели во новово Веро има
Најди пудра во прав на Аура, повеќе од 200 денари не е, ако светнеш и пуф, паф, готово. Значи обавезно подлога, па пудренце, и пудро во прав/камена. Јас сепак сум поголем љубител на пудрите во прав, ептен оти не сум баш при пари па да си купам некоја поасална и ја зедов камената на Флормар. Арна е за тие пари. Си се знае, пудра во прав, си е пудра во прав. Стандард. Уште некој денар и тоа минералните сакам да ги пробам, мислам дека имам една колешка што користи таква, и лицето и е стакло, и не и се собира пудренце, не и се познаваат пори, ништо. п.с. Аура имаш во Космо.
А која друга пудра во прав ја има со минерали освен оваа на артдеко (ја нема во мојот град) некоја поубава да не се собира и да стои на лицето како за комбинирана кожа, ама не мора да има иста цена како оваа на артдеко , може и поефтинка да е . Да ја потрошам буржоа сакам само со пудра во прав да пробам, досега немам користено во прав па може и мене ќе ми се допадне.
Е готово, чекајте ме утре на рапорт, т.е. недела де. Откако ќе ги истестирам убаво утре вечерта. П.С. Колку сум лесна за убедување бре, не ми се верува! Две-три лепе речи и тра-ла-ла, I'm yours. Штета што пали само со козметика и такви тракатанци. Еј, да, а сликичка од таа пудрата во прав/камената на Аура? Каква и да е - ја земам, продадено.
Не можам сликичка да најдам, ама во темно, овално пакување беше мојава, пудра во прав е... со сиви букви пишуваше Аура на неа. Е сега ако го смениле пакувањето, не одговарам за последиците. Ангел, дека само со пудра во прав ќе поминеш, не верувам. Пудрата во прав не е покривна, можеш само да фиксираш со тоа. Можеш да пробаш со Боржуа и пудра во прав, да видиш дали ќе има подобрување. Мада што се зависи од човек до човек... мораш да пробаш прво. За минералните пудри, оставам на Тинкербел (со пицата ) да се искаже што, како и зошто! Мишела, со среќа, гледај мавни ги сите пари и дојди во недела да ме пцуеш тука.
Дузи ич неможам да ми тежи фацата со пудра и оваа на буржоа е мн лесна , не ми треба покривност, а тинкербел со пицата ми ја посочи артдеко ама не ја најдов, лореал ја нема , останува уште џордани со минерали на авон ама некако скептик сум, преку каталог да бирам нијанси
Дузи ако немаш одлучено која минерална пудра да ја купиш, добар избор е таа на Алверде. Ја користам скоро секој ден и нема некој тежок мирис , а и не светнувам . Всушност не сум ја тестирала каква е од 8 сабајле до 12 вечер ама па не сум правела никогаш дополнително Пуф Паф што викаш ти А треба бе во несесер да си носам нешто од шминка Не е покривна само тоа кога ти е ама после коректор и пудра добар финиш дава. Баш вчера ставив вечерта и одев по дождови и се и дома кога дојдов стакло ми беше лицето. Мислам дека некоја од феминките ја има, па ако види нека каже ако има нешто негативно А цената беше нешто над 200 ако не грешам
Еве и јас уште еднаш (по 100ти пат) да ја препорачам минералнава пудра во прав од Алверде.. значи убава си е, мирис супер, нежен суптилен, чини 250-260 денари во ДМ и ќе ја користите доста долго.. еве јас летово ја земав, секој ден ставам по два пати и тоа само од неа, течна исфрлив од употреба - ставам понекогаш за навечер само (ај добро еднаш во ташна се истури мал дел, бидејќи јас целата лепенка нели си ја извадив од кутивчето ) и значи еве за скоро 5 месеци дали до пола е потрошена.. дава убав финиш, нема да светнеш..единствена мана е што нема нијанси, т.е. мислам дека има само две вреди да се проба...
Мишелке, еве јас се пријавувам да ти ја поклонам 123 за Нова Година, арно ама мислам дека тебе 53-ка ќе ти биде темна. Јас ја купив летово кога бев исончана ептен и сега не ми одговара. Бај д веј, некој ако ја сака 53-ката -123 на Bourjois, немам ставено ни 5 пати од неа, нека ми пише ЛП, му ја поклонувам.
Не ми е претемна, ама доволно е темна за да не си се допаѓам со неа. Нијансата 52 е како измислена за мојот тен. И се плашам, дека од оваа на Севнтин нема да најдам таква нијанса моментално. Ај држете ми среќа, одам во поход за некои триесетина минути.
Јас ја користам и ептен сум задоволна сигурно пак би ја купила, ама не знам за каква кожа е не пишува, само наведено е дека е препорачлива за млада кожа т.е тинејџери и делува против појава на акни и не ги затвора порите
^ Девојчиња, антибактериската на Менхетн е мат, имате две верзии - нејчрал и п'рфект мат. Првата е со помала покривност, втората со поголема. И штом е мат, најпогодна е за комбинирана до мрсна кожа, зашто може да се појават лишаи кај оние со сува до нормална кожа. За сува не ја препорачувам, а за нормална би можела да помине со хидратантен крем и добра подлога. Е сега, мај стори. Клета уста сум - тоа ми е проблемот. Таман ќе ми се погоди фино и услужливо девојче во Космо - ќе го нема тоа што го сакам. Која иронија. Ги пробав речиси сите нијанси, и искрено - немам појма каков тестер сум докопала тогаш кога ја шлапав пудрава. Најсветлата, тројката ми беше розова и не ја препорачувам на тие што сакаат пудра со жолт подтон. Ама розово, уф, се замислував со фацата како Мисс Пиги од Мапет Бејбис, иако реално, далеку сум од неа. И колку само разлика имаше од една до друга нијанса, не ми се верува! Следната нијанса (четворката) ми беше претемна. Мислам, Нешто налик на Боржуа 123 и нијансата 54, или пак Менхетн во црното пакување со нијансата beige 82. И си отидов пак со Боржуа под мишка и си кажав (по 1298ми пат), дека повеќе пудра не менувам. Може само повремено да шантрам и да испробам нешто ново од тестерче колку да сменам, ама да земам друга пудра - ноу факин уеј. Барем додека ја произведуваат оваа и ги молам, значи ГИ МОЛАМ нека ме предупредат кога планираат да ја повлечат од продажба, за да се опремам фул антил ди енд оф мај лајф. Е така. Ми немаше логика да земам пудра со розов подтон, ниту пак претемна - доста време шетав темна во суратот. И вака споредувано, Велвет Vs Боржуа 123 - Боржуа дефинитиваменте е помат, оваа другава е далеку потечна и без камена не би смеела да замислам да ја носам, ама покривноста е супер и ми се допаѓа од таа страна. Е, тоа имав да ви го кажам.
Девојки, молам за совет. Неколку години не сум ја сменила мојата пудра од maybelline (dream satin liquid) и мислам дека веќе сигурно постојат подобри, а и ми здосади од неа. Ве молам препорачајте ми некоја што важи за покривна но не и многу тешка, би издоила до 1000 денари. И ако може да ми пише само некоја што стварно испробала секакви пудри и стварно се разбира. Никако авон, орифлејм, флормар, голден роуз и никако revlon colorstay зашто ми е претешка на лицето. Па ве чекам со предлози...Фала однапред.
ЕЕЕЕЕЕЕЕ мори Мишелке, од 5-8 се со жолт подтон! Јас 6ка мислам имам, таман ми е. Ах леле, ајде со среќа нека ти е Боржуата, нек се угоде.