Aма верувај ги пробав сите што си стоеја во редот и ми беа ПРЕтемни, посебно тие со жолт подтон. Све по списак потсетуваше по нијансата на Менхетн црниот ѓавол со број 82. Од тие сите испробани, како прво, бев среќна што девојчето не ме избрка од дуќанот. Најпозитивен впечаток ми остави четворката и петката не ми се совпаѓаше, многу ми делеше од тенот. Многу сум бела бре, аман. Ај ќе си набавам тестерче, мерак ми е да ја имам пудрава, ама не ни било пишано - sad but true. А ти уживај, барем си дојдов дома среќна, задоволна, безопасна по околината и со обновена љубов спрема Боржуа. А да, па и осум стотки на рамно ме фати, а обично ми земаа + 30 или 40 денари, па си искалкулирав и ми останаа пари за некоја пудра во прав, така да - Аура нека се спрема.
Се сложувам за минералната пудра на Алверде ја купив по препорака на една феминка и сум многу задоволна. Матира, полутранспарентна е и пријатно ја чувствувам кожата со неа.
Во Шатци има Артдеко 100%,а има и во Космо А Лореал ја нема во МК од пред 2 години. И оваа не е во прав минерална пудра за финиш како таа на Алверде(така некој спомна),оваа си ја користиш наместо течна,и има голема покривност. Не ти препорачувам да нарачуваш од Орифлејм или Авон (имав на Авон и не е ништо посебно).Побарај по големиве парфимерии ќе најдеш 100%
^Кога ќе ме носи пат накај Скопје ќе си купам, тука во мојот град ја нема, се настрвив многу за таа на Артдеко да си ја земам, ја испофаливте сигурно е убава
Готово, в понеделник ја купувам Севентин велвет мат, ја има во Бисер, мојот драг комшилук, во РИ-МА, за 580 ден. (со сигурност тврдам дека во Центар е поскапа), така да мерачки ќе си ја земам, мх мх, одбрав и нијанса, 6че ми се виде најфина за мојот тен, и ја испробав на кратко, така тестурата ми беше одлична, како за прва средба. И побарав совет за камена, моментално имам од Флормар, и за кежуал секој ден ми е сосем ок, ама ако се решам за малку поскап избор... ваму имам на МаксФактор за 430 ден. супер камена пудра. Искрено ме изненади цената, како за МФ де. Пишувам импресии од понеделник, мислам дека овојпат ѕвездите се на моја страна.
И јас имам многу сува кожа ама ласт перформанс ја нанесувам и без да нанесам крема како подлога. Ти ја препорачувам, ја користам веќе 2 недели и не ми го суши лицето до сега. Доста е трајна, лесно се отстранува и убаво се впива во кожата па изгледа многу природно.
Ајде јас да направам еден review за новите стварчици (немав време деновиве): Сакав да паузирам малку од омилената Ревлон, па ја купив минералната пудра на Art Deco (Mineral Powder Foundation), нијанса light beige 4. Има големо пакување од 15 гр. и мало од 10гр. и со него има мала кабуки четка. По совет од Тинкербеллл дека четката не е највоодушевувачка, се одлучив за првата варијанта, а кабуки четка си купив на Gosh. Значи луѓе, пудрава е совршенство. Нијансата ми спие на лицево, а кожата ми е благодарна што така ја третирам. Јас ја тестирав и со подлога (крем) и без подлога. Има ефект на доста покривна течна пудра и мене воопшто не ми изгледа прашкасто, и со подлога и без. Јас имам мрсна кожа на лицево и се одлучив да ја користам без подлога (дури не видам дека ми се прават лишаи без подлога, оти кај мене и тоа е можно ). Мене лицево со било која пудра ми светнува по одредено време, така што во однос на тоа нема некоја разлика. Препорачувам и тоа за секаков тип на кожа. Вреди за парите. Во исто време си ја купив и 52-ката од 123 на Bourjois поради убавото искуство со неа летово, за жал со погрешна нијанса ама сега ја оправивме. Ја зедов и каменaта на Bourjois, Healty balance 52-ката исто. Солидна пудра, само ужасно се нервирам кога ќе купам камена пудра, а нема тупфер за нанесување со неа. Иако си купив посебно тупферчиња од Космо и ДМ, не ги бива за ништо. Па тука би ве прашала, дали можам камена пудра да нанесувам со четка за пудра? Се нанесува рамномерно? На пр. со оваа на Gosh? Мислам дека камената на Менхетен (Soft Compact Powder) малце е „појака“ и повеќе издржува, арно ама нијансата шо ја земав (3-beige) ми тепа малку на розево. Иронија, beige-розево. Кај оваа пак е добро што има фино тупферче што си оди со неа во пакување. Предлог нијанса од камената на Менхетен? И дали е убава оваа камена на Менхетен? Mислам дека кај нас има само три нијанси, иако на официјалната страна се четири и тоа баш 70-vanilla ја нема кај нас. Извинете за долгиот пост.
^ Мило ми е што ти се погоди и на тебе пудрата,јас секаде ја препорачувам Еден совет,доколку користиш неколку дена по ред без подлога или пак со не мрсна/хидратанта крема можно е да ти направи лишаи.Пудрата е доста сува па затоа.Но ,ти пробај можеби тебе нема да ти прави проблем. Инаку камена пудра може да се нанесува со четка за пудра и дава дури поубав,поприроден изглед.Така да слободно ставај си со четка.
И јас ја користам минералната на Артдеко (нијанса бр.4), супер ми е што некогаш кога не сакам да се гледа дека имам пудра, ставам само малку, само еднаш со четката, и супер изгледа. А на почетокот дури да се навикнам ја осеќав како да ми стои од горе на кожата, ми се гледаа порите, ама со тек на време се испраксирав. Убаво ми е што не ми треба камена пудра после тоа, а имам комбинирана кожа и порано стално светнував на т-зоната. Ставам после тоа само малку мат бронзер и руменило. Е сега следен пат нема да сум во можност да ја купам, ќе морам нешто поефтино па сакам да ве прашам со која од овие пудри на Rimmel нема да ми е потребна камена над неа?
Ах бре жени, ме настрвивте и мене сега за Артдеко минералната пудра во прав Тинкербеллл, твоја вина е ова, само да си знаеш Имам Шатци во комшии кај мене, ќе поминам деновиве да ја побарам. Ако навистина нема потреба да се става течна пудра под Артдекото, ќе ве частам, да знаете Некако уште сум скептична, ама ќе пробам. Не дека мене ми треба некоја не знам каква покривност, напротив, имам чисто лице. Па кога веќе е така, зошто да се шлакам со течни пудри? Плус, кај Артдекото ме привлече и тоа што е минерална, што значи дека не ги затвора порите и и` дозволува на кожата да дише. Досега со други производи на Артдеко сум немала утка, одлични биле, па не се сомневам дека и пудрава позитивно ќе ме изненади. Кога ќе ја купам, обавезно ќе споделам впечатоци тука Ах, лоши сте, да знаете
Еве еден репорт од мене за последно употребуваните пудри: 1. Rimmel Lasting Finish (+/- 380денари) Пудрава ми е откритие на годината. Летото не ми се свиѓаше зошто не си ја погодив бројката, па како што бев исончана, ми беше светла. Е сега, кога е ладно времево, пудрава е топ. Кога сакам џам да ми е лицево, за вечерни излегувања, ставам два слоја. Еве и сношти и засношти особено, јас после скоро 8 саати излезена се вратив не чепната со лицево. Значи ја оценувам со чиста 5ка. Барем мене ми е ептен погодена, а јас имам нормална кожа на образите, а Т-зоната мрсна, значи имам комбинирана кожа. 202 nude е мојата нијанса. 2. Max Factor Xperience (+/- 800 денари) Пудрата, нводно ми ја препорачаа како пудра за сите типови кожа, но не е така. Оваа пудра е исклучиво за многу мрсна кожа, зошто ненормално многу ја суши кожата и тоа не кога ќе ја нанесиш, туку откако ќе ја отстраниш кожата мислиш ќе ти се распука од што е сува. Мислев дека до млекото за отстранување шминка е, но не, го сменив и пак иста прича со пудрава. Покривност, средна. Немам некои особени пофалби за пудрава. Ја оценувам со 3, заради моменталниот свеж изглед на кожата, што го дава. 3. Maybeline Affinitone Mineral Foundation (+/- 500 денари) Пудрава, ја земав пред некој ден, ставив еднаш за да ја пробам и одма дојдов тука да ја испофалам, но MSkorpionka беше во право, дека прво треба добро да ја испробам, па да ја пофалам. И така испадна, ја нанесов пудрава за излегување, супер ефект, покривност-одлична. Кога после некоку саати во дискотека да видам како челото и носот ми светат ко масло да су нанела, а не пудра. Јок! Не сакам јас таква пудра. За комбинирана кожа, ми рекоа во парфимерија, дека била, но се сомневам. По незнам кој пат, се разочарав во пудра на Мејбилајн, дефинитивно не ми одговараат никако на кожава. Ја оценува, исто со 3, баш поради покривноста, но никако поради ефектот после неколку часа. Овие три пудри ги пробав последниот месец, иако Римелот си ја купив уште од пооднамна. Сега наредно ќе побарам тестерче од Ревлонот (ако има?!), ако не ќе почека малце пудрава, да си присоберам пари и ќе ја земам.
Еве повторно се потврдува дека секоја пудра на различна кожа делува различно. Пример пудрата од МФ последна ја користев и кај мене имаше сосема спротивен ефект. Јас имам нормална кожа, но оваа пудра ми даваше ефект на лампион, светев по само 2 часа, и во никој случај не ми го сушеше лицето а камоли да ми прави лишаи. А јас никако не светнувам во лицето само оваа пудра ми даваше таков ефект, јас мислам дека е за сува кожа. Ама тоа е различна кожа, различен ефект. Малку држи вода поделбата на сува, мрсна, комбинирана и меѓу нив има големи разлики, не може да се зборува генерално.
Нема потреба ни за течна под неа, ни за камена над неа. Доволно покривна е, така што нема потреба нешто плус да користиш.
И мене ме интересира за ова на Римел што ја постираше Лепа. Одамна ја гледам, и летоска ја пробав од другарка,ама дека бев изгорена и од црвенилото не можев да оценам...Друго е сега да видам.
Да ве прашам дали некоја има користено од пудрите Radiant-ги забележав во Меркур Битола,а и многу козметички салони шминкаат со овие пудри.
^ мене во Ка-ла парфимеријата кај Пикант ми рекоја дека биле некој вид на професионална шминка. имав земено да испробам и многу ми беше слична со Max Factor lasting performance.