Која пудра е подобра меѓу Revlon colorstay и MaxFactor Face Finity 3 во 1? Барам висока покривност, да ми го направи лицето како фотошопирано и плус да изгледа природно, да стои цел ден...за комбинирана кожа.
Ај предлог за пудра,ама да хидрира,да не биде масна,ами хидрантна за скроз дехидринана кожа и да не биде на Макфактор,зошто непогрешливо ми ја менуваат бојата на кожата! И претходниот пат, не, не, не зимам, земав и се зезнав!!! И сива сум и ќе бидам сива некое време! Мислам не као сива сеа ептен, ама изгледам истоштено, се гледа дека ми го сјебува пигментот! Се мислам дали да земам Ревлон за сува кожа,пошто стварно не знам бре како порано си имав увртено во глава дека треба да симам пудри за масна кожа... ваљда ради мат ефектот,ама тоа се средува,а и од било која пудра ми се матира,ретко да светнувам... Бог да чува! Сум се запнала ко слеп за стап.
Дефинитивно РЕВЛОН. И јас имам комбинирана кожа (масна Т зона) и после сите испитувања на разни пудри оваа не ја менувам. Јас ставам плус и камена пудра на севентин Спојлер и као од насловне стране сум .
јас моментално ја користам макс фактор 3 во 1 и можам да кажам дека е одлична,ми стои цел ден,дава природен изглед а покрива феноменално,за мојава мрсна кожа на лице не светнува,јас имам потемен тен и мене и најтемната нијанса ми е светла но со камена пудра и тоа се средува..
Лилит, а да пробаш со Мимоза ? Шала на страна, ама мислам дека кожата ти се дехидрира од пудрите поради тоа што ете, кажа и сама дека користиш пудри со мат ефект. Изгледа ќе да имаш сува кон нормална, или грешам ? Си ја пробала Хелти Микс? Има природни нијанси, со коректор ќе ти биде океј и на покривност, ако немаш нешто многу-многу за корегирање. Тестирај ја и таа на Севнтин што ја отековме со Трендафилка и Дузи низ страниве; има некој си мат ефект, ама е многу, многу хидратантна, се разлева буквално низ прсти (не по лицето, да не се сфатиме погрешно) и делува нежно. Ваљда не си баксуз како мене и ќе си најдеш нијанса. На крај краева, ако не ти одговара ниту една од овие, пробај ја Ревлон, ма да според мене е претешка пудра (било да е онаа за мрсна, било онаа за сува кожа) и дополнително ќе ти го замара лицето, па ќе си го чувствуваш безживотно по вадењето на пудрата, па плус штом ти е такво осетливо...
Поубава пудра од на Флормар нема! Ем не го суши лицето, ем долго време се задржува на лицето. Јас под неа ставам подлога од Гарниер таа за комбинирана кожа и има алкохол во неа, нормално е да ја суши. Очекував дека пудрава ќе ја досуши ама не, баш е убава. Јас само си имам мака со нијансата. Него мене ова подтонов ме буни. Жолт и розев, м? Јас кога си го гледам тенов ни на едно ми иде, ни на друго, на сиво ми мава, како може така? Се си утињам пудрата, освен онаа на Буржоа 1,2,3 54ка, е таа ми е таман. Мишелке ти си најупатена, покажи ми го и мене правецот кон совршена пудра
Итно ми требаше пудра а не бев при пари во Ск па претрчав до Дм и ја зедов оваа на Римел за 300 денари и сум позитивно изненадена од пудрава ,затоа што моето мислење во врска со пудра е дека таа треба да биде скапа и пред се Квалитетна затоа што сепак се работи за лице. Посебно за моето чувствитено лице. Но навистина морам да ја пофалам оваа , за парите е одлична.
Revlon color stay е многу тешка пудра и не му дозволува на лицето на дише. Навистина го дава тој "фотошопиран" изглед, и се вбројува меѓу првите пет најдобри и "поефтинки" пудри на сите светски топ листи, ама јас лично нема никогаш повторно да ја купам. Еве и девојкава го дели моето мислење: http://www.youtube.com/watch?v=P5LVzbBfjd8 Во видеово ги фали Maybelline Superstay 24h & L'oreal True Match, па ве молам, ве молам кажете ми ако ги видите кај нас. Еве и слики од нив: и
^ Има кај нас Лореал еве мислам дека за истата пудра се работи. Инаку мое лично искуство со оваа пудра (од пред 5 год.) е ужасно.Ми ја сушеше кожата,стварајќи лишаи и лицето после 30 мин од нанесувањето ми беше како со флеки (пудрата како собрана) одвратна.
Јас не сум видела во такви шишенца да се продава,барем не кај нас...ама и на други места не сум видела бе.Секаде се продава вака со пумпица,а инаку мислам дека таа е таа True Match нема друга. Да не е тестер тоа другото шишенце
Да ти кажам право Марамке, немам поим како ги бирам нијансите. Ќе утнеш еднаш, ќе утнеш втор пат и третиот пат веќе се навикнуваш на утките. Се шалам. Стварно се ставив во мисла, ете конретно и мојот тен не бие на жолтеникаво, ами на бело, буквално бело сум како снег и највеќе ми одговараат пудрите со жолт подтон. Оние кои имаат розов подтон веднаш ми делат и се чувствувам ко Мис Пиги од Мапетс. Дури и не знам на каков тен би одел тој розов подтон, можеби некоја навистина има таква кожа, што природно бие на некои такви тонови (не буквално розови). Ќе треба да истражувам малце, да не тресам од ракав. Боржуа ти е супер, ако ти одговара терај си со неа. Ама ме боли фактот што е прескапа и понекогаш едноставно треба да си скратам од друго за да си ја дозволам. Мора нешто да не чини.
И мене ми е супер ама 800 денари е. Еве оваа што ја фалам на Флормар, 500 денари е и е супер, мене ми е подобра од Боржуа ама нијанса нема изгледа за мене А за тие 300 ќе си купам камена плус
^ Зошто не пробаш да ја мешаш со некоја друга, посветла (ако ти е претемна, претпоставувам дека ти е). Јас така ја мешав таа црната Менхетн со подлогата Јанг Дерм со бројче 5 и плус во кутивчето каде што мешав, додавав малку од млекото за тело Бекутан. Супер пудра добив од сиот тој бучкуруш, покривна и посветла за некоја нијанса.
Марамке од моето искуство последниве неколку години, пред нова година во Шатци стално имаат некоја Буржоа на попуст, или пак за купена пудра даваат гратис маскара, што пак се исплати Така да, можеш да си почекаш.
Марамке јас лани ја земав Боржуа Хелти миксот , со маскара за 800 денари во Шатци. Пред некој ден бев и мислам ама не сум сигурна дека имаше некоја пудра на Боржуа со уште нешто( акција )