Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.996
    Допаѓања:
    81.335
    Пол:
    Женски
    За жал, Хелти Миксот е на акција. :doh:
    Работава - дојдов, видов, заминав со подвиткана опашка. :D
     
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Девојки абе пудрата на лицето треба да одговара со бојата на вратот и градите, а не со бојата на лицето. Затоа што скоро секогаш тенот на лицето ни е најсветол дел од телото поради честото миење и носењето на СПф :) така што ако нијансата на пудрата ја определуваме според лицето (а тоа е најсветол дел од телото) секогаш лицето ќе ни биде за некоја нијанса посветло па ќе ни се дели од вратот. И
    наче за определување на подтон, јутуберка една објаснуваше како се определува. Боите на вените на зглобовите најдобро ни покажувале, ако повеќе се накај плави е розев подтон, ако се зелени - е жолт. Имаше и да си ја погледнете кожата под вратот, кај клучните коски и да видите дали иде накај розикаво или жолтеникаво.
    Со определување од лице не е баш веродостојно бидејќи често и така имаме црвенило на лицето па и никогаш нема баш жолто да изгледа :lol: :lol:
     
    На Doozy и marama им се допаѓа ова.
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Јас денес си се подновив со оваа, па ќе видиме како ќе ми легне на лице. Ако имала некоја искуство, слободно нека сподели. :)

    [​IMG]
     
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    8.469
    Ревлонот е супер, ама повеќе ми иде за зрела кожа, 30/35+ на пример.
    Голема покривност и се тоа, ама тешка е бре луѓе. А и прејак мирис има некако.
    За секој ден мене пудрите на Мејбелин ми одговараат со едно поминување со камена одозгора и не ми мрда цел ден. Јас си ставам и подлога и камена, без разлика на пудрата. Не знам како очекувате да ви издржи и да не светнете во диско, при потење или на влажно време на пример ако не сте поминале со камена/прав. За комбинирана кожа ми е муабетот.
    Е сега, при крај ми е Афинитон минералс, а сакам да пробам друга, некое искуство со овие :?:
    [​IMG]
    Оваа ја има на попуст ама пишува дека не е не комедогена-што е единствено што ме предомислува. Инаку и девојката со акни што ја имаше со јакиот туторијал, има направено ревју дека добро и се покажала.
    Плус има добри нијанси.
    [​IMG]
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Да не знаеш што акција е? Пак со маскара или нешто друго?
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.996
    Допаѓања:
    81.335
    Пол:
    Женски
    Ама мислам дека се работеше за серумот Хелти микс и одеше со гратис маскара. Провери, можеби уште трае акцијата.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.050
    :rofl: Мимоза бе!!!
    Па сува кон нормална ми е да. И речиси и да не светнувам освен кога е многу топло и влажно времето или ако се препотувам што е нормално нели.
    Ужасна ми е,како испукана ми е целата и оштетена,згора измачена ја чувствувам,па дури и внатрешни ми излегоа,па се уверив дека очигледно и од пресушена кожа се исфрла кожата... Веќе одамна ми е хаос,ама сега го допре дното. Без живот е скроз,особено па после очајниот црн шампон Елсив на Лореал,ме унакази!
    Ај ќе ја пробам оваа на Севенин. Долго време ја користев тајм плус и некако и таа ми ја сушеше,па оваа не сум ја ни ставила на ум,ама штом сте задоволни,за почеток ќе побарам тестер,па ако ја бендисам ќе ја земам.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.446
    Допаѓања:
    250.781
    А да пробаш со Artdeco Rich Treatment Foundation, знам ја отеков со нејзе ама е идеална за оние со сува кожа. Јас инаку пак си ја купив, незаменлива е. Ја пробав и на Боржуа, не знам која беше, за сува кожа била и од тестер ми се допадна, ама неиспробана ми е, и не ми се ризикуваше.
    И Ревлонот ја имам користено и далеку подобра е Артедкото.
    Реков незаменлива е, особено за сува кожа :) .
     
    На gwen и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ноеми, колку е оваа Fit mе? Не ни знаев дека ја имало кај нас :?: За каква кожа е?
     
  10. kate-goldy

    kate-goldy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од ВВ cream 5in1 на Дебора.Супер покриеност, лицето не ми свети туку напротив имам свеж изглед преку цел ден и не делува како да сум ставила кило сминка на мене..А за навечер само малку камена пудра Luxe од авон и завршена работа :rofl: Инаку и двете ги земав онака безвезе без некоја посебна препорака, повеќе ме мотивираше попустот отколку ефектот, но се покажаа и посебно и заедно како супер па и не планирам да ги менувам сега за сега :P
     
  11. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    2.597
    Со маскара е,баш пред некој ден купив :)

    Еве ја маскарата
    [​IMG]
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.349
    Пол:
    Женски
    Марамке да ти дадам еден совет за одбирање нијанса,што мене ми го даде една девојка во парфимерија и оттогаш купувам одлична нијанса за моето лице,а не како претходно секогаш нијанса потемна.Кога ставив од тестер на дланката ставив на горниот дел каде што ни е потемна кожата и девојката ми рече,не пробувај така ќе утнеш,пудрата секогаш се пробува тука(кај што ја имам ставено линијата на сликата)и треба да биде иста боја.Ќе ти изгледа светла ама на лицето таман.Барем јас оттогаш немам утнато пудра
     

    Прикачени фајлови:

    • hand_palm.jpg
      hand_palm.jpg
      Големина на фајлот:
      174,3 KB
      Прегледи:
      786
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^Или секогаш кога тестирате нанесувајте на вратот, блиску до лицето, така ќе бидете сигурни дека нема да ви двои пудрата од вратот, нема да бидете ко маскирани.

    Туку јас да прашам, не знам кај би можела на друго место да го поставам прашањево кога нема општа тема за козметика во подфорумов, гледав фејс прајмер од Гош во Космо, вака на рака текстурата беше убава, ама се мислам дали да го земам. Некој го има користено, критики, пофалби? Или некое друго (по можност и поефтино) решение доколку овој не чини?
    И исто да си прашам, кога користиш прајмер има потреба од подлога, или исто е прајмер и подлога? Никогаш не сум употребувала во животов и сега не знам што ме натера да го видам во Космо и од мисли не ми излегува :$
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Еве ме со целосен извештај за Seventeen Velvet Mat foundation.
    [​IMG]

    Пакувањето е од 35 мл. со пумпа и лесно се нанесува.
    Структурата е густа, но убаво се размачкува и не ѝ треба многу време да се впие на лицето.
    Издржува со еден слој камена пудра на лицето добри 8 часа, без воопшто да светне.
    Еден ден ја испробав со подлогата Јанг Дерм, еден без неа, и слободно можам да кажам дека на пудрава не ѝ треба подлога, дури поубаво изгледа лицето без неа.
    Нема некој специфичен мирис, онака неутрален, убави природни нијанси, јас ја одбрав број 6, што е приближно мнооогу блиску до мојот природен тен.
    Лицето изгледа природно, не замаскирано или фотошопирано.
    Единствен мал минус е тоа што има средна пикривност, бидејќи не е тешка пудра.
    Покрива, но не онолку колку што јас очекував (јас мислев џам ќе ми биде лицето). :D
    А можеби се гледам на погрешни светла :^) , зашто сите што ме видоа - ме пофалија.
    [​IMG]
    * на сликава нијансите изгледаат малку потемни, сепак треба да си појдете и да ги пробате.

    Сепак, досега, ова е една од подобрите пудри во рамките на тој буџет, единствено Дебора со зелено капаче е нијанса подобра, а продавачката ми ја пофали и Комфорт Мат (650 ден.) и ми рече дека е сепак класа погоре од Севентин, ама јас ете го имав меракот на оваа.
    [​IMG]

    Ок е, задоволна сум, ама не можам да кажам дека е пудрата на мојот живот.
    Следна станица - Дебора Комфорт Мат. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.996
    Допаѓања:
    81.335
    Пол:
    Женски
    Исто е. Прајмер или подлога - намената е таа, создава убава подлога на лицето, наводно за да си легне убаво пудрата врз лицето и подолго да издржи.
    Пред да нанаесеш подлога, нема да е лошо да ставиш минимално количество од кремата која секојдневно си ја употребуваш за лицето - колку да не ја ставаш подлогата на голо лице. Без разлика дали е безбојна или малку пигментирана. :)


    Трендафилке, и да знаеш дека светлото и те како има влијание врз впечатокот (да го наречам) што го гледаме, добиваме. Никогаш не го ставај огледалото пред директен извор на светлина, без разлика дали е дневна или светилка. Така доаѓаат до израз сите фалинки што ги имаме. :worried:
    Ете типичен пример - се шминкав прегеска и огледалцето ми беше тргнато на страна; лицето ми беше фантастично, а кога се доближив до прозорецот, буквално моментално си ги пребројав сите поткожни бубулици и црвените точки по лицево. :sweat:
    И се разочарав, најискрено, ама после ми текна до што е работата. :D
    Ако ја тестираш оваа на Дебора во иднина, ќе те чекам со збор-два во темава. :wasntme:
    Дебора ми е нешто као средношколска љубов. :D
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Убаво кажано.
    Пудрата се тестира на лице, или кај брадата (во пределот кој не е видлив за сите) за да се види како ќе реагира кожата доколку имате чувствително лице и не сакате да потрошите пари на нешто кое нема да ви врши работа.
    Додека пак, најважниот дел за нанесување на пудра не е кај вилицата како што прават многу make-up гуруа на youtube. Јас кога гледам некого веднаш ми паѓа погледот на вратот и од таму се забележува колку всушност е изедначена нијансата.

    [​IMG]
    До пред некој месец користев L'Oréal true match roller - Perfecting roll on makeup. Како и претходниците на оваа колекција, не ме разочара.
    Е сега малку е критично бирањето на нијанси, затоа што кај нас нема голем избор. Донеле што им текнало. Јас се помачив доста додека одберам која нијанса ми прилега најногу, ама можете и да се консултирате со девојките кои работат, сигурно би ви помогнале. Ако не, нигни губиток.
     
  17. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.349
    Пол:
    Женски
    Епа веќе некоја недела ја користам минералната на алверде и можам да ја пофалам.Најпрво нанесувам крема на сувите делови од лицето,па ставам коректор на подочњаците и на некое место ако имам за покривање и потоа со четка ја нанесувам минералната,убаво покрива,мат ми е лицето цел ден.Ќе продолжам вака за да не си ја трошам ревлонот за секој ден и ми се свиѓа што ми е многу лесно на лицето,а не светнувам.А да и споро се троши иако мене пола ми се истура при секое ставање :D
     
    На nekoja85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. qxwy

    qxwy Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    5
    Помагајте ! Сум испробала пудра од импала макс фактор и една на водена база. Ништо не помага ! Кога ке ја ставам пудрата се изгледа совршено, но по 15 -20 мин. доколку е топло образите ми се жар црвени (во топла просторија) на нормална температура немам ваков проблем. Може ли некој да ми препорача некоја пудра за лице, со овој мој проблем ??
     
  19. Artemida81

    Artemida81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала да чујам мислење за Дебора Комфорт Мат, бидејки сега ја користам колор копи со зелено капаче, а по неа сакам конфорт мат да ја пробам. Практично мислење многу би ми завршило работа :)))
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ^ Е, и јас и` се токмам на Deborah Comfort Mat :rofl: Трендафилке ма, кај ја стави тука, кај не` запусти :lol: Знаеш дека на форумов, особено во темава се врткаат вакви мake-up freaks како мене што не можат да се контролираат и мора да пробаат се` живо и диво :rofl: Здравје, кога ќе бидам при пари ќе ја купам, решив :D па обавезно ќе пишам тука едно review. Ептен ми фаќа око, а бидејќи сум пре, пре, презадоволна од Color Copy, која што ми е all time favourite, не се сомневам дека и оваа е одлична.

    А дотогаш, ако некој ја користел/користи оваа Deborah Comfort Mat, секакво мислење би било добредојдено :)

    Ај кога сум веќе тука, да кажам и јас збор-два за Seventeen Velvet Mat. Ја имам користено и убава е пудрата, со доста голема покривност (за мене барем). Убава текстура, убави нијанси (јас 5-ката ја користев) и со пријатен мирис. Арно ама, јас многу брзо светнував од неа, не ми одговараше баш, па ја дадов на другарка :D (која инаку има екстра сува кожа, а пудрава феноменално и` одговара на лицето :wasntme: ) Иако е далеку од лоша (всушност, доста е квалитетна), можам слободно да кажам дека од сите овие пудри за комбинирана/масна кожа, кај мене се уште почесното место го држи Deborah Color Copy. Тука некаде ми се вбројуваат и Ревлонот и Менхетен црната.

    Ама којзнае, можеби оваа Comfort Mat наскоро ќе го заземе тронот :D