^ Jaс одамна имам прашано за пудрава, ама изгледа никој ја нема користено. Продавачката во космо ми рече дека е покривна ама дека Deborah color copy (со зеленото капаче) била попокривна од оваа. Па сега се двоумам меѓу овие две, со цената тука негде се. Ах криво ми е, шо ја пропуштив дури беше на акција.
Девојки сакам да си купам нова пудра, па се двоумам помеѓу mabelline affinitoni i mabelline satin liqud, која би ми ја препорачале? Инаку до сега ја користев deborah color copy и воопшто не сум задоволна.Кожата ми е мрсна на Т зоната, и не сакам после 2-3 часа да го имам тој сјај од пудрата.
^ Епа тогаш, најди си убава мат пудра, зашто од овие состојбата на лицето ќе ти биде уште полоша бидејќи не се наменети за мрсна, ами за сува и нормална кожа. Разлистај наназад, имаме предложено многу пудри за мрсна кожа.
Начин за пудрата да не ми ги бои сите можни шалови,маици и јакни.До пудрата е? или треба да се нанесе камена врз неа или друго чаре некое ?
Дали некој има користено од арт деко камуфлаж-коректор дали е добар и колку чини??? Пудрата може да изчезнува доколку имаш суво лице а не користи подлога - крема , доколку имас мрсна кожа тогас мозе да е до пудрата поз Пробај со esense natural убава пудра со убава цена околу 300 денари.
Девојки го купив Max Factor Panstick по ваша препорака и презадоволна сум! Чим ги покрива моите подочњаци наутро, се може да покрие!
^^ Камуфлажата на Art Deco не е добра, ПРЕДОБРА е ! Јас последно ја купив од парфимерија во Струмица, 360 ден.
Супер до скоро и мене ми беше добра, но еве веќе две недели неможам да си го оправам лицето имам рани од него и отидов на кожен ми рекоа веќе такво нешто не еве веќе добри 3 недели и пудра не сум ставила!
Ќе можеш слика да ставиш од пудрата да ја видам,и јас имам на арт деко,но сигурно не е истата бидејки ја земав 900 ден. И многу сум задоволна од пудрата,па ке си ја земам и таа што велиш дека е 360 ден. Па немора да значи дека и на другите ке им се случи истото.Тоа си зависи од кожата. Јас например се исипав по целото лице(бев буквално со црвени ситни точки)од пудрата импала што многу од овде ја користат и се задоволни. Затоа постојат многу пудри и производители и си ја бираме онаа правата за нас
^^ Мила, камуфлажата на Art Deco не е пудра. Тоа ти е нешто како коректор. Мал и практичен, а сепак мнооогу бавно се троши.
Знам мила моја, дека е коректор јас си имам пудра Буржоа но таму каде што имам брунче, или нешто друго ставав и после од горе пудра, но ете бидејќи било суво ми се случило оваа а предходно или крема ставам или подлога но ете не велам дека и на друг ке се случи, тоа е од кожа до кожа искрено мојата е многу чувствителна јас немам многу за прекривање кога се шминкам лицето ми е кристал али кога ќе ми излезе некоја брунка сакам некогаш се да изгледа перфектно ама еве ке си ги сносам последиците.
Имам многу комплицирана кожа и барањето совршена пудра е многу исцрпувачко за мене и мојот буџет Мојата кожа е масна до комбинирана со по некоја акна, челото и носот понекогаш ми се суви и исперутани. Денес ја пробав пудрата 123 perfection bourjois и воопшто не сум задоволна. Лесно се нанесува, има убава структура, нијансата 53 ми беше погодена со тенот, но откако се исуши за неколку минути ми ги истакна сувите делови на кожата. После неколу часа кога се погледнав во огледало неможев да поверувам колку многу оксидирала пудрата, изгледав како да сум ставила две нијанси потемна. Имав мало замаствање на вообичаените места, но воопшто не изгледав како да сум ставила пудра што матира. Покривноста на пудрата е средна, но во целина за мене е несоодветна и промашена оцена 3/10.
Уф,е сега се посрамотив Не ни прочитав за кое пишуваш,а си лупнав самата дека е пудра Секогаш кога ке прочитам арт деко ме асоцира на пудра,бидејки им е предобра
Сиренке, која пудра на Артдеко ја користиш? И за каква кожа е наменета, ако не ти е тешко да ми кажеш. Јас имав една, имам пишувано за неа во темава, ама ич не ми одговараше.
Женски би ве замолила за совет за пудра..имам мрсна т зона и досега едниствена пудра која ми одговарала била онаа на менхетен црната и презадоволна сум но после долго користење лицево како да ми се презасити, па би ве замолила да ми препорачате некоја друга за мрсна кожа, покривноста не мора да биде нишо посебно, само да е мат и да е негде до 500-600 денари фала
Имаш ли масна или комбинирана кожа? Знам дека е за таква кожа и одамна се спремам да ја земам ако ако не ми се погоди ќе биде џабе куп пари. Дали ти светнува лицето од неа или не мрднува?Долго ли ја користиш? Фала ти Поздрав дебора колор копи со зелено капаче, нешто малку повеќе од 600 денари е, ама одлична е за парите. барем јас сум задоволна.