Има 3 вида на арт деко пудра. Од таа со црно капаче има една за зрела кожа , е сега точно нз која за што беше ама има и oil free и хидрататнта и за нормлана кожа ама едната е со сиво капаче. Ако сакате ќе проверам деновиве точно која за што е. Новата пудра на Лореал Луми маџик е предобра, исто и мнг е добра на Севентин натурал велветот, ја имав користено тиме плусот супер е ама оваа е уште подобра. Ми се свиѓа што се природни состојките, а е доста покривна и хидратантна а е сепак oil free.
Artemida81 за масна кожа е.Ја користам веќе 2 мес. Пред да ја земам воопшто не се ни информирав за неа,ми ја препорачаа во космо и решив да ја пробам. Најважно ми беше да покрие убаво и да не ми светнува лицето. Густа е и малку потешко се размачкува,и можам слободно да ја носам 5-6 сати и да не ми светне лицето. Е после почнува по малку,не се познава во смисла да ми свети лицето,туку почнувам да ја осекам пудрата и кога ке поминам со рацете масно е.Е тогаш ако сум дома ја симнувам или ако сум излезена само доставам камена пудра(било каква) и пак си е ок.
Од севентин тајм плус не сум задоволна,ниту од римел пудрите. Сега сакам да земам од мејбилајн,ама не знам дали се многу покривни.
Пробајте пудра од Лореал, во стаклено сисенце, со црвено капаче е за сува коза а со сребрено е за масна и комбинирана! последен пат тоа имам користено и јас а и повеќето мои другарки и сите бевме задоволни! сега веке не користам пудра и толку се одвикнав сто моето лице со пудра изгледа мн лосо! Користам само руменило и добра крема се разбира, многу природен и здрав изглед! доколку немате потреба за пудра и немате проблематично лице, бидете само малку карактер и одвикнете се од пудра, ке се чувствувате многу полесно! поздрав
Ја дотрошив Ревлонот и пак си ја земав Боржуа 123 Перфект, моја пудра дефинитивно! Малку е скапичка, во Шатци е 830, а во Космо 800. Штета, чекав да ја стават на акција, ама њет.
Најдобра пудра е таа од алкалоид "Young Derm" , не покрива толку убаво ама е добра пошто е за тинејџери што имаат младо лице и е витаминска.. мириса на камилица и има заштитен фактор .. на паковката не пишува пудра, туку подлога за шминка.. јас ја користам и мислам дека не го уништува лицето
А колку е оваа и дали ја има во Шатци? Инаку, имал некој користено на Мисс Сиксти пудри?Некако се нискобугетни, ама од тестерот како средно покривна ми се виде...
Инаку, имал некој користено на Мисс Сиксти пудри?Некако се нискобугетни, ама од тестерот како средно покривна ми се виде... [/quote] Мислиш Мис спорти?
Пудрава ја има сегде, а мислам дека беше 600 денари. BTW што се мислев помеѓу Ревлон и новата на Макс Фактор, ја купив Ревлонот па за некој ден ќе пишам рецензија само да ја истестирам убаво.
И јас имам комбинирана кожа и почнав да ја користам Oriflame Matte Control пудрата и сеа за сеа е супер! Ја купив околу 300 денари.
Има ли некој искуство со пудрите како мус, ептен не знам како се викаат на англиски?? Знам дека есенс ги имаат, ама од нив не можев соодветна нијанса да си најдам. Е сега најдов тука едни други од некоја германска марка со убави нијанси само на пакувањето не пишуваше за кој тип на кожа се наменети. Мојава е комбинирана накај мрсна, одговараат за таква?
Девојки дали некоја од вас ја има користено пудрава? Сакам да ја купам па ме интресираат ваши впечатоци и мислења во врска со нејзе.
Одговараат. Прилично лесни се, а сепак покривни и траат солидно, т.е. не се бришат лесно. Оваа на Мејбилин ја немам пробано, имам искуство со таа на Лореал, ама сепак не беше мој тип на пудра - најверојатно дека не сум навикната на таквите пудри, што знам.
Ке ми каже некој нешто повеќе за Borjous 123 пудрата ? Исто и за коректорот Се мислам дали да ги земам ама некако пудрата ми е скапа а незнам ништо за неа (дали е покривна, трајност..) Пудрата е 700, а коректорот 370. Незнам како се движат цените на коректорите од други фирми ама ќе премижам за него ама за пудра да дадам 700 некако многу ми е. Не дека јас ги давам парите ама не сакам толку да ја трошам мајка ми затоа што имам уште 65758943 работи за купување
јас ја зедов 123 и многу се каам.сепак мое искуство е то. најсветлата нијанса кога ја пробвав ми беше таман на светлото дома ко дојдов ко пробав темна...плус за мене слаба покривност затоа што имам некои лузни од акни по некое мозолче.сепак можиш покривност да добиеш со два слоја и нема да изгледаш ко со малтер.имам мрсна кожа и ми трај некаде 4-6 саати без да светнам. ја користам единствено навечер заради нијансата...
Jас стварно многу чудна кожа на лице имам,сум пробала секакви пудри и никоја не ми стои повеке од 2-3 саати повеке,а немам мрсна кожа,сува\нормална ми е,дури и со пудра во прав фиксирано,ми излегуваат мозолките поточно назиркаат,секакви коректори имам пробано,пробав и со прајмер малку издржа и пак ми падна пудрата. Cамо ревлонот колорстеј маалку подолго ми држи,другите како римел,боржуа,дебора дури и онаа на ревлон на whipped cream не стои долго. Hе знам дали да пробам некоја поскапа како ланком или мак,ај некој нека ми даде совет?