Лифтинг ефект штом е за постари е! Не ја препорачувам да си ја земеш, сто посто сум сигурна дека не ти треба лифтинг ефект Знам дека е на попуст и сето тоа, ама нека не те лаже цена, чекај некоја друга на попуст, без лифитнг и Q10 ефекти
Девојки ми треба пудра што покрива добро,да е за мрсна кожа а и да трае подолго..е сега ми ја имаа доста фалено Rimmel Lasting Finish и на менхетен антибактериска што била..па се мислам меѓу нив две а исто така ми треба и камена пудра а читав тука дека на алверде(така мислам беше) била доста убава а искрено месецов и неможам баш да се расфрлам со пари па ми одговара цената.Па која од овие две би ми ја препорачале? и да напоменам имам и некои ситни акни по лицево а слушнав дека оваа на менхетен е против акни па некако сакам таа да ја земам.Па чекам ваши препораки.. А да ве прашам каква подлога користите?
Овие пудри се баш наменети за мрсна кожа, никако за сува. Имам пробано јас и на сува кожа воопшто и неможе да се нанесе ваква пудра, веднаш се прават лишаи и нема шанси да се нанесе рамномерно, ама затоа за помрсна кожа се топ. Сестра ми ја користи на Лореал и и дава убав мат изглед и многу убаво и се нанесува. Штета само што престанала да се употребува. А оваа што ја постира на Мејбилин ја видел некој кај нас?
Девојки дали некоја од вас има искуство со пудрава? Ја видов пред некој ден во ДМ маркетот, цената и беше преевтина, па ме интересира колку е квалитетна.
Некој ја користи ли камената пудра на Gosh ја меркам така големка е Немам користено пудри од нив , убава ли е ?
Во Шатци незнам ама во Космо е 609 ден. Би требало да е слична цената. Мејбилајн не ти се многу покривни , од минимална до средна.
Јас ја користев ама додека живеев надвор од државава и убава ми беше. точно дека е за помрсна кожа, таква имам и јас комбинирана накај мрсна и убаво беше покривна но овде кога дојдов, прашав во неколку парфимерии и ја немаа, а сакав пак да си ја купам. а најмногу што ме нервира е кога не се информирани и кога ќе ми кажат дека такво нешто не постои, а јас со месеци сум го користела
^ Незнам каква е зашто не користам вакви пудри,но имате на Буржоа ваква пудра,можеби е убава а и ја има кај нас сум ја гледала во Шатци. Спојлер
^ Е, Тинкербел ме потсети сега на пудрава. Ја имам користено, ја земав од Шатци уште одамна, можеби има и две години. Мој впечаток за пудрава е - благо речено, ужасна Значи мене, што имам масна кожа и што ми треба што посува пудра - оваа ми беше сува, пресува. Ми правеше лушпи на лицето и се познаваше од километар дека имам ставено пудра А па и нијансата си ја утнав, ја земав таа ванила и бледа бев како дух. Настрана нијансата, пудрава воопшто не ми се допадна и не ја препорачувам. Пре, пре, пресува е, дури и за најмасната кожа. Долготрајна е и покривна, тоа да, ама е претешка и речиси е невозможно да се размачка убаво. Ја купив пред две години и уште ја имам дома. Редно време е да ја фрлам, зошто нема шанси уште еднаш да го ставам чудово на моето лице Сепак, можеби некому ќе му се погоди и ќе му биде совршена - на различна кожа различни производи и` одговараат Ама од мене пудрава има дефинитивно - НЕ. П.С. Цената мислам дека беше околу 700 денари, ама не ме фаќајте за збор, одамна ја имам купено Сметам дека за таа цена на пазарот има 1000 пати подобри пудри
Ветено сторено бујрм рецензија за Revlon - Colorstay за комбинирана/мрсна кожа Најдобра пудра што ја имам користено! Сега откако ја имам гледам зошто толку е фалена и рангирана во најдобри пудри. Пудрава е совршенство, перфекција. За сега си ја најдов мојата омилена пудра додека не налетам на подобра. Позитивно: - Добра селекција на нијанси - Висока покривност од која било друга пудра што сум ја користела, покрива апсолутно се (црвенило, акни, флеки..). Ќе ви го направи лицето стакло (лицето периодов ми беше исфрлано, со пудрава лицето ми изгледа како да имам перфектна кожа). - трајност цел ден - убава завршница, воопшто не изгледа cakey иако е пудра со многу висока покривност, баш напротив (стварно незнам зошто некои од феминките ја карактеризираа како многу тешка пудра, воопшто не е) - може да се користи и како коректор ако немате многу темни кругови - се чуствува многу лесно на кожата, воопшто не ја ни осеќам - се бленда лесно рамномерно насекаде - за минут многу добро се фиксира и се суши на кожата - дали со четка, со прсти или со сунгер ќе ја нанесете секако изгледа убаво - контрола на мрснотијата, одлично ја матира кожата (за луѓе со мрсна кожа можеби ќе имаат потреба после неколку часа да поминат со камена или прав пудра, додека како мене со комбинирана кожа и ќе немате потреба) - одлична за овој период есен/зима - не ја иритира кожата или да предизвикува мозолчиња - убаво искача на фотографии Девојкава не сум јас само да ја видите покривноста и како изгледа на лице. Негативност: - стаклено шише што и ми се допаѓа и не ми се допаѓа бидејќи е непрактично за патување - нема пумпица што ми е нехигиенски - мирисот на повеќето им мира лошо (ма да мене лично не ми пречи, трае само неколку секунди) - тешко се вади (со останатите пудри доволно ми беше само влажна марамица и сапун после кога ќе поминев со лусион памукот си беше чист, а со оваа пудра треба да поминам два, три пати со лусионот додека убаво не ја отстани пудрата пред да ставам крема) Цена 790 денари, немаше да биде лошо да беше поефтина ама вреди за секој денар. Дали би ја купила повторно? Дефинитивно!
^ Ќе си го зачувам твојот пост, и наредниот пат кога ќе решам да ја сменам и испробам некоја нова пудра (а секогаш се разочарувам) ќе те препрочитам
Дали можете да ми кажете, користам веќе подолго време Импала пудра, сигурно повеќето знаете, добро прилега на лицето, покрива и го прави лицето убаво да изгледа...е сега ме интересира дали ги затвара многу порите и дали содржи жива...и општо се што знаете во врска со Импала Пишете, ви благодарам
Импалата не е препорачлива за млади лица туку за жени кои се над 40,во тие години кожата не создава доволно колаген па оваа пудра го надополнува недостатокот бидејќи содржи во себе. А доколку некое младо девојче редовно ја користи оваа пудра кожата на лицето ќе стане мрзлива и нема сама да создава колаген,па ќе почне да и се прават набори како на баба ми Ти кажувам она што ми го кажа доктор дерматолог за пудрава. За жива незнам дали содржи,ама знам дека ги затвара порите.
За мене ова е идеалната пудра кога не ми се дава повеќе пари за било која друга,ми го смирува лицето,не ми го иритира воопшто покривноста не е на највисоко ниво,меѓутоа е на задоволително.Само не е добра за мрсна кожа.
Ја зедов оваа (прочитав добри критики тука) и не зажалив. Пудрата навистина трае цел ден, лесна е и покрива (мене таман ми го изедначува тенот). Ја зедов најсветлата нијанса - Ivory. Ја зедов од Космо за 322 денари (навистина супер цена).