Да, има доста голема покривност Еве ја на слика, земете си ја од Голден Роуз таму е најефтина 310 денари , на другите места е поскапа Има и заштитен фактор и витамини А и Е
Бидејќи веќе долго време барав пудра за мојата комбинирана кожа,откако видов како Трендафилка толку ја фали пудрата на Ревлон,решив да си ја земам.Цар е за мрсна и комбинирана кожа.Исто по совет на Тренди(ако можам така да те викам ) од горе си ставам малку камена пудра и I'm ready to go.Стварно прекрасна пудра,која за разлика од некои други вреди за секој даден денар.
http://www.danijela-commerce.com/upload ... dation.jpg Искуство со оваа пудра? Спојлер нова сум, не знам како да прикачам слика
Ако прашуваш за Revlon Colorstay можеш да ја најдеш во Космо,Зегин,и поголемиве парфимерии!И за цената,во Зегин чини 690,во Космо 790,за по парфимерии не знам точно.Само да знаеш дека во Зегин нема тестери !
И во парфимериите е 790 денари. Супер е пудрава особено ако имаш комбинирана/мрсна кожа, има висока покривност не изгледа тешко на лице само единствена манаа и е што не е многу трјана.
Ревлон за нормална/сува кожа Спојлер Артдеко Rich Treatment Спојлер Лореал infallible Спојлер lumi magique Спојлер ....
Ај ако не ти е тешко направи мало ривју за Ревлонов за сува кожа се израдував кога видов дека има некој со сува кожа што ја користи И ме интересира оваа од Лореал, што пари е?
Женски да ве прашам.ББ Кремата на Гарниер ја користела некоја ? Добра е? Спојлер Незнаев кај да го поставам прашањето,па тука
Јас ја користам таа за мрсна кожа и е предобра. Ја имам околу 3 месеци, речиси секој ден ставам и уште имам. Течна е многу, но покривна. Мене покривноста ми е како некои послаби пудри. Мириса на алкохол малку, но по некое време се суши и избледува мирисот. Се прилагодува на тенот, ја има во две нијанси, јас ја имам потемната, на почеток ми е претемна, но потоа ми се прилагодува. Некогаш ставам пудра над неа, но се поретко доволна ми е. Но, мора крема под неа, најверојатно ради алкохолот, но ја суши кожата и го покажува секој недостаток, посув дел на лицето.
Не ми е тешко Значи јас ја имам таа за нормална/сува и ми е супер Има средна покриеност , меѓутоа бубулички кои се така поголемки не ги покрива. ( со коректор ок) Мене не ми е тешка , значи изгледа мнг природно на лицето ( за мене тешка е менхетен црната и макс фактор ластинг перформансот кои апла се приметуваат) , не се размачкува тешко ( ти препорачувам да ја нанесуваш со сунгерче ама претходно натопи го малку со вода и исцеди го за да не ја упива пудрата , мене со тоа најприродно ми изгледа , или пак со прсти ) Трае доста долго , само се нервирам што некогаш со мрсна крема и пудрава ми се перути на челото. Зошто јас зимно време имам сува кожа а летно мрсна и оди па погоди... Пробај ја не е лоша.... А за Лореалот ќе проверам во Вторник колку пари е и ќе ти пишам Не е лоша го изедначува тенот, доста е лесна. Пази со нијансите медиум е доста темна ако си светла пробај негде прво да не се зафркнеш како јас првиот пат купив медиум и мнг ми беше темна , ама после си купив лајт и си ги миксирам сеа. Таа за нормална кожа е мнг мнг масна значи јас со сува кожа светам ко сијалица а таа за мрсна до комбинирана ми е ок . Така да пробај негде прво... Мислам во Дм дека имаше тестери... Пробај ја на Artdeco Oil-free што е пудрата со црно капаче.Оди во Космо и побарај тестер ќе ти дадат од Артдеко мора да имаат и пробај ја дома така најубаво ќе видиш. За масна кожа е и од Loreal True Match или Revlon за комбинирана/мрсна кожа. Има и на Deborah една нешто мат така беше ама не се сеќавам точно како се викаше. Значи во состојките гледај да нема масла , да се oil-free и да биде мат. Пробај ја и од Seventeen Time Plusот таа нема масло со пчеличен восок е ама мора да видиш како ќе ти ја впие кожата.
^ Одлична е, Афродита, верувам дека нема да се покаеш ако ја пробаш Туку, мене ме заинтересира сега оваа Artdeco Oil-free foundation Не, јас не сум нешто да видам, да прочитам... а да не посакам да го имам. Сега и оваа ја сакам па! Ајде сега некој ако ја има користено, го молам да сподели впечатоци и импресии. Ја бива ли за масна/комбинирана кожа? Впрочем, за таква и е наменета, ама дали е добра, дали е мат, колку време стои на лицето, дали засветува после одредено време, колкава покривност има, и најважно, колку чини? Зошто планирам да ја земам и минералната пудра во прав на Артдеко (онаа на Тинкербеллл ), па се мислам и за оваа Па сеа, кад је бал, нек је маскенбал, така? Тенк ју
Ја имам Римелот,па спореден со Гарниерот ме интересира колкава е разликата во покривноста, отприлика за колку време свети лицето, или некоја друга карактеристика.