За да не си ги фрлаш парите за џабе , побарај тестерче. Артдеко имаат тестери од пудрите и си имаат своја презентерка . Оди во Космо и побарај тестерче и пробај си дома, не е ништо срамота
Туку, мене ме заинтересира сега оваа Artdeco Oil-free foundation Не, јас не сум нешто да видам, да прочитам... а да не посакам да го имам. Сега и оваа ја сакам па! Ајде сега некој ако ја има користено, го молам да сподели впечатоци и импресии. Ја бива ли за масна/комбинирана кожа? Впрочем, за таква и е наменета, ама дали е добра, дали е мат, колку време стои на лицето, дали засветува после одредено време, колкава покривност има, и најважно, колку чини? Зошто планирам да ја земам и минералната пудра во прав на Артдеко (онаа на Тинкербеллл ), па се мислам и за оваа Па сеа, кад је бал, нек је маскенбал, така? Тенк ју [/quote] Јас ја користам.За масна кожа е,ја купив по препорака на тие што работат во космо,првин си ја пробав на лицето,и си ја купив.Не се покајав!Мене ми е одлична. Доста е густа пудра,но сепак може убаво да си се размачка.Мат е! Можам да ја носам неколку часа без да ми светне лицето,а кога ке почне да се познава по малку мрсното,земам камена пудра,ставам малку и без гајле си е пак после. Има и негативна страна,незнам дали е до пудрата или до лицето,но понекогаш ми се прават и како лишаи кај носот.Но не е секогаш така,па поради тоа и незнам дали е до неа или си е до лицето. Сепак јас сум презадоволна,од сите што ги имам пробано до сега оваа ми е најдобра. Цената мислам дека беше околу 900-1000 ден.во Космо.
И јас имам доста мрсна кожа и си ја купив на флормар мат е и искрено не ми свети лицето од неа..500денари е..кога ке видиш и не е баш скапа а сепак убава е..е сега тешка е али не премногу..и да навистина многу покрива..јас имам акни на лицето..не многу ама сепак приметни се и ми се свиѓа од тоа како ми ги покрива..а и доста долго трае
Од овие 2 која е подобра GOSH X-Ceptional Wear foundation Спојлер или Seventeen Natural Velvet Спојлер ?
Јас си ја купив од bourjois healthy mix serum 55 и супер ми е ја осеќам ми дава влажност на кожата, ја штити од надворешни влијанија, бидејки имам сува кожа, а гледам и чисто ми е лицето.
Пред нколку години ја користев Гош, задоволна бев но не колку од Севентин натурал велвет! Ма извонредна пудра е! Ја користам од почетокот на летото и мислам дека никогаш нема да ја сменам. Дава природност, свежина, го покрива недостатоците. Изгледа многу природно. Ја препорачувам!
Девојки, дали пудрата на Ревлон колорстеј за сува кожа е исто толку покривна како и онаа за мрсна/комбинирана кожа? И има ли некои други разлики, бидејќи како што ве читам, сите сте задоволни од таа за мрсна кожа, но никој не ја спомнува онаа за сува и не знам дали се разликува со таа за мрсна. Инаку сум ја користела оваа во осмо одделение и ми беше прилично добра, сега сакам да си ја земам откако ќе ја потрошам Flower Perfection од Буржуа.
Макс фактор, најдобра пудра што сум ја користела. Покрива се, не е тешка, немате дебел слој на лицето. Беше околу 800-900 (м мене ми трае цела година, зашто со малку на прст, многу покрива). Инаку, ја видов со Сити мол во Шатци, беше 610 денари на попуст. А ако некој има сува кожа како мојата, идеална е, затоа што некако ми е како комбинација на пудр и крема.
Јас ја купив пудрата Trendy има добра покривност и ми одговара на тенот така да не се ниту приметува дека сум нанела пудра презадоволна сум со оглед на тоа дека дадов само 290 ден. ја препорачувам )
сега за сека користам од impala 3ка, задоволна сум.. не е кизнајт каква но имам чисто лице не ми е потребна пудра
Јас решив да смена пудра па по препорака ја земав Manhattan пудрата за конбинирана до нормална кожа со мат изглед многу сум задоволна посебно за покривноста и трајноста никакви проблеми немам на кожата сосема нормално и природно изгледа и воопшто не ми е тешка на кожата..Во локална прафимерија чини околу 470 ден
Ај предложете ми некоја добра пудра за мрсно лице. Никако неможам да си ја погодам пудрата, сакам ем да покрива, ем да не ми го прави уште повеќе мрсно лицето.
Ако си тинејџерка и ако имаш чисто лице импалата не ти е баш најдобар избор,тешка пудра е и за повозрасни
Хелоу женски Пудрата што во последно време ја користам е на мејбилајн, не е тешка на лице, убаво покрива, доста солидна пудричка е, мене баш ми одговара пошто имам чисто лице и пудра ставам ретко, само на излегување пошто шминката не ми стои убаво на ненапудрено лице. А и ефтинка си ја зедов, третина од нормалната цена, имаше намаление така да ми се погоди епен добра приликата. Јас ви ја препорачувам
Ја купив во една парфимерија, ама јас не живеам во Мк. Беше на попуст пред неколку месеци, ја имам сигурно 2/3 месеци веќе. Инаку на нормална цена е скапичка, вака ми се погоди хихи, тука ептенја намалуваат козметиката, добро е.