Сакам да прашам дали може пудрата да се користи како некој вид на заштита зошто кога имам поголем престој на студено, ми се исфрла лицето, некако цело ми е црвено и неубо ми е.
Дали има од севентин ваква за мрсна/комбинирана кожа? Бидејќи од гош веќе имам, при крај ми е, задоволна сум но би сакала да ја пробам штом е толку добра
Seventeen пудрите се без масло ама се доста хидратантни и се наменети за сите типови на кожа. Треба да пробаш за да видиш како кожата ти ја впива.
so matte PERFECT STAY од Miss Sporty Ја купив само за проба по препорака на познаничка од Германија. Сум ја користела неколку пати и досега сум импресионирана, за цена од 200 денари е премија! Ја изедначува бојата на лицето и добро ги сокрива темните кругови под очите. На интернет прочитав негативни критики за оваа пудра, за тоа како ја суши кожата и сл. На првата употреба забележав дека иако ставив многу тенок слој на лицето се чувствувам како со неколку слоеви пудра на мене, па затоа пред да ја нанесам оваа пудра ставив од кремата на Garnier - BB Cream што ја користам како подлога за шминка. Ако не ви се даваат многу пари за пудра нема да згрешите ако ја купите оваа. Лошото е што има само две нијанси - светла и темна, мене ми се погоди дека сум прилично бледа. Покривноста е одлична, првпат ја ставив за Нова година и по толку часови свежината на лицето остана без да се појави сјаење или црвенило.
Јухууу! Јас да се `пофалам`, не издржав и си ја купив денес пудрата на Artdeco long-lasting foundation (oil-free) Ја пробав откако си дојдов од работа, ја избришав таа што ја имав на себе и се нашлакав со оваа. Досега, пресудата е следна : + 1. Не ми мрдна од лицево еве веќе 5 часа, ниту пак лицето ми засвети; 2. Дава навистина добар мат ефект уште веднаш откако ќе се нанесе, и ефектот е навистина долготраен 3. На опаковката пишува дека е со слаба до средна покривност, но јас ќе речам: средна до максимална! Воодушевена сум од тоа колку покрива, до тој степен што после напорен работен ден и сон од само 6 часа, немам потреба од коректор на подочниците :geek: 4. Има нежен, незабележлив мирис кој ми се допаѓа; 5. Нежно изгледа на лице, го дава оној airbrushed finish, не е тестеста воопшто, иако е многу покривна (ова `многу` е релативно, зошто јас и немам што да покријам, освен некое мало црвенило тук-там, иако мислам дека би прекрила и проблематично лице ептен добро); 6. Малку ме потсетува на Deborah Color Copy, само што оваа има потечна текстура; 7. Содржи SPF 20, што е одлично; 8. Содржи витамин Е и хијалуронска киселина, па воедно се бори и против првите брчки, што значи дека е за 25+ години; 9. Иако пишува дека е за сите типови на кожа, не би рекла. Мислам дека пудрава би ја досушила сувата кожа, а дека најдобро одговара за комбинирана/масна кожа. _ 1. Малку е чудна тубата - пластична е, ама тешко се стиска, па треба да се навали со отворот надолу за да истече. Мада, кога ќе размислам, и подобро е така, зошто при стискање неретко знаат пудрите да `експлодираат` од тубата, па да се рашлака се` наоколу; 2. Малку ме печеа очите на почетокот кога ја нанесов, меѓутоа изгледа сум ставила премногу блиску до нив, па ми влегла внатре, којзнае 3. Цената, секако Ова задоволство чини 960 денари за 30 мл производ (во Космо) 4. Mалку штури се парфимерииве со тестери од нијансите, имаат само од неколку, па малку е отежнат изборот. Сепак, јас си ја најдов совршената нијанса - број 5. Тоа е тоа, мене многу ми се допаѓа, па ко воли нек изволи
Smashbox high definition healthy FX foundation Дечки го има ли тука чудово? Повеќе е како подлога (како што разбрав), а башка има и SPF 15. Го видов од еден туторијал, па да прашам дали го има низ дрогериите овде.
Ајде уште еднаш да ве прашам за мислење пред дефинитивно да се одлучам да ја купам пудрава. Ја суши ли кожата? Каква покривност има? Се работи за минералната на Голден Роуз .. еве оваа
Прва на памет што ми падна беше оваа на Макс Фактор MiracleTouch liquid touch foundation или па на Maybelline Dream Liquid Mousse Спојлер Спојлер
Макс Факторот не ни пробувај да ја ставиш на сува кожа. Пробај јас и не изгледа воопшто убаво, т.е. не ни можеш да ја нанесеш убаво ма каква сакаш подлога стави. Таа си е за помрсна кожа, незнам зашто ги викаат крем пудри кога крем пудра те асоцира на пудра што е лесна како крема за лице, крем пудри се на пример ББ кремите, а не овие што ги ставаат во кутивчиња како за крема Не ми е логички мирикл тач или матеморфоз да ги нарекуваат крем пудри Ако добро ја разбрав Љубам таа бара пудра за сува кожа што ќе биде лесна како крем, што нема да и ја исуши кожата дополнителна, решение за тоа се ББ кремите, има на Гарниер, Гош, Дебора, Лореал ... избери си ја онаа која најмногу ќе ти одговара. Не се многу покривни, ама супер изедначуваат тен и се одлични за оние кои несакаат да носат „маска„ на лицето Љубам Гарниерот е најмногу фалена на форумов што поради цената што поради квалитетот, околу 200 денари спомнаа дека е. Јас лично не сум ја пробала, Гошот ја имам пробано на тестер само и Дебората. Добри се и двете. Горе доле се слични со квалитетот, а со цените се дупло поскапи наведениве. Јас ја купив Лореалот демек како подлога ама си ја користам самостојно за во лето, во зима не ми одговара не ми го покрива црвенилото од студот
Јас имам многу сува кожа и никако не би ја препорачала Max Factor мене ич не ми одговараше. Исто така и Velvet Natural-Seventeen. Мене многу добра ми беше Time Plus- Seventeen нуди солиудна покривност лесно се разнесува и изгледа многу природно на кожата. Исто и Deline ме изненади, ми изгледаше многу евтино и боите многу розевкасти ама 0 бр. е одличен за мене имам пробано од една другарка она не ја има сменето 4-5 години и мислам дека е баш идеална за сува кожа и баш како крем е цeната му е 180-200 ден. Е сега како што можев да видам по некои слики Љубам си има чисто лице и мислам дека не и треба некоја голема покривност. И да ако може да ми пишеш каква ке купиш и колку си задоволна за да пробам и јас.
Кога сум уморна, ептен ми е ужас лицето, а знае црвенило понекогаш да ми се појави, не користам многу, ама еве имам понекогаш потреба, ајде деновиве ќе се згнам да купам некоја и кажувам искуство. Фала ви девојки..
Кажете ми некој тинејџерска пудра за комбинирана/мрсна кожа. Инаку ја користам на Боржуа flower perfection ама некако тешка ми и ми се појавуваат повеке акни.
Од денес, официјално е моја: Конечно! Ја пробав прво без подлогата на Јанг Дерм, па подле 3 саати ја пробав со подлогата. И вака и така го дава истиот ефект: Совршена покривност! Како "са насловне стране" сум!
^ И јас се преокупирав за ревлонот, ептен го меркав, но ми се допаѓа и покривноста на есенс Супер ми е, иако немам толку проблематична кожа, супер ми е и со цената и со покривноста, ептен е лесна, а и ми одговара на тенот тројкава. Не ја менувам за ништо