Имам користено секакви пудри од максфактор,менхетен....ама ова досега ми е омилена и дава тен на кожата како да си исунчна
@ljubam Спојлер Другарка ми има суво лице, и заедно биравме пудра, ја одбаа Буржоа Хелти Микс, не се пожалила до сега. Кај нас е 800, барем толку беше, може да ја снижиле нешто, спореди цени во Шведска па види ако е поевтина земи од таму. Јас сум ептен задоволна од Буржоа имаат супер пудри, средно покривни, лесни со природни нијанси. Ако сакаш попокривна, дефинитивно Ревлонот за сува кожа, цена тука накаде како и Буржоа. Мејбелин за сува кожа многу ги фалат, ама мене лично не ми се свијаат, барем тие за мрсна кожа што сум користела, имаат некои многу чудни нијанси многу жолто-портокалово. Тие се поефтини накај 600 денари. П.С макс фактор се дефинитивно за мрсна кожа, барем таа во четвртаста туба(ластиг перформанс) Не фрлај џабе 900 денари.
Едно блиц прашање која пудра е подобра Макс Фактор или Менхетен таа какко беше мат ефект м ? За нормална кожа прашувам . Фала унапред
Венди Зависи која пудра од менхетен, која од максфактор. Мене на максфактор повеќе ми одговараат него на менхетен. Посебно ако збориш за црнта туба на менхетен катагорично НЕ! Што знам јас мислам дека во секој поглед се подобри макс фактор од менхетен. Ако ти треба пудра барај што пишува на неа мат(matte)
Мене на менхетен ми е потешка, и не е погодна за сува кожа воопшто, не те спасува ни најхидратантниот крем. Зборувам за црната. А макс фактор незнам, немам пробано.
Крем-пудрите се погодни за мрсна кожа, не за сува. 1 - Одлична, многу покривна пудра за сува кожа е од Ревлон (има посебна за сува кожа), околу 650 ден. е. 2 - Ако сакаш лесна пудра (читајќи по другите постови), најубава за сува кожа е ОЛАУ, барај ја во ДМ маркет, со прифатлива цена е. Тоа е тонирана крема (со додаток на Макс Фактор пудра), но е специјално направена за сува кожа. Дава беспрекорен сјај, чистина, боја, одличен мирис, преубаво се размачкува и нанесува, кожата ја прави здрава, хидратизирана, едноставно е нешто преубаво. Попрепорачлива е за над 30 години, и сите шти ја користат се презадоволни. Не се заменува со никоја друга тонирана крема. 3 - Убави пудри, со поголема заштита и квалитет се пудрите од Виши, кои се малку поскапи.
девојки сакам да пробам со камена и со течна пудра .. имам слушнато дека многу покривало. Што мислите прво камената или течната ? Глупо прашање знам..
Женски барам, но некако не успеав да видам до сега од оваа пудра Дали имате информации дали сеуште се произведува??? Ми остана уште Космо.
Хипстер уствари поим неам што да купам Ми треба да е покривна да не ми испарува од лице неам среќа со пудриве земам глупости . Неам проблематично лице ја земам онака за подлога нормално да се покрие тук таму црнка , поткожна мала акна генерално чисто лице . Затоа се мислам инаку оваа на макс фактор лонг ластинг чинам беше и да таа ја погоди црната мат ефект од менхетен . Од лепа пудрата колку е ? некако добро ми ја изрекламира
Венду, Ревлонот е исто 790 или 600и кисур зависи кај земаш. Али имај на ум ревлон е тешка пудра, стои со часови. Не би ти ја препорачала птом си имаш убаво лице не си го циментирај безпотребно. Барем за преку ден не. Пробај со Лореал или Буршоа имаат одлична покривност. И не се поскапи од 800. Се надевам дека помогнав а не те збунив
колку е пудрата на дебора? ^ п.с зошто не можам никаде да најдам од таа колор копи со зелено капаче? има ли од нејзе уште?
Додека си барам совршена пудра ми текна дека имам една дома што мајка ми ја користи, па да пробам. Иииии.. изненадена сум. Многу добро го изедначува тенот, потемна е ама пошто сум бела и ако ставам најсветла уште толку ко дух, оваа ми е супер. Пудрата има некоја средна до слаба покривност ама преубава е. Ја препорачувам.
Доколку не е предоцна и ја имаш земено НЕМОООООООООООООООООООООООј !!!! Ова е убедлива најлошата пудра што некад ја имам купено . Покривност никаква , не трае воопшто настрана што кога ќе ја размачкап ко да мачкаш лепак не дека е густа ама има некоја чудна структура буквално се лепат прстите кога ќе ја нанесеш. ^^ Hipster тенк ју ќе видам што ќе најдам