Од Ревлонот сум бескрајно задоволна, мене ми стои без лицето да ми светне точно 12 часа. Се шминкам во 8 часот сабајле, се прибирам накај 8 и пудрата не мрднува. И мене не ми е воопшто тешка пудрата, не знам зошто упорно се потенцира тоа (веројатно зашто користев Импала долго време порано). Ајде некако поминав преку фактот цена и фактот стаклено шишенце без пумпа , ама луѓе... тоа што на слики излегува како дух не можам да го игнорирам. Некој сега ќе си рече - де мори па ти, на фотосесии ли одиш, ама си има важни настани, родендени, свадби, каде што сакаш да изгледаш убаво на слики, а ти си Каспер. Не е фер, бајаги се нервирам. Што ќе ми е совршен изглед со пудрата, ако на слики излегувам лајно?
Шлакај се со Севентинот за на слики, еее па и ти! А иначе, како вадите пудра од Ревлонов? Држите надоле да тече, брцате со прсти, тресете, макате со четкиче внатре, истурате во капаче? Баш вчера си мислев околу ова (фрст уорлд проблем), јас би си зела некоја танка четка за блендање и со таа би брцала и би вадела од шишенцето.
^ Дузи, јас фино лепо си го наведнувам шишенцето и чекам да ми потече на прсти , па после си ја нанесувам исто така со прсти. Не се бафтам со четки, сунѓерчиња и остали според мене непотребни работи Од досегашното долгогодишно шминкачко искуство, заклучив дека течната пудра најдобро се нанесува со прсти Имам пробано и со четка и со сунѓерче, ама не е тоа тоа. Кога ставам со четка, знаат некогаш и линии од четката да ми се познаваат на лицето, а па со сунѓерче некако се тапка пудрата на лицето, па знае да изгледа и потестеста од причина што нели не е размачкана, туку натапкана И плус, конкретно за Ревлонот мислам дека не е препорачливо со четка да брцаш внатре, зошто нели нема пумпица пудрава, па сите бактерии од четката ќе останат внатре во шишенцето. Плус, пудрава е доволно течна, така што лесно потекува од шишенцето, да не се грижиш. Ако сакаш да ја нанесуваш со четка, јас те советувам фино лепо да си ја навалиш пудрата врз горниот дел од дланката, па откако ќе истече, после само со четка да си ја измешаш и да си ја нанесеш на лице
Ништо ја земав таа од Авон, т.е ми ја пуште едно девојче (се заменавме) и навистина е никаква..обичен крем за лице. Ај сега кажете некоја за комбинирана до сува кожа? И сакам од дебора да семам, само да знам дали е истата цена со таа колор копи, 700ки е таа не ми се даваат толку бидејки брзо ја трошам (заедно со мајка ми) за еден месец :/ колку се другите на Дебора?
Искуства со пудрава? Ја земав, но уште не сум ја пробала. Со мат ефект е, односно за контрола на мастењето е. Ефикасна е? Ја има некоја користено? Не најдов баш соодветна слика, ама се надевам ме разбравте за која пудра конкретно станува збор.
Jас ја земав Pевлонот Kолорстеј 180че пред неколку недели, заштитен знак на Tрендафилка . после нејзините пофалби ја земав, иако ич не ја имав во план, парите си ги планирав за руж,ама ајде. Hенормално брзав, и немав ич време да барам низ повеќе парфимерии, верувале или не ја земав у една мала парфимерија во бисер за неверојатни 860 денари A остајте тоа што никогаш не пробувам тестери-местери, јас на пофалби одам, Aма за Mејбелајнот се заебав бајааѓи, на форумов ја фалеа, срање и пол е, не може да ме разубеди некој обратно Cега, убава си е пудрата (Pевлонот)не велам не, малку ставаш, и доволно е, ама мене не ми стои по 12 часа . Hајверојатно е од лице до лице Cамо лично мене повеќе ќе ми се свиѓаше покремава да беше, такви ми одговараат највеќе 8/10 од мене
Јас пак во темава и пак со пофалби за Ревлонот. : D Луѓе, пресреќна сум што си ја купив пудрава, уште што не сум почнала да си го бакнувам шишето. Вреди за секој денар, вреди и повеќе од тоа. Јас имам кожа која си е нормална на образите, ама мрсна на (горна) Т-зона (чело, нос, и малце брадата). Имам и сува, да да, и сува кожа си имам јас под образите одма, тоа би дошло на вилицата. Значи ова незнам дали е возможно, ама си ја знам кожава и имам забележено дека мене ми е секаква. Од се‘ по малце... : D Е сега за Ревлонот, јас нанесувам со прсти. Баш како што кажа СексиЛејди, исто. И ставам малце, а добивам ефект како да сум ставила пола шише, во смисла на покривност зборам. Прееска се направив со 4ри пудри, Ревлон на еден образ, Мејбилајн на друг, на брадата ставив Макс Фактор Експиријанс и на челото ставив Римел Ластинг Финиш. Тоа го направив за една споредба (си барам рачки да не учам, де ) и ефектот на Ревлонот беше очегледен, уствари по ред, почнувајќи од најдобрата кон најлошата, оди вака: 1. Ревлон - да не трубам, знаете зошто 2. Риммел Ластинг Финиш, за 320 денари идеална пудра, јас си ја користев до пред Ревлонот и супер ми беше 3. Мејбилајн Афинитон Минерал - дава здрав, свеж, изглед на кожата, ама мене пудрава ме разочара зошто после 3/4 саати ми се познаваше улјето на лицево т.е. се собра околу носот, на челото 4. Макс Фактор, Експиријанс - пудра со розев подтон, не ни сакам да ја пробам на подолг период, зошто јас имам жолт подтон и оваа ама ич не ми одговара, незнам ни како се одлучив да ја купам. НЕ-ЗНАМ. : D Ма, јас сум во врска со Ревлон, откако ја поседувам! Ја обожавам.
дали некој до сега има користено ББ 5 во еден? и пудра и крема и коректор и незнам ти што било, по сајтовиве читам била супер со 5 функции а некни случајно во тинекс начекав од гарниер таква ББ крема околу 300 и нешто беше, дали некој има користено ваква или слична? и какво ви е искуството?
Според мене Импалата не е за никој, ни за жени над 40, а особено не за млади девојчиња. Слушанв дека пудрата содржела жива и не била добра за кожата, ама и да се само тоа гласини самата текстура на пудрата и тоа како стои на лицето кажува доволно. Како сите нијанси да се со розов подтон, на лицето изгледа розеникаво и cakey, покрива ама воопшто не изгледа природно, а тоа е ефектот кој сите сакаме да го постигнеме. Јас никогаш немам користено Импала, но другарки користеа порано и на никоја не и се допаѓаше. Според мене, не ти треба толку тешка и покривна пудра, мислам дека си уште тинејџерка, па за истите пари можеш да си купиш Essence, Miss Sporty, или некоја од Oriflame. Ако си во можност да издвоиш повеќе пари за пудра (а според мене треба, затоа што пудрата е најважниот дел од козметиката и ја нанесуваме на цело лице), разгледај ја темава погоре и најди си ја соодветната, според типот на кожа.
А која пудра денес не содржи жива? Пробајте, поминете со нешто златно, со прстен на пример, и ќе видите дали има или нема
Пробајте ја Chen yu на Eugene Perma, ја има во Cosmo. 800 денари е течната и толку е и таа во прав, ама вреди! Јас ја купив лани летото и сум била излезена во најжешкото и не ми се појавила никаква мрснотија на лицето(комбинирајќи ги двете има ефект, а само течната знае да се мрси по долго носење на пудрата), а иначе имам мнооооогу мрсна кожа, па дури ни крем не ставам, освен во зима
И јас ја користам ревлонот и тоа година ипол константно сигурно,е сега и јас го имав тој проблем со бледа дух по слики,а во живо подобра нијанса не постои за мене.Минатиот пат кога ја купив пудрата ставив малку од импала 4ката во неа,не ми ја смени текстурата(не ставив премногу) ама ми помогна со тоа бледилото и така си ја користев.А овој пат ја купив нијансата 200,не е потемна само има розев подтон,е сега јас мразам пудри со розев подтон,ама оваа не е така розева,не знам како да објаснам,значи не се познава тоа розевото,мене ми е иста како 180ката на лице само не изгледам така бледо.Не е како пазарскине апла што се розеви,воопшто. Инаку ќе си ја пофалам пак,не ми светнува лицето и мене по 12 саати,не ми мрда пудрата,не ми треба ни камена и воопшто не ми е тешка,прво ставам еден тенок слој,ја размачкувам по прстите па нанесувам како крема што нанесувам,а после врз тој тенок слој ставам уште еден,исто тенок слој и лицето ми е перфект.Јас имам проблем со пори и подочњаци,а со пудрава за денско шминкање немам потреба од коректор. Според мене не е воопшто тешка ако знаеш како да ја нанесеш,не е на пример како менхетенот што се собира и покажува како да имаш брчки,ми се свиѓа што се нанесува како кремчце,а после тоа некако се фиксира и станува водоотпорна.мене ми е најдобра,само ме нервира што нема пумпичка мене пола ми истекува
Некоја поевтина пудра за мрсна кожа која има многууу светли нијанси? п.с незнаев кај да прашам...дали има негде попуст во битола во меркур,шатци?
Кажете некоја убава пудра...па и не многу јака.Колку пудри имам испробано никако да ја најдам вистинската.Ми излегуваат мозолчиња и не можам да ја поднесувам.Сакам некоја со која ќе ми се покријат мозолчињата..значи да има убава покривност.Може да биде и поскапа.Сакам да ја пробам од Макс Фактор.Убави се? И која од Макс Фактор ако се убави