Не можам да си ги најдам нијансите од ревлонот што ги користам,па сеа ми треба помош да одберам некоја друга пудра.Значи ми треба пудра за коминирана кожа,која што нема да светне за саат време,а од друга страна сакам да се размачкува лесно како евлонот,не сакам од оние што се сушат одма уште пред да ги размачкаш убаво,и само не ми препорачувајте мус пудри.Цената до кај 800-900 ќе дадам.Ми треба итно пудра
Женски , јас оваа пудра ја користам сега , имам уште пола од неа , па реков дека сум задоволна , нијансата погодена , лицето како плишано да ми е кога ке ставам од неа , но некако не ми е толку покривна , и брзо ми светнува лицето , дали лицево ми е премрсно Нареден пат сакам да земам некоја од Макс Фактор ама да е за мрсна кожа зашто ова мојава е премрсна и тешко ми е пудра да си најдам , сакам да е добро покривна и да не ми засветува лицево по 2 часа.Би сакала некој совет за пудра
За следниот пат, им се имам намерачено на Дебора - Comfort Mat и на Макс Фактор Lasting performance. Си тријам рачиња, едвај ја чекам платата. Инаку засега Севентин natural velvet mat ми е одлична за преку ден, за на работа, повлекувам збор, претходно бев некако во недоумица, сега пудрата ми е перфектна. После Ревлон, Севентин ми е деф. избор бр. 2 за мрсна и комбинирана, само ве советувам да си изберете и солидна камена за уште подобар и подолготраен ефект. Одлична пудра.
Сакам да ве прашам дали камената пудра зависи од течната што ја користите?Течната ми е 6ка,инаку сега сакам да си купам камена па препорачајте ми некоја подобра и од каде да купам.Позз
Lating performans ја имам користено и воопшто не сум задоволна. Инаку имам комбинирана со масна кожа, ми светат нос, околу нос и брада,а ми се се суши многу челото. Макс Факор пудрата ми го уништи лицето, многу ми беше тешка и ми го гушеше лицето, бојата оксидира и кожата не ми се свигаше како изгледа под таа пудра, безживотно и дехидрирано. Покривноста и е добра, но целосниот ефект како изгледав катастрофа. Јас на твое место би пробала тестер за залудно да не си ги трошиш парите.
Се согласувам со мислењето на Мис Диор и ќе додадам дека пудрата на Макс Фактор ми делува како да е наменета за позрела кожа. Не сум сигурна и не знам дали е точно, ама секако не би ја препорачала на ете да речам малолетнички и тазе големолетнички. Ми делува како за +30. Мајка ми ја имаше едно време, ама очигледно климаксот си го прави своето (или само си нагаѓаме), па почнаа да ѝ се прават лишаи и ја смени со една Артдеко, (за која ви имам пишувано), па на крај пак да си се врати на долгогодишната љубов Делине. И мислам дека бојата оксидира буквално кај сите нивни пудри. Не сум искусила друга - ова го имам читано и слушано. А за веќе спомнатата - потврдувам. Исто чувство (она мутавото, дека нешто ми тежи на лицето и дека има некој вишок) имам и кога на лице ми е Ревлонот, значи очигледно кожата не ми е за таква пудра и неа ја ставам во групата за +25 - пренежна ми е кожата, или сум премлада за пудрава,тоа ќе да е можеби. Јас периодов ќе експериментирам со кремите - ќе купам некоја со мат ефект, зашто ме интересираат резултатите. Па ќе си најдам асална камена пудра и можеби, ама можеби ќе ја купам Севнтин - ќе ѝ дадам трета шанса, може ќе ми се потрефи нијанса на трета среќа. Сакам полесна пудра за секој ден, а Боржуа си ја чувам ко Светиот Грал - потпишувам и свечено обечавам дека нема да ја сменам додека ја произведуваат. И пак ќе кажам - се осеќам ко плишано меченце додека ја носам на лице. Абе ми иде да си се галкам!
Макс Фактор ластинг перформанс не би ја препорачала за мрсна и комбинирана кожа. Јас имам доста сува кожа и мене ми е идеална таа пудра. Не е воопшто тешка и нема некоја висока покривност и не ми го суши лицето. Не делува воопшто вештачки, целосно се упива во лицето и многу природен и здрав изглед ми дава. Во споредба со другите пудри што сум ги користела можам да кажам дека е и хидратантна, едноставно кога ќе ставам не ми се познаваат тие делови од лицето што ми се лупат што е случај со други пудри, како Тру Меч на Лореал, Луми Меџик на Лореал, Буржоа Хелти Микс итн... Кожата зимно време поготово многу ми се лупи на челото во пределот меѓу веѓите и на образите и во пределот на носот, ама со Ластингот тоа не ми се познава, го покрива и ко да го храни па не дозволува да ми се лупи пак. Исто и со Експириенсот и Ревлонот. Немам сознание дали е за позрела кожа, не верувам дека е. Има пудра на Макс Фактор што е наменета за здрела кожа, нешто лифт пишува на неа, така да не верувам дека оваа има иста намена. Друга пудра од која што сум задоволна на Макс Фактор е Експириенс, нијансите се преубави и си ги менувам со Ластингот, еднаш едната, еднаш другата И Ревлонот Колор Стеј за сува до комбинирана кожа нијанса 220, ми е совршена. Ама љубоморно си ја чувам и ја користам само за вечерни излегувања, свадби и други поважни прилики. Пишувам од искуство затоа што долго време ги користам пудриве.
По долго размислување решив да ја купам пудрата на Manhattan Powder Mat Make Up од Космо 430 денари, за мрсна кожа , се надевам дека конечно ке бидам задоволна од некоја пудра
Ај да прашам нешто, која е разликата меѓу првата пудра на сликава и последната? Мешелке? М? Ти си по ова Значи место првата да ми ја купи мајка ми ја земала последната, и се виделе исти Знам ја фалевте таа првата, ама оваа што ја имам јас е благо кажано катастрофа, за нијанса е погодена, ама имам мрсно лице, и од оваа ми свети лицето после три-четири саат. Ај првата треба да дава мат ефект ама оваа последнава нели би требало да е попокривна? А камена не сум учена да ставам, имам две три и така си стојат некако премногу ми доаѓа со камена, сакам помалку да го оптеретувам лицето, па затоа барам покривна пудра, ама како што гледам ке ја земам изгледа оваа на ревлон колорстеј, лепа што ја имаше фалено некоја страна поназад
Друг пат не ја праќај мајка ти по пудра. Инаку, разликата е во тоа што, пудрата најлево е за комбинирана и мрсна кожа, а последната е за сува до нормална. Мислам дека повеќе ќе одговара на некоја со нормална кожа, зашто сомнителна ми е за екстремно сувата кожа.
Ја купив вчера,неможејќи да најдам од ревлонот.Сепак ќе си кажам ревлонот ми е бр.1. Не е лоша пудрава,меѓутоа за 950 денари очекуав малку повеќе покривност,оаа е лесна на лицето ама па ништо не ми покрива некако. Оценка 5/10.....многу ми е криво што не си најдов ревлон,ем ми е поефтина ем водоотпорна ем нијанса најпогодена...ама ми рекоа дека дистрибутерот еќе не носел...има нкој друг вакви сознанија? Не ми замеруајте за голтнатите букви,на рабта тастатурата нешто не ми е во ред
Не прашав,во сити мол барав,ама од космо и шатци се јавија по другиве продавници што ги имаат и немаше нигде,а плус ми рекоа тука дека од октомври како им донеле веќе немаат донесено,не знам тој што бил дистрибутер веќе не работел ли не знам како.ама се надевам наскоро ќе го решат тоа,сигурно нема да останеме без ревлон?нема логика. А да и не само за пудрата,туку воопшто и немаат штандови на ревлон,пудрите така им се пикнати по други штандови без врска
Јас вчера бев во Зебра во тоа Космо , разгледував пудра која да ја земам се мислев помеѓу Ревлон и Менхетен ( црната тубичка) ама бидејки немаше Ревлон ја земав од Менхетен. Зашто веке не ја носат ни јас незнам