Мене лично оваа пудра ми направи големи проблеми со лицето, како текстура ми беше супер, покривност одлична, за масна кожа наменета, меѓутоа моето лице не ја поднесуваше некоја од состојките и почнав да се нафрлан од неа. Доцна сфатив дека пудрава е проблемот, ама тоа е тоа.
Јас ја користам Макс фактор ластинг перформанс и мене многу ми се допаѓа пудрава. Лицето ми е комбинирано/нормално.. зависи кога како.. и пудрата ми одговара. Лесно се размачува, има убави нијанси, средна покривност. Од пудрата имам ставено во 10часот и сеуште не ми светнало лицето, а немам ставено камена пудра. Не ја чувствувам јас како тешка пудра. Многу природно изгледа на лицето. Јас ја користам нијансата 102 порцелан.
Се мислам дали да ја земам оваа пудра... Ја имате ли користено, добра ли e? Инаку за течната пудра импала велите дека била штетна. За која мислите за првата или втората? Или пак и двете?
Оф леле , се надевам нема и мене да ми се случи истово , имам уште и од Буржоа 123 и да ти кажам фина е само да беше попокривна и мат.А оваа новава од Менхетен не сум ја пробала уште Моево лице многу брзо се мрси и реков друга да побарам..па ајде ке видиме , ако ми прави проблеми и мене ке си знам за др. пат
^Не мора да значи дека и ти ке имаш реакција, моето лице не поднесува тешки пудри како Ревлон, Максфактор, Менхетен и ми требаше долго време за да го научам тоа, само сакав да ти кажам мое искуство.
^^ И јас имав лошо искуство со менхетенот, лицето ми се исфрли со толку многу поткожни мозолчиња... некако многу ми ја гушеше кожата. Добро покриваше, не викам не, ама после неколку часа изгледаше ужасно, се собираше и некако ептен се познаваше дека имам ставено пудра. Претешка ми беше за лицево.
Да , добро , не мора да значи , се додека не пробаш како ке знаеш Инаку имам пробано од Мејбилајн но не ми се допаѓаа нијансите , некако жолтеникави беа , па Сисејдо , но ми се создаваа поткожни бубулици , а колку се скапи пудриве џабе фрлени пари , потоа Буржуа , според мене е просечна пудра негативноста е што недоволно покрива и сега ја земав оваа од Менхетен па ајде ке видиме па ке ви пишам како ке биде дали ке ми одговара или не
Мојата пудра што со години си ја користам е конечно на намаление. Од 820 на 600 денари. Па и не е малку. Секако ми беше при крај, ќе си го искористам попустот.
jovankad5 јас со втората пудра имав негативно искуство,за првата незнам,но штом истата фирма ја произведува би требало да се доста слични
Девојки се мислам за оваа пудра да ја купам, имам комбинирана кожа, ме интересира колку време се задржува на лицето без да светне
јас ја користам оваа пудра моментално и задоволна сум што има убав мирис , бојата се изедначува со тенот , но не е многу покривна и бидејки имам мрсна кожа лицето за 2 часа ми светнува поготово на челото. А велат дека пудрава за мрсна кожа е ти ако сакаш пробај па види дали ке ти одговара
Многу добра пудра.Ви ја препорачувам ! Јас имам мрсна кожа..и за 1 сат лицево цело ми светит. Пудрава многу покриват,најсериозно.Вреди да се проба !
Коритсаки, можеби не ти одговара кремата која ја користиш како подлога под пудрата, па затоа ти се мрси лицето. Пробај да ја смениш. Јас се кладам дека го имам најмутавото лице, т.е. кожа на свет и пудрава ми издржува и по цел ден без камена. Светнувам за некои 4-5, па ако е постудено и 6 часови и интервенирам со палома - тапкам малку колку да се изгуби сјајот и можам да си терам така до крајот на денот. Со камена, немам потреба од интервенции, ептен ако е жешко, тогаш. Не очекувајте воопшто да не светнете со било која пудра во текот на цел ден. Поготово оние кои имаат комбинирана и мрсна кожа. Дури и со Ревлонот тврдам дека би светнале, макар по 12 или 15 саати и макар минимално. Лицето си лачи мрснотија, това је това.
Дали некој ја има користено пудрава??? Знам дека е “напредна“ верзија од Age renew. Кога ја пробав во парфемеријата ми се виде некако многу потечна од Аge renew па ме интересира дали исто покрива?
Во еден период кога зашкрипев со пари решив да и дадам шанса на Rimmel Lasting Finish. Ја имам баш оваа нијанса 200 - Soft Beige и искрено премногу сум задоволна. Кожата ми е комбинирана, мрсна Т-зона и нормална на образите. Немам некои особени недостатоци за покривање од типот на акни и флеки, ама затоа пак имам подочници за медал и тук-таму по некоја бубуличка што излегува во пмс. -Прво, пакувањето ми е практично, најмногу ги сакам пудрите што се во туба. -Колку што приметив има голем избор на нијанси и сите се со убав природен изглед. Конкретно за оваа, толку многу ми е погодена на мојот тен како ниедна друга до сега што сум ја имала. -Не изгледа воопшто тешко и натрупано иако можам да кажам дека има одлична покривност, барем за она мене што ми е потебно. Подочниците ми се скоро покриени и без да ставам коректор, а тоа ретко ми се случувало со вакви пудри коишто даваат здрав и природен изглед. -Пудра нанесувам исклучиво со прсти. Има убава структура, малку е потечна (што ми се одговара), брзо се суши и не ја осеќам после тоа. Потебно ми е количество колку зрно грашок. За вечерно излегување може и малку да појачам, ама сосема сум задоволна од изгледот и со вообичаениот слој. -Т зоната не мрда со часови и без камена пудра, а за додатни корекции немам потреба барем едно полно работно веме, плус одење на кафе-шетња. -На фотографии изглегува одлично. -Цена повеќе од поволна, од Космо ја земав 300 денари. Се на се задоволна сум, би ја купила повторно и во моменти кога ќе можам да одвојам повеќе за пудра
Revlon побарајте во Космо2 кај Беко што е, таму имате сигурно. Во Сити Мол имаше нешто ама нема голем избор на броеви...