Абе не зезајте тоа импала какво гјубре е.Самата цена кажува.Кузнај од какви ѓубриња и тешки хемии е направена.Без разлика дали му одговара на некоја на лицето или не сепак, ако не сега подоцна може да има некаиви негативни ефекти(како на пример забрзано стареенје на кожата).
Користам loreal infallible vannila 120 исто како girl1985 многу сум задоволна, до сега подобра пудра немам користено. За сите типови на кожа е, а мислам дека посебно ке им одговара на тие со сува кожа. Мене лично од секогаш ми било проблем во зимскиот период кога кожата ми е посува, па кога ке ставам пудра како кожата да ми се перута, а со оваа немам таков проблем, како крема е, се изедначува со тенот перфектно, лицето го прави мазно како порцелан и што ми е најбитно има природен ефект, не се ни приметува дека имаш пудра ставено
Другарка ми ја има, пробав да видам дали ми одговара и многу сум задоволна Убава е пудрата,и лесна ми е,а покрива ќе си ја земам и јас.Знае некој колку чини, знам отприлика околу 300-400 ден
Убава е, не е лоша, и за преку ден и за навечер, убаво покрива. Инаку би ти препорачала да си ја купиш од Зегин - таму е најефтина. Во Јуник е 400 денари, а во Зегин ти е некои 40-50 денари поефтина. Така беше до скоро, сега незнам
Купив пудра од max factor. ме интересира дали мора пред да се нанесе од пудрата да се стави крем на лицето и дали мора да се користи и камена пудра. имам комбинирана коза нормалнао но во т- зоната ми е многу мрсна па дали ке има потреба од камена пудра..
deborah-color copy, има и за мрсна и за сува кожа, заедно со камената deborah-cipria ultrafine, најдобри се
камената пудра не дозволува да се мрси лицето, затоа немај гајле со т-зоната, и јас имам комбинирана кожа, и ако не ставам камена пудра за саат-два светам ко лампион на чело. можеш од камената да нанесуваш само на чело, нос и брада. пред ставање течна и камена пудра пожелно е да стави крем кој ги затвара порите за да не навлегува пудрата во нив и да не ствара митисери, ама тоа глеј да е некој крем за комбинирана кожа
некако не сум задоволна од мах факторот многу брзо ми се мрси лицето..или па можеби малку имам ставено..како треба подлабок слој да ставам или како да ја нанесувам правилно
фала многу, ама оваа сега баш ја купив и гелдам сум ја утнала и бројакта потемна ми е од тенот и ми дели од вратор ептен..што мислиш ако земам посветла камена пудра ке се изедначи некако, мислам дали ке ја осветлам темната течна пудр
Ех да си ми здрава и жива,и мене истот ми се случи а презадоволна бев од неа.Затоа и ја отворив темава да прочепкам дали има некој квалитетен предлог,оти од оваа леб нема
Sorry за офтопик ама може некој да ми каже кај може да најдам мејбилајн производи, а тоа да не е јуник? Низ центар некаде? неам идеа каде да барам , не ми текнува каде на друго место имам видено?!...тотален блок ми се случува
Денес го зедов Мисс спорти со клеар двојцето ..али сега баш го пробав мн ми е како портокалово а јас како што сум бела ...се разочарав од овие пегиве и белиот тен никако да си пронајдам пудро што ке ми одговара а да не е со изгор цена... помош ?
Зашто не Јуник? Ме интересира дека јас ја купувам истата фирма во Јуник Иначе Шатце 100% не држи Мејбилајн. Провери низ други парфимерии низ градов и Космо Тинекс мислам држат.
Тенк ју на одговорите, ми требаше за вчера одма баш ама јуник ми беше најдалечна опција и затоа реков "не" али најдов ...фала